Свет
УНХЦР: Повеќе од 1 600 мигранти настрадале на патот кон Европа
Повеќе од 1 600 мигранти се удавиле или исчезнале од почетокот на годинава при обидите да дојдат до Европа. Најголем број настрадале во Средоземното Море, се наведува во извештајот на Агенцијата на ОН за бегалци – УНХЦР.
Во извештајот насловен ,,Патиштата на очајните” се укажува дека се намалува вкупниот број луѓе кои стигнуваат во Европа преку Средоземното Море, но дека е зголемен бројот на давеници.
На секои 18 лица кои стигнале во Европа преку централното Средоземје, во првите седум месеци од годинава има по едно исчезнато лице, што е многу повеќе во споредба со лани, кога имало еден давеник на секои 42 мигранти кои пристигнале во Европа по истата рута.
,,Извештајот потврдува дека Средоземјето е една од најопасните рути во светот”, вели Паскал Моро, директорка на Бирото за Европа на УНХЦР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Поранешната американска потпретседателка се огласи од Калифорнија: „Камала Д. Харис секогаш се бори за народот“
Поранешната американска потпретседателка Камала Харис, по враќањето во Калифорнија, рече дека најважно за неа е да им даде до знаење на луѓето погодени од пожарите во таа американска држава дека не се сами.
По посетата на противпожарната станица во Алтадена, Калифорнија, таа и нејзиниот сопруг Даг Емхоф поделиле бесплатни оброци во Народната кујна, пренесува американски „Politico“.
„Ние сме некои од среќниците, нашиот дом е сè уште таму. Сакавме да излеземе и да ја погледнеме оваа извонредна заедница и само да им дадеме до знаење на луѓето дека ги гледаме и дека се згрижени“, рече Харис, чиј дом е во задолжителната зона за евакуација на пожари во Палисадес.
Харис не зборуваше за политика, туку повеќе ја истакна важноста на волонтерите.
„Моментите на криза навистина ги изнесуваат хероите меѓу нас“, рече таа, пофалувајќи ги пожарникарите и волонтерите кои ги загубија своите домови, но сè уште работат на помош на својата заедница.
Таа не зборуваше ниту за нејзините идни планови, ниту пак одговори на новинарско прашање дали ќе се кандидира за гувернер на Калифорнија.
Веднаш по инаугурацијата, Харис ја ажурираше својата официјална веб-страница објавувајќи нова фотографија и натпис „Канцеларија на Камала Д. Харис“.
Веб-страницата вклучува и линк до нејзината нова е-пошта, која гласи „контактирајте со поранешниот потпретседател“ и „Камала Д. Харис секогаш се бори за народот“.
Свет
Вицепремиерката на Шпанија најави дека ќе престане да ја користи социјалната мрежа Х
Потпретседателката на шпанската влада Јоланда Дијаз денеска изјави дека ќе престане да ја користи социјалната мрежа Х, во сопственост на милијардерот Илон Маск, поради неговото однесување во понеделникот за време на настаните поврзани со инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп.
„Нема да бидам дел од социјална мрежа заснована на употреба на алгоритми кои поттикнуваат ксенофобични идеи, се спротивставуваат на човековите права и ја охрабруваат екстремната десница во светот“, изјави Јоланда Дијаз.
Таа рече дека ја донела одлуката не само поради гестовите на Маск, туку и поради тоа што тој го кажал, пренесува Ројтерс.
Маск ја крена раката на начин што привлече споредби со нацистичкиот поздрав на настан поврзан со инаугурацијата на Трамп.
Неодамна, германските министерства за надворешни работи и за одбрана објавија дека ќе престанат да ја користат мрежата Х, што веќе го направија неколку универзитети во Велика Британија и Германија.
Свет
(Видео) Експлозија во европско пристаниште – има загинати
Едно лице загина, а друго е повредено во експлозија на пристаништето во Барселона утринава, соопштија службите за итни случаи во шпанската област Каталонија.
Una explosión en el Muelle de Energía del Puerto de Barcelona ha dejado al menos un muerto y un herido#explosion #Barcelona #iranpress pic.twitter.com/pOZvl6xGYz
— SpanishIranpress (@Spainiranpress) January 21, 2025
Се известува дека пожарот предизвикан од експлозијата е изгаснат.
Службите за итни случаи објавија на платформата X дека експлозијата се случила за време на одржување на пристаништето каде што се натоварени хемикалии, природен гас и рафинирани нафтени деривати.
Градското собрание на Барселона соопшти дека прогласило вонредна состојба поради ризикот од хемиско загадување по пожарот предизвикан од експлозија на транспортен резервоар, пренесе Ројтерс.