Контакт

Свет

Ујгурите во Сјинџијанг не биле уапсени, посетувале „камп за едукација“

Објавено пред

Висок претставник од регионот Сјинџијанг во Кина објави детални информации за наводното користење на т.н. „затворенички кампови“ каде што биле затворени Ујгури муслимани.

dobivaj vesti na viber

Шохрат Закир во интервју изјави дека овие „центри за обука“ се покажале како ефективни во борбата против тероризмот.

Спорд него, оние кои ја посетувале „обуката“ биле благодарни што добиле можност да направат промена и својот живот да го направат „живописен“.

Масовното апсење на Ујгурите во Кина, поконкретно во Сјинџијанг, привлече внимание во глобални рамки.

Според неколку организации за човекови права, исламските припадници биле приведувани без обвинение, односно поради тоа што одбивале да дадат ДНК-примерок, зборувале јазик на малцинство или предизвикувале кавги со полицијата.

Властите ги негираат овие тврдења дека околу еден милион муслимани Ујгури и други малцинства биле приведени, а додаваат дека потреба е акција за спречување на тероризмот.

Закир не дава точна бројка на лица кои минале низ „обуката“, но вели дека оние кои ја завршиле истата покажале значително подобрување во свесноста, како и дека Сјинџијанг сега веќе не само што е убаво, туку е и безбедно и стабилно место.

„Многу од учесниците во обуките изјавија дека претходно размислувале во правец на екстремизам. Тие никогаш не учествувале во спортски или уметнички активности, но откако ја комплетираа ова обука сфатија дека животот може да биде шарен“, додава Закир.

Свет

Новинарите го прашаа Трамп дали неговите мировни напори ќе го однесат во рајот: „Не сум сигурен“

Објавено пред

Пред слетувањето во Израел, американскиот претседател Доналд Трамп им рече на новинарите во „Ер Форс Уан“ дека „сите сакаат да бидат дел од мирот“.

dobivaj vesti na viber

„Ќе ги направиме сите среќни“, рече тој. „Без разлика дали се Евреи, муслимани, арапски земји – секоја земја танцува на улиците. Ова е момент што не мислам дека некогаш повторно ќе го видиме“.

Трамп додаде дека верува оти прекинот на огнот ќе трае, наведувајќи „многу причини“ за тоа. „Тоа трае со векови, не само во последниве години, туку со векови. Мислам дека луѓето се уморни од тоа. Прекинот на огнот ќе се одржи“, рече тој.

„Сите ќе се однесуваат добро“, додаде тој. „Го направив животот подобар за многу луѓе“, кажа Трамп.

Додека траеше ослободувањето на заложниците, Трамп беше прашан во авионот дали мисли дека неговите мировни напори ќе го однесат во рајот. „Не мислам дека има нешто што ќе ме однесе во рајот“, се пошегува тој.

„Можеби не сум создаден за рајот. Можеби веќе сум во рајот сега, бидејќи летаме со Air Force One. Не сум сигурен дали ќе стигнам до рајот, но го направив животот многу подобар за многу луѓе.“

„Сега изгледа како градилиште, но ќе биде прекрасно со текот на годините.“, рече Трамп за иднината на Газа.

На прашањето на новинарите за неговата претходна идеја да ја претвори Газа во „ривиера“, Трамп рече дека тоа нема да биде можно некое време, истакнувајќи дека градот е целосно уништен.

„Срушен е, изгледа како градилиште по рушење. Мора да се ослободите од она што е таму сега“, рече тој, осврнувајќи се на уништените и срамнети со земја згради во Газа.

На прашањето како ја гледа Газа за една година, Трамп одговори: „Една година е кратко време, но со текот на времето ќе изгледа многу добро.“ Тој исто така рече дека би сакал да ја посети Газа.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Израелските заложници контактираа со своите семејства преку видео врска пред да бидат ослободени

Објавено пред

Некои заложници што ги држеше Хамас можеа да разговараат со своите семејства преку видео повик кратко пред нивното ослободување, објавија денес израелските медиуми, а снимки од разговорите циркулираат и на социјалните медиуми.

dobivaj vesti na viber

За многу од заложниците, тоа беше нивниот прв контакт со нивните семејства по повеќе од две години заробеништо, за време на кои беа целосно отсечени од надворешниот свет.

Видеата се сметаат за пропаганда на Хамас, дозволувајќи ѝ на исламистичката група да се прикаже како хумана, напишаа корисниците на социјалните мрежи. На некои од видеата, во позадина може да се видат членови на Хамас.

Прикажи повеќе...

Свет

Втората група заложници на пат кон Израел

Објавено пред

Според израелските медиуми, втората група од 13 заложници е предадена на Црвениот крст во јужниот дел на Појасот Газа и моментално е на пат кон Израел.

dobivaj vesti na viber

Претходно беше ослободена првата група од 7 заложници.

