Свет
„Фајненшл тајмс“: Кинескиот милијардер и основач на „Алибаба“ се крие во Токио
Милијардерот и основачот на „Алибаба“, Џек Ма, наводно се крие во Токио со своето семејство по колапсот на најголемите кинески технолошки компании.
Ма, основачот на гигантот за е-трговија „Алибаба“, кој некогаш беше најбогатиот човек во Кина, ретко е виден во јавноста откако го критикуваше односот на кинеските регулатори кон технолошките компании на самитот во Шангај пред две години.
Денес „Фајненшл тајмс“, кој е во сопственост на јапонската медиумска компанија „Никеи“, откри дека Ма неодамна живеел во Јапонија.
Повикувајќи се на анонимни извори, весникот наведува дека Ма со семејството живее во Токио речиси шест месеци. „Фајненшл тајмс“ пишува дека Ма го поминува времето одејќи во скијачките центри во едно јапонско село и редовно патува во САД и Израел.
Кинеските регулатори ја блокираа продажбата на акции од 34 милијарди долари во подружницата на „Алибаба“ за онлајн плаќања Ant Group, што би била најголемата понуда на акции во историјата.
Ма, познат по својата отворена природа и ексцентрични црти, ги обвини регулаторите за задушување на иновациите. Неговите коментари, наводно, го налутиле кинескиот претседател, Шји Џјинпинг.
Пекинг, исто така, нареди Алибаба да продаде дел од своите медиумски средства, вклучително и хонгконгскиот „Саут Чајна морнинг пост“.
Неколку месеци подоцна „Алибаба“ беше казнета со рекордни 2,8 милијарди долари поради антиконкурентни практики.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала во Јадранското Море
Земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала го погоди југот на Хрватска во 21:48 часот вчера вечер.
Епицентарот бил на длабочина од 15 километри во Јадранското Море јужно од Корчула, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).
Во вторникот, земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала беше регистриран во близина на Ливно. Беше почувствуван и во Далмација.
Свет
(Видео) Лавина во Калифорнија: Осум скијачи загинаа, еден е исчезнат
Осум скијачи загинаа, а еден е исчезнат во лавина во планините Сиера Невада во Калифорнија, соопштија властите во среда, во една од најсмртоносните вакви несреќи во историјата на САД. Спасувачите извлекоа шест преживеани по снежната бура што фрли неколку метри нов снег во Сиера во последните денови.
Лавината се случи во 11:30 часот наутро во близина на Касл Пик во Траки, Калифорнија, 15 километри северно од езерото Тахо, и затрупа група скијачи.
Преживеаните се засолниле под церади и комуницирале со спасувачите преку радио и СМС-пораки. Скијачите завршувале тридневно патување со водич. Во групата имало 11 од нив и тие престојувале во колиби на надморска височина од 2300 метри.
Сиера Невада добива повеќе од 9 метри снег во типична зима, што ја прави едно од најснежните места на западната хемисфера. Во текот на изминатите десет години, лавините во САД убиле просечно 27 луѓе годишно, според Центарот за лавини во Колорадо.
Свет
Десетина демократи ќе го бојкотираат говорот на Трамп за состојбата на нацијата
Група демократски сенатори и пратеници најавија дека нема да присуствуваат на говорот на американскиот претседател Доналд Трамп за состојбата на нацијата, туку ќе организираат собир на отворено како протест против неговата политика.
Настанот под наслов „Народен говор за состојбата на нацијата“ ќе се одржи во близина на Капитол, непосредно пред обраќањето на Трамп. Меѓу најавените учесници се сенаторите Џеф Меркли, Крис Марфи и Крис Ван Холeн, како и неколку пратеници од Претставничкиот дом.
Од Белата куќа реагираа дека не е изненадување што демократите одбиваат да ги поддржат политиките на републиканците, вклучително и иницијативите за даноци и депортација на имигранти.
Демократите тврдат дека Трамп го користи говорот како политичка платформа наместо како момент за обединување на нацијата. Дел од нив ќе присуствуваат во Конгресот, но планираат да изразат незадоволство на други начини.
Годишниот говор за состојбата на нацијата првпат го одржал Џорџ Вашингтон во 1790 година, а со текот на времето се претворил во значаен политички настан.

