Свет
Фаучи: Набргу без маски во затворен простор, мора да почнеме да живееме послободно
Луѓето би можеле да продолжат да носат маски уште неколку години за да спречат ширење респираторни инфекции, изјави Ентони Фаучи, главниот медицински советник во Белата куќа.
Тој додаде дека луѓето главно се навикнаа да носат маски за време на пандемијата на коронавирусот, па многумина веројатно ќе продолжат да ги носат и за време на сезонски вируси како што е грипот.
Масовното носење маски во САД доведе до голем пад на смртноста од сезонски грип.
„Оваа година практично имаме непостојна сезона на грип“, изјави Фаучи за Ен-би-си.
Тој исто така рече дека како што вакцинираат федералните власти, што е можно повеќе Американци набргу ќе ги релаксираат мерките поврзани со носење маски во затворено.
„Ние мора да почнеме да живееме послободно бидејќи имаме сѐ повеќе вакцинирани“, нагласи тој.
Во САД досега повеќе од половина од возрасните се вакцинирани со најмалку една доза вакцина, од кои 43 проценти ја примиле и втората.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Сијарто: Следното гласање за санкциите против Русија ќе зависи од исполнувањето на ветувањата на Европската комисија
Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто денеска изјави дека следното гласање на Унгарија за продолжување на санкциите кон Русија ќе зависи од тоа дали Европската комисија ќе ги исполни своите ветувања.
Во Мадрид, Сијарто истакна дека санкциите што ЕУ ги воведе кон Русија во последните години ја „уништија конкурентноста на Европа“ и моделот на економски раст заснован на соработката со Русија, кој не е заменет со ништо, пренесе МТИ.
Тој исто така посочи дека санкциите предизвикале огромни загуби за европската економија, вклучително и Унгарија, која не беше вклучена во војната во Украина.
Регион
(Видео) Два трамваи се судрија во Белград, неколку повредени
Вечерва се случи сообраќајна несреќа во Белград.
Околу 18 часот и 30 минути на аголот од булеварот „Крал Александар“ се судриле два трамваи.
Sudar dva tramvaja u Bulevaru izmedju Cvetka i Batutove, sad. pic.twitter.com/nFDoZI0N4P
— Biljana Lukić (@BiljanaLuki) January 31, 2025
На местото на настанот пристигнала брза помош, а како што е соопштено на Инстаграм страната „Ѕвездара вести“ има неколку повредени.
Сообраќајот беше во прекин во правец на центарот на Белград.
View this post on Instagram
Засега не се познати повеќе детали.
Свет
Германија го отфрли законот за построги мерки против мигрантите
По жестока дебата, Бундестагот денеска го отфрли предлог-законот на Христијанско-демократската унија ЦДУ/ЦСУ за намалување на приливот на мигранти.
„Законот не помина и тоа го прифаќам со жалење. Пропадна поради отпорот на социјалдемократите и зелените“, изјави претседателот на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) и кандидатот за канцелар на ЦДУ/ЦСУ, Фридрих Мерц по гласање во Бундестагот.
Тој додаде дека се обидел да ги убеди претставниците на актуелната социјалдемократска-зелена малцинска влада да го поддржат неговиот предлог-закон со кој ќе се ограничи приливот на мигранти во Германија, но тие одбиле.
„Миграционата политика на социјалдемократите и зелените дефинитивно пропадна“, коментира Мерц.
Одлуката на Фридрих Мерц да го протурка гласањето за законот предизвика бура од контроверзии во германската политика, бидејќи се чинеше веројатно дека Мерц ќе мора да се потпре на поддршката на екстремно десничарската Алтернатива за Германија (AfD) за усвојување на законот.
Претставниците на Социјалдемократската партија на Германија (СПД) и Партијата на зелените претходно се обидоа да го одложат денешното гласање со цел да се создаде можност за компромис што ќе овозможи усвојување на законот без гласовите на десничарската популистичка АфД.