Се очекува телата на 26-те мртви заложници и уште двајца чија судбина е непозната да бидат предадени денес.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

„Влен“: Вресоците на Ахмети, Таравари и Села се последните извици на една коалиција во распад

„Селотејп коалицијата, составена од ситни лични интереси, по локалните избори го завршува своето политичко поглавје, засекогаш. Вресоците на Ахмети, Таравари...

Македонија2 часа

Царински инспектори пронајдоа дрога во стан на студентка, државјанка на Турција

Психотропна дрога метилендиоксиметамфетамин, мефедрон и марихуана е пронајдена при претрес на дом во Гостивар во кој престојувала студентка, државјанка на...

Европа3 часа

(Видео) Големо невреме во Шпанија: црвен аларм, поплавите носат сè пред себе

Големи поплави предизвикани од обилни дождови го погодија североисточниот шпански регион Каталонија, заробувајќи десетици луѓе во нивните возила, соопштија локалните...

Свет3 часа

Хамас ги ослободи првите заложници

Првите седум заложници се предадени на Црвениот крст во Појасот Газа. Меѓу ослободените се Гали Берман, Зив Берман, Матан Ангрест,...

Свет4 часа

(Видео) Хамас ги објави имињата на заложниците што треба да бидат ослободени

По прекинот на огнот во Газа, се очекува Хамас денес да ги ослободи израелските заложници што ги држи повеќе од...

Свет4 часа

(Видео) Трамп на летот за Израел: Војната е завршена

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа прогласи дека конфликтот во Појасот Газа е „завршен“ додека леташе за Израел и Египет за...

Европа4 часа

(Видео) Украинците нападнаа големо складиште за нафта во Крим, се шират снимки

Украински напад со беспилотни летала предизвика пожар во голем складишен објект за нафта на Крим, украинскиот полуостров што Русија нелегално...

Свет4 часа

Јужна Кореја: Русија веројатно ѝ помогнала на Северна Кореја да развие подморници

Северна Кореја веројатно добила техничка помош од Русија за развој на своите подморници, изјави денес пред парламентот јужнокорејскиот министер за...

Македонија5 часа

Мицкоски: Венко дури ни неговите пратеници од СДС не го поддржуваат и го оставаат сам да потоне

На вчерашниот народен митинг во Штип во рамките на изборната кампања за локалните избори со слоган „Вистинскиот избор! Tвојот човек!...

Соопштенија5 часа

(Видео) Филипче од Струмица: Македонија не може да ја води Мицкоски, човек без компас и без човечност!

„Година и пол премиерот Мицкоски ја води владата и државата без компас и без човечност, Македонија не може да ја...

Топ17 часа

Во тешка сообраќајка попладнево загина маж, а тешко повредено е 18-годишно момче

Во директен судир на две патнички возила попладнево околу 14 часот на експресниот пат Штип – Велес загинал  маж, а...

Свет19 часа

Зеленски бара акција откако Москва изврши над 4.000 напади за една недела врз Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ја повика меѓународната заедница да преземе акција, по една недела во која биле извршени повеќе...

Свет20 часа

Папата Лав дели дека договорот за примирје во Газа даде искра на надеж во Светата земја

Папата Лав Четиринаесетти изјави дека договорот за примирје во Појасот Газа „даде искра на надеж во Светата земја“. Тој ова...

Македонија23 часа

Фатени шверцери на луксузни автомобили, ОЈО Скопје бара притвор

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против три лица за кривични дела – Криумчарење и Фалсификување исправи. Како што се...

Свет1 ден

Над 500.000 лица се вратиле во градот Газа откако стапи во сила прекинот на огнот

Агенцијата за цивилна заштита на Газа, која е под контрола на Хамас, соопшти дека повеќе од 500.000 лица се вратиле...

Македонија2 дена

Од утре секој ден по 15 часот ќе има блокади за загинатите во дискотеката „Пулс“

Од утре, ќе има мирни јавни собири и блокади на кружниот тек кај двојниот мостот на улицата „Стево Теодосиевски“ во...

Топ2 дена

18 килограми злато украле разбојниците снимени додека ја ограбуваат златарницата во Гостивар

Министерството за внатрешни работи денеска информираше дека од златарницата во Гостивар се украдени околу 18 килограми злато во вредност од...

Свет2 дена

Крипто пазарот доживеа историски пад, 1,4 милиони инвеститори во паника

Крипто пазарот доживеа историски пад во петокот, откако американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе воведе 100-процентни царини на кинескиот...

Македонија2 дена

Сиљановска Давкова по повод 11 Октомври: Да ја сочуваме визијата и храброста на оние што тргнаа во востанички марш

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска Давкова, упати честитка до граѓаните по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи...

Македонија2 дена

Од утре гужви на границите со новиот систем за влези и излез, ги објавуваме сите детали за што сè треба да се подготват патниците

По неколку одлагања, од утре на премините на надворешни граници на Шенген зоната започнува постепената примена на новиот европски дигитален...