Регион
Фаќал келнерка за задникот, добил затворска казна: Не може тоа така во Хрватска

45-годишен маж е прогласен за виновен и осуден на условна затворска казна од шест месеци поради непримерно допирање на келнерка во кафуле, јавува Даница. 45-годишникот, кој е оженет и има две деца, нема да оди во затвор доколку во следните две години не направи сличен прекршок.
Судијата го прифати предлогот на државното правобранителство и обвинетиот го осуди на условна затворска казна и исплата на 100 евра за трошоците на кривичната постапка. Пријавениот, наведеното кривично дело го сторил во јули минатата година, додека со другарите од 15 до 21 часот бил во кафеаната Мараскино во Лучко, при што конзумирале алкохолни пијалоци.
„За да го задоволи сопствениот сексуален нагон, во неколку наврати, секогаш кога келнерката се приближувала до масата и го послужувала, игнорирајќи го нејзиното одбивање и предупредувањата да не ја допира, тој со рацете ја допирал по лицето, рацете и нозете и ја пуштал неговата рака под нејзиното здолниште“, објави судијата.
„Истовремено ја допирал и ја фатил за задникот. Значи, извршил блудно дејствие со друго лице без нејзина согласност, при што сторил кривично дело против полова слобода – блудно дејство“, додала судијата. Во текот на истрагата беа сослушани обвинетиот и жртвата, како и три жени сведоци од кафулето кои дадоа исказ против обвинетиот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Продолжен притворот за 10 осомничени за уривање на настрешницата во Србија

Високиот суд во Нови Сад го продолжи притворот на осомничените во истрагата за уривањето на настрешница на Железничката станица во Нови Сад на 1 ноември за уште 30 дена, соопштија од Вишиот суд во Нови Сад.
Продолжен е и куќниот притвор на сите осомничени.
На крајот на минатата година беше поднесен обвинителен акт против 13 лица.
Регион
Деканката на филозофскиот факултет од Ниш нападната со нож, вечерва собир за поддршка

Вечерва во Ниш се случува собир за поддршка на нападнатата деканка Наталија Јовановиќ.
Студентите велат дека ова е втор напад врз деканката Наталија Јовановиќ, но и уште еден во низата напади врз оние кои сакаат на фер начин да дојдат до вистината.
„Никогаш не сме молчеле за насилството, ниту ќе поминеме со наведнати глави покрај него. Ги повикуваме сите граѓани кои се желни за правда да ни се придружат на овој митинг“, се вели во повикот.
Деканката на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Ниш, Наталија Јовановиќ денеска беше повредена со нож за време на собир на студенти и други граѓани.
Таа беше пренесена во Ургентниот со исеченица на раката, а потоа пуштена на домашно лекување.
„Доживеав голем стрес, останува само да се распарчиме. Нема потреба вака да продолжат тензиите, а знаеме кој ги шири, обвинувам една личност, таа ми извади нож, а тоа е претседателот на оваа држава“, изјави Јовановиќ, пренесе Н1.
За нападот уапсена е 69 годишна жена, поради сомнение дека сторила кривично дело насилничко однесување на спортски настан или јавен собир.
Регион
Осомничена за убиство на мајка си била кандидат на последните избори во Хрватска

Полицијата ја сомничи Милена Крамер (62), членка на Работничкиот фронт и поранешна членка на Социјалдемократската партија, за убиство на сопствената мајка во Загреб.
Лицето осомничено од полицијата дека во саботата ја задавила сопствената мајка во Врбани, е член на политичката партија Работнички фронт и кандидат на таа партија на последните парламентарни избори. Претходно, таа била долгогодишен член на СДП и член на претседателството на Месниот комитет во Чрномерец.
Крамер е наставничка во едно од загрепските основни училишта, а на последните избори за хрватскиот Сабор беше на 6. место на листата на Работнички фронт за избор на пратеници во 1. изборна единица, но како и целата партија не го помина изборниот праг.
„Јас сум во шок. Не ми се верува“ рече Катарина Пеовиќ, првиот човек на Работничкиот фронт.
Полицијата во саботата попладнето соопшти дека во Заагреб, 62 годишна жена ја усмртила 84 годишната мајка.