Свет
Украинските власти: Не го знаеме нивото на радијација во Чернобил
Украинските власти велат дека не го знаат нивото на радијација во нуклеарната централа во Чернобил и дека немаат контрола над Запорожје, бидејќи тие биле окупирани од руски војници.
Министерот за енергетика изјави дека Украина не слушнала што се случувало таму кога била окупирана нуклеарната енергија и дека немаат контрола врз она што се случува во окупираната нуклеарна централа, пренесува „Ројтерс“. Изгубен е далечинскиот пренос од безбедносниот систем за следење инсталиран во Чернобил.
Украина вчера ја информираше Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) за итната потреба да се сменат 210 лица во Чернобил кои се грижат за безбедноста и нивото на радијација таму речиси две недели.
Чернобил постојано го мери нивото на радијација, поради што животот таму нема да биде возможен илјадници години.
#Ukraine has told IAEA it's becoming increasingly urgent and important — for the safe management of the #Chornobyl nuclear power plant — to rotate the ≈210 personnel and guards that have been working at the site for almost two weeks. https://t.co/oRLAjY5RXd pic.twitter.com/8neWHC8Lqz
— IAEA – International Atomic Energy Agency (@iaeaorg) March 8, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Беспилотно летало со непознато потекло падна врз воена база во Полска
Беспилотно летало со непознато потекло се урна врз воена база во Пжасниш во северно-централна Полска на 28 јануари, објави денес полското радио Зет, повикувајќи се на извори, пишува „Ројтерс“.
Радио Зет, исто така, наведува дека полската воена полиција потврдила дека е започната истрага за инцидентот.
„Ројтерс“ не можеше веднаш да добие коментар од Воената полиција.
Регион
Со фантомка и оружје македонски државјанин ограбил пет кладилници и пошта во Србија, полицијата го уапси
Полицијата во Краљево уапсила 44-годишен маж од Македонија, под сомнение дека ограбил пет кладилници и пошта соопшти денеска локалната полициска управа, пренесе „Н1“.
Во соопштението се наведува дека В.Г. е осомничен дека на територијата на Краљево влегувал во објекти на кладилници и пошти со фантомка на главата и, со закана со пиштол, одзел повеќе од 700.000 динари.
Во станот на осомничениот, полицијата пронашла дел од парите, фантомка и реплика на пиштол која, како што се сомнева, ја користел при извршувањето на кривичните дела.
Тој се товари за пет кривични дела разбојништво, одредено му е задржување до 48 часа и ќе биде приведен во Обвинителството, соопшти Полициската управа во Краљево.
Свет
САД сепак се вклучуваат во преговорите меѓу Украина и Русија во Абу Даби
Специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, по посетата на Израел треба да учествува на следниот круг преговори меѓу Украина и Русија, кои ќе се одржат на 4 и 5 февруари во Абу Даби. Ова го објави Барак Равид, дописник за глобални прашања на порталот „Аксиос“, пренесе „Европејска правда“.
Според наводите на новинарот, Виткоф на 3 февруари ќе допатува во Израел, а потоа ќе замине во Обединетите Арапски Емирати за да присуствува на преговорите.
Американскиот државен секретар Марко Рубио претходно изјави дека Виткоф и зетот на Трамп, Џаред Кушнер, нема да учествуваат на следниот круг преговори со Русија и Украина, додавајќи дека американското присуство е „можно“.
Трамп на 30 јануари повторно изјави дека гледа можност за успешни преговори за завршување на руско-украинската војна. Еден ден подоцна, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека не знае дали мировните преговори се во завршна фаза или сè уште е потребен ангажман на повеќе земји.
Првиот круг тристранни преговори меѓу Украина, Соединетите Американски Држави и Русија се одржа во Абу Даби на 23 и 24 јануари, кога се разговараше за параметрите за завршување на војната.

