Свет
„Фајзер“ не доби одобрение за вакцината во Индија

Американскиот „Фајзер“ го повлече барањето за одобрување итна употреба на својата вакцина во Индија, потврдија од компанијата за „Ројтерс“.
„Фајзер“, првата компанија што во Индија поднесе барање за итно одобрување на употребата на вакцината што ја развива со германскиот „Бионтек“, соопшти дека во средата имале состанок со државниот регулатор на лекови и дека потоа е донесена одлуката.
„Врз основа на разговорот на состанокот и нашето разбирање дека на регулаторот му се потребни дополнителни информации, компанијата одлучи да ја повлече својата апликација во овој момент. ‘Фајзер’ ќе продолжи да контактира со властите и повторно ќе достави барање за одобрување со дополнителни информации веднаш штом ќе станат достапни, што се очекува набргу“, се наведува во изјавата за „Ројтерс“.
„Фајзер“ побара одобрување за својата вакцина во Индија кон крајот на минатата година, но владата одобри две многу поевтини во јануари, едната развиена од „Астра зенека“ и Универзитетот „Оксфорд“ и другата развиена дома од „Барат биотек“ со Индискиот совет за медицински истражувања.
Агенцијата наведува дека индиската Централна организација за контрола на лековите одбила да го прифати барањето за одобрување поради недоволниот обем на локалното испитување на безбедноста и ефикасноста на вакцината за Индијците.
Индиските здравствени власти велат дека претежно бараат т.н. преодни тестови за да утврдат дали вакцината е безбедна и дали создава имунолошки одговор кај нејзините жители, чиј генетски состав може да се разликува од луѓето во западните земји.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Италијанската полиција фати Албанец со над 27 килограми кокаин

Италијанската полиција уапси 47-годишен албански државјанин, откако во автомобилот му биле пронајдени 27,6 килограми кокаин.
Дрогата била скриена во посебен простор под предните седишта на возилото.
Покарај кокаинот, полицијата го конфискува и возилото, а приведениот е однесен во притвор во затворот во Катанија.
Според албанските медиуми во италијанските затвори се наоѓаат над 2.000 албански државјани, осудени главно за трговија со дрога.
Свет
Албанија продолжува со рекордни бројки на странски туристи

Албанија продолжува со рекордни бројки на странски туристи, која во периодот јануари – август ја посетиле околу девет милиони.
Албанскиот Институт за статистика објави податоци што потврдуваат дека влезот на странски државјани е за 5,2 отсто поголем ако се спореди со истиот период пред една година, кога беа регистрирани вкупно 8,5 милиони странски државјани.
Само во август бројот на странски државјани кои влегле на албанска територија е 2,3 милиони, што е зголемување од 9,9 отсто, во споредба со истиот месец минатата година.
Албанската економија имаше корист од странските туристи од 2,1 милијарди евра за само шест месеци, до кога ја посетиле 4,76 милиони странци. Овие бројки потврдуваат дека 2025 година ќе биде уште пооптимистичка во однос на туризмот во земјата, додека приходите се очекува да се зголемат за околу 7,7 отсто во споредба со лани.
Се очекува приливот на туристи да продолжи и есенва, со што ќе се продолжи туристичката сезона во земјата. Туроператорите известуваат дека резервациите се високи и за септември и за октомври.
Минатата година Албанија ја посетиле над 11,7 милиони туристи или 15,2 отсто повеќе од претходната година. Очекувањата за годинава се над 12 милиони туристи.
Свет
Жена убиена на свадба во центарот на Шибеник, ја погодила ракета

Жена е повредена кога пиротехничко средство – сигнална ракета – било испукано во близина на катедралата „Свети Јаков“ во Шибеник синоќа, и починала од повредите во болница, соопшти хрватската полиција.
Во соопштението од полициската управа Шибеник-Книн се додава дека е уапсен 52-годишен маж, пренесува Хина. Во тек е кривична истрага, соопшти полицијата.
Хрватските медиуми неофицијално известуваат дека несреќата се случила за време на свадбена прослава, кога осомничениот испукал ракета.