Свет
ФБИ пронајде два нови сомнителни пакета испратени до конгресмен
Федералното истражно биро на САД (ФБИ) потврди дека пронашло два нови сомнителни пакета испратени по пошта, а упатени до претставникот на Демократската партија на Калифорнија во Претставничкиот дом на САД, Максин Вотерс.
Пронајдените сомнителни пакети имале слични карактеристики како и претходните пет во кои беа откриени експлозивни направи адресирани до политичарите и медиумите.
Потенцијалните експлозивни пратки беа испратени до Хилари Клинтон, Барак Обама, Си-ен-ен и други противници на Доналд Трамп, пишува АФП.
Ова, додава агенцијата, се случува среде кампања пред парламентарните избори закажани за 6 ноември во САД, а информацијата ја пренесува и агенцијата „Франс прес“.
Белата куќа соопшти дека тоа е ужасен инцидент и дека сторителите ќе одговораат пред судот.
Претседателот на САД, од своја страна, рече дека во САД нема место за политичко насилство, а првата дама, Меланија Трамп, инцидентите ги нарече кукавички напади.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Најмалку десет луѓе загинаа во автобуска несреќа во Мексико
Најмалку 10 лица загинаа, а 20 се повредени во синоќешната автобуска несреќа што се случи во западната мексиканска држава Мичоакан.
Несреќата, чија причина сè уште е непозната, се случила на патот помеѓу главниот град на државата Морелија и селото Пацкуаро. Спасувачките операции и медицинската помош се на местото на несреќата.
Сообраќајните несреќи во Мексико изминатите години бележат пораст, а главни причини се пребрзото возење и лошото одржување на возилата. Во септември, цистерна што превезувала речиси 50.000 литри бензин експлодираше под надвозник на автопат во главниот град Мексико, при што загинаа десетици луѓе.
Регион
Еден загинат во поплавите во Албанија по обилните дождови
Најмалку едно лице загина во Албанија во поплавите предизвикани од обилните дождови што паѓаат во изминатите неколку дена, соопшти денес албанската полиција.
Полицијата објави дека тело на жена (76) е пронајдено откако нивото на водата се повлекло во поплавената југоисточна општина Девол.
Поплавите предизвикаа најголема штета во руралните региони на југот на Албанија, а во селото Душар 30 семејства беа отсечени, бидејќи патиштата беа непроодни поради поплавите.
Свет
Италијанскиот министер: Американскиот план за Украина содржи услови што никогаш не би можеле да бидат прифатени
Италијанскиот министер за одбрана Гвидо Крозето изјави дека американскиот мировен план од 28 точки за Украина е премногу оштар и дека содржи елементи кои никогаш не можат да бидат прифатени. Во објава на мрежата Икс тој наведе дека е важно тоа што и Русија и Украина разговараат за планот, но дека предлогот претставува тешка понуда за Киев.
Крозето додаде дека документот може да послужи како почетна точка за преговори и за обновување на дијалогот. Според него, целта е итно запирање на конфликтот.
Украинскиот претседател претходно предупреди дека се соочува со тежок избор, а европските лидери изразија загриженост дека предложените ограничувања би ја оставиле Украина ранлива на идни напади.

