Свет
Фатен француски џихадист поврзан со напаѓачите на „Шарли ебдо“
Францускиот џихадист Петер Шериф, кој ги познаваше браќата Куачи, кои го нападнаа „Шарли ебдо“ во јануари 2015 година, беше уапсен на 16 декември во Џибути, според неделникот „Маријан“.
Петер Шериф, познат и како Абу Хамза, моментно е во притвор и очекува екстрадиција во Франција.
Името на Петер Шериф, поранешен член на џихадистичката мрежа во Париз, се појави во истрагата за нападот врз „Шарли ебдо“ поради редовните контакти со браќата Саид и Шериф Куачи. Двајцата браќа, радикални исламисти, убија 12 лица во напад врз француско сатирично списание на 7 јануари 2015 година во Париз, а неколку дена подоцна тие беа застрелани во полициската акција.
Шериф бил уапсен уште 2004 во Фалуџа, Ирак, каде што се борел во редовите на терористичката Ал каеда и осуден е на 15 години затвор. Но, во 2007 побегнал од затворот и се приклучил кон терористичката војска во Сирија.
Потоа бил екстрадиран во Франција, но по 18 месеци затвор, побегнал и заминал да се бори во Јемен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нетанјаху: Ќе ги донесеме сите заложници дома
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го коментираше враќањето на првите жени заложнички во Израел.
Тој го поздрави ослободувањето на Роми Гонен, Дорон Штајнбречер и Емили Дамари.
„Овој момент е постигнат благодарение на пожртвуваноста и борбата на нашите херојски борци – хероите на Израел“, пишува Нетанјаху на „Икс“.
„Ветувам: сите ќе ги донесеме дома!“, додаде.
Свет
Tрите девојки кои Хамас ги држеше повеќе од година во заложништво се соединија со своите мајки
На профилот на Израел на „Икс“ објавени се емотивни фотогрфии од средбата на ослободените заложнички со нивните мајки.
Тие денеска се вратија дома, како дел од договорот за прекин на огнот, кој вклучува етапно ослободување на заложниците кои Хамас ги грабна на 7 октомври 2023 година, кога го напдна Израел, по што почна војната во Газа.
There’s nothing stronger than a mother’s embrace ❤️
Welcome home Emily, Doron and Romi 🇮🇱🎗️ pic.twitter.com/FLCc4qgLbz
— Israel ישראל (@Israel) January 19, 2025
Свет
Видео од моментот на преземање на заложничките од страна на израелската војска
Објавена е снимка на која израелската армија ги презема трите заложнички кои денес ги ослободи Хамас, како дел од договорот за прекин на огнот.
Девојките се пренесени во Израел.
🔴Μια στιγμή που δεν θα ξεχάσουμε ποτέ: Η Emily, η Romi και η Doron μεταφέρονται από τον Ερυθρό Σταυρό στους IDF 🇮🇱🎗️❤️ pic.twitter.com/ndH9UJISJC
— Israel in Greece 🇮🇱🇬🇷 (@IsraelinGreece) January 19, 2025
Објавена е и фотографија од заложничката Емили Дамари. Емили има преврзана рака, но изгледа добро расположена.