Свет
Финската полиција обвинета за дискриминација и расно профилирање по протестите на „Блек лајвс медр“
Додека протестите за поддршка на движењето „Белк лајвс медр“ по смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд од рацете на американската полиција ја зафаќаат Финска, се појавија извештаи за етничка дискриминација и расно профилирање од страна на финската полиција, пренесува „Спутник“.
Аминкенг Алеманџи, постдокторски истражувач на социјалната исклученост на Универзитетот во Хелсинки, вели дека смртта на Флојд и немирите што ги поттикна во целиот свет се предупредување за Финска ако не се справи со расизмот и со етничкото профилирање.
„Финска мора да се разбуди и да стори нешто пред да излезе ситуацијата“, рече Алемаџи за националниот радиодифузер „Иле“ додавајќи