Свет
Уште една актерка го обвини Бранислав Лечиќ дека ја силувал
Една од најголемите млади актерски sвезди на поранешна Југославија, денес психолог, Мерима Исаковиќ, во текст за магазинот „Неделник“ го обвини актерот Бранислав Лечиќ дека ја силувал пред 43 години.
Мерима Исаковиќ беше една од најголемите млади актерски sвезди на Југославија. Ја играше насловната улога во филмот „Јован Лукин“, а на 21 година доживеа тешка сообраќајна несреќа.
По завршувањето на докторските студии по психологија и магистерските студии по клиничка психологија, таа сега живее и работи во Австралија.

Таа вели дека актерот Бранислав Лечиќ ја силувал кога имала 18 години.
Ова се кратки извадоци од нејзиното сведоштво за тоа што го доживеала како студентка по глума:
„Имав 18 години. Есен 1978. Ме втурна во стан. Ми го соблече фустанот. Не обидувај се да врескаш. Никој нема да те слушне. Ме турна на подот. Чувствувам како ме крши. Боли секоја коска. Само не вака. Те молам Господе. Ако успее, вечерва ќе умрам. Ужива во мојот страв“.
„Јас ти простувам“, му реков тогаш, пред четириесет години. „Простувам, но не заборавам. Никогаш нема да ја разбереш болката што ми ја нанесе. Повеќекратна болка. Ако некогаш слушнам дека сте му нанеле слична болка на некого, ќе им кажам на сите што се случило“.
Јас го одржав зборот.
Се чини дека Бранислав Лечиќ не.
Чувствувам морална обврска да го споделам моето искуство во надеж дека моето признание ќе биде поддршка на Даниела Штајнфелд и другите жртви на сексуална злоупотреба…“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бил Клинтон сведочеше за Епстин: Ништо не видов и не направив ништо погрешно
Поранешниот американски претседател Бил Клинтон сведочеше пред Одборот за надзор на Претставничкиот дом во рамки на истрагата за починатиот финансиер и осуден сексуален престапник Џефри Епстин.
Во воведното обраќање, Клинтон изјави дека ништо не видел и дека не направил ништо погрешно, нагласувајќи дека неговото познанство со Епштајн било кратко и завршило години пред злосторствата да станат јавни.
„Знам што видов и, уште поважно, што не видов. Знам што направив и, уште поважно, што не направив. Не видов ништо и не направив ништо погрешно“, рече Клинтон. Тој најави дека на дел од прашањата веројатно ќе одговори со „не се сеќавам“, бидејќи од неговите контакти со Епстин поминале повеќе од 20 години.
Сведочењето се одржува зад затворени врати во Њујорк, но се снима и најавено е објавување на снимката. Претходно сведочеше и неговата сопруга Хилари Клинтон, при што расправата меѓу демократите и републиканците доби и политичка димензија.
Демократите побараа и актуелниот претседател Доналд Трамп да сведочи, тврдејќи дека неговото име често се појавува во документите поврзани со случајот. Трамп негира каква било поврзаност со злосторствата на Епштајн.
Фото: Depositphotos
Свет
(Видео) Трамп: Можеби пријателски ќе ја преземеме Куба
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е можно „ријателско преземање на Куба, пренесе Ројтерс. Тој рече дека американскиот државен секретар Марко Рубио веќе се занимава со тоа прашање на многу високо ниво.
„Кубанската влада разговара со нас и се во големи проблеми. Немаат пари, немаат ништо сега, но разговараат со нас и можеби ќе имаме пријателско преземање на Куба“, изјави Трамп.
Trump: “We could very well end up having a friendly takeover of Cuba.” pic.twitter.com/QTeif4zCiE
— Conflict Alarm (@ConflictAlarm) February 27, 2026
Кубанската економија е во длабока криза, која дополнително се влоши по прекинот на испораките на нафта од Венецуела. Американското ембарго кон Куба беше дополнително заострено, а Трамп се закани со царини за секоја земја што ќе испраќа нафта на островот.
Фото: Depositphotos
Свет
(Видео) Трамвај излета од шините во Милано: загина пешак, речиси 40 повредени
Во тешка трамвајска несреќа во Милано загина едно лице, а 39 се повредени, од кои некои потешко, јави Би-Би-Си.
Несреќата се случила околу 16 часот на улицата „Виторио Венето“, во северниот дел на градот, кога трамвај излетал од шините и удрил во зграда. Според првичните информации, жртвата е пешак, додека најголем дел од повредените се патници во возилото.
На местото на настанот интервенирале повеќе екипи на итната помош и цивилната заштита, а поставен е и шатор за згрижување на повредените. Има информации дека дел од луѓето биле заробени во оштетениот трамвај.
Сведоци изјавиле дека непосредно пред несреќата се слушнала силна бучава, по што трамвајот забрзал и удрил во објект. Еден од патниците изјавил дека помислил оти станува збор за земјотрес.
Причините за несреќата засега не се познати, а според медиумите, можно е возилото пребрзо да влегло во остра кривина. На местото на настанот пристигнал и градоначалникот на Милано.

