Свет
„Фајзер“ и „Модерна“ ќе заработат десетици милијарди од вакцините за ковид

Водечките фармацевтски компании „Фајзер“ и „Модерна“ се очекува да заработат 32,2 милијарди долари од вакцините за новиот коронавирус во текот на следната година.
Според извештајот на Мултинационалната компанија за финансиски услуги „Морган Стенли“, американската компанија „Фајзер“ оваа година треба да инкасира 975 милиони долари, а дополнително во следните две години уште 9,3 милијарди долари од продажбата на вакцината. Тие средства ќе бидат споделени со неговиот германски партнер Бионтек.
Компанијата „Модерна“, која истотака разви и произведе своја вакцина против вирусот ќе да заработи 13,2 милијарди долари од продажбата на таа вакцина следната година. Во следните две години „Модерна“ треба да инкасира дополнителни десет до 15 милијарди долари од продажба на вакцини.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Министер за финансии на САД: Приходите од царините на Трамп достигнуваат до 500 милијарди долари годишно

Министерот за финансии на Соединетите Американски Држави, Скот Бесент, изјави дека приходите од царините, кои постепено ги воведува претседателот на таа земја, Доналд Трамп, би можеле да достигнат 500 милијарди долари годишно.
Вчера, на состанок на кабинетот во Белата куќа, Бесент рече дека неговата претходна проценка за годишни приходи од 300 милијарди долари е прениска, објави Ројтерс.
„Имавме значителен скок од јули до август, а мислам дека ќе видиме уште поголем скок од август до септември. Оваа администрација забележа значително намалување на буџетскиот дефицит“, рече тој.
Приходите од царините би го компензирале зголемувањето на буџетскиот дефицит предизвикано од намалувањето на даноците и законот за трошоци, кој републиканците го усвоија оваа година.
Бесент во понеделникот изјави дека американската влада собрала 29,6 милијарди долари од царинење во текот на август.
Тој додаде дека Канцеларијата за буџет на Конгресот (CBO) ја ревидирала проценката на федералните приходи од царините на Трамп и предвидела дека тие би можеле значително да го намалат буџетскиот дефицит.
Свет
Климатска криза во Јапонија: Токио со рекордни температури

Токио забележа рекордни 10 последователни дена со температури од најмалку 35 степени Целзиусови. Цела Јапонија ги доживеа своите најжешки јуни и јули досега. Топлинските бранови стануваат сè поинтензивни и почести низ целиот свет поради климатските промени предизвикани од човекот, велат научниците, а Јапонија не е исклучок.
„Ова е прв пат откако започнаа набљудувањата во 1875 година да се забележи таква серија високи температури“, соопшти Јапонската метеоролошка агенција. Од друга страна, град на островот Хокаидо беше преплавен со рекордни врнежи од дожд во вторник, објави The Japan Times.
Јапонија ги имаше најжешките јуни и јули откако започнаа да се водат евиденции, а во август земјата ја забележа највисоката температура досега. Живата достигна 41,8°C во градот Исесаки, префектурата Гунма.
Јапонските власти ги повикуваат граѓаните да останат во затворен простор во климатизирани простории во текот на летото за да избегнат топлотен удар. Постарите лица во Јапонија, која има второ најстаро население во светот по Монако, се особено ранливи. Повеќе од 8.400 луѓе беа хоспитализирани во Јапонија минатата недела, а 12 починаа.
Минатогодишното јапонско лето беше најжешкото досега, изедначувајќи се со 2023 година, а по него следеше најтоплата есен откако започнаа евиденциите пред 126 години. Експертите предупредуваат дека омилените цветови на цреши во Јапонија цветаат сè порано поради потоплата клима, или понекогаш воопшто не цветаат бидејќи есените и зимите не се доволно ладни за да го поттикнат цветањето.
Познатата снежна капа на планината Фуџи беше отсутна најдолго време досега минатата година, појавувајќи се само на почетокот на ноември, во споредба со просекот од почетокот на октомври. Од сите континенти, Европа доживеа најбрзо затоплување по деценија од 1990 година, веднаш по неа следи Азија.
Фото: прнтскрин
Свет
Човекот на Трамп за Блискиот Исток: Очекуваме војната во Газа да заврши до крајот на годината

Американскиот претседател Доналд Трамп денес ќе претседава со состанок за Газа во Белата куќа, објави специјалниот претставник на САД за Блискиот Исток, Стив Виткоф, додавајќи дека Вашингтон очекува војната на Израел на палестинските територии да биде решена до крајот на годината.
Американскиот Стејт департмент одделно објави дека државниот секретар Марко Рубио денес ќе се сретне со израелскиот министер за надворешни работи, Гидеон Саар, во Вашингтон.
Трамп вети брз крај на војната во Газа за време на изборната кампања во САД во 2024 година, но речиси седум месеци по почетокот на неговиот мандат, таа наведена цел останува недостижна.
Мандатот на Трамп започна со двомесечно примирје кое заврши кога израелските сили убија околу 400 Палестинци во нападите на 18 март.
Во последните недели, сликите од гладни Палестинци во Газа, вклучувајќи и деца, го шокираа светот и предизвикаа критики кон Израел за влошување на веќе ужасните услови во кои живеат цивилите.
Меѓународната осуда уследи и по најновиот напад врз болницата Насер во јужниот дел на Појасот Газа во понеделник, во кој израелските сили убија најмалку 20 лица, вклучувајќи пет новинари, медицински персонал и тешко болни пациенти.
„Нивото на насилство врз Палестинците е неверојатно, а она што се случи во болницата беше масакр во живо“, изјави Франческа Албанезе, специјална известувачка на ОН за палестинските територии, по нападот врз болницата.
фото: принтскрин