Свет
Украинските бродови повторно се движат по теснината Керч
Украина соопшти дека товарниот сообраќај во Азовското Море повторно е воспоставен по неодамнешниот инцидент со Русија.
Министерот за инфраструктура на Украина, Волдимир Омелијан, денеска изјави дека бродовите минуваат низ теснината Керч, која ги поврзува Азовското и Црното Море.
Омелијан, кој минатата недела ја обвини Русија дека ги блокира украинските товарни бродови низ теснината Керч, денеска рече дека пристаништата Берѓанск и Мариопул делумно се блокирани благодарение на остриот меѓународен договор.
Русија нагласи дека никогаш не ги спречувала бродовите да минуваат низ теснината и дека секакво можно нарушување на сообраќајот е поради лошите временски услови.
Односите меѓу Украина и Русија се влошија по инцидентот на 25 ноември кога руската крајбрежна стража пукаше кон три брода на украинската воена морнарица, а потоа ги заплени бородовите и го уапси екипажот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Дали Хутите конечно престанаа да напаѓаат бродови?
Јеменските бунтовници Хути сигнализираа дека ги прекинале нападите врз Израел и бродовите во Црвеното Море, додека во Појасот Газа се почитува кревкото примирје, објави АП.
Најјасниот сигнал за прекин на нападите дојде во писмото до Бригадите Ал-Касам на Хамас, објавено доцна синоќа.
„Внимателно ги следиме случувањата и изјавуваме дека ако непријателот продолжи со својата агресија врз Газа, ќе се вратиме на нашите воени операции длабоко во ционистичкиот ентитет и повторно ќе ја воведеме забраната за израелски бродови во Црвеното и Арапското Море“, се вели во писмото.
Сепак, Хутите официјално не потврдија дека нивната кампања во регионот е прекината.
Од крајот на 2023 година, Хутите извршија повеќе од сто напади врз трговски и товарни бродови, тврдејќи дека дејствуваат во поддршка на Палестинците во Газа. Бродови поврзани со западните земји и Израел исто така беа цел на напади, што ги прекина глобалните транспортни правци и ги зголеми трошоците за транспорт на стоки.
Соединетите Американски Држави и нивните сојузници постојано извршуваа воздушни напади врз позициите на Хутите во Јемен, а Вашингтон ја преименуваше групата во странска терористичка организација на почетокот на 2025 година.
фото: принтскрин
Европа
ФТ: ЕУ формира нова разузнавачка единица под водство на Фон дер Лајен
Европската комисија започна со создавање ново разузнавачко тело под претседателката Урсула фон дер Лајен, во обид подобро да ги искористи информациите собрани од националните разузнавачки агенции, објави денес „Фајненшл тајмс“.
Единицата што ќе се формира во рамките на секретаријатот на Комисијата планира да регрутира службеници од целата разузнавачка заедница на ЕУ и да собира разузнавачки информации за заеднички цели, објави весникот, повикувајќи се на четири лица запознаени со плановите.
Ројтерс не можеше веднаш да го потврди извештајот.
фото: принтскрин
Регион
Студентите во Србија пред Генералштабот: „Ќе го браниме со нашите тела“
Студенти од неколку белградски факултети и иницијативата Ансамбл на Генералштабот ќе се соберат денес во 11 часот пред зградата на Генералштабот под слоганот „Ние сме жив ѕид“. Како што најавија, ќе упатат усно предупредување до властите на Александар Вучиќ поради нивната намера да го урнат комплексот, кој беше оштетен во бомбардирањето на НАТО, објавува Nova.rs.
Организаторите нагласуваат дека денешниот собир ќе биде само најава за идните протести.
„Маршот од центарот на Земун започнува во девет часот наутро, а од Студентскиот плоштад во 10 часот, па сите се собираме во 11 часот пред Генералштабот. Подготвивме две претстави, по што во 11:52 часот ќе има 16-минутен молк“, објави Валентина Морачевиќ, студентка на Факултетот за применети уметности.
По оддавањето почит на жртвите, студентите ќе упатат јасно предупредување до Владата. „Кога ќе заврши оддавањето почит на жртвите во Нови Сад, ќе имаме усно предупредување за властите. Доколку не престанат со уривањето на Генералштабот, односно ако не ја заштитат зградата, ние ќе ја браниме со нашите тела“, нагласува Валентина.
Фото: ЕПА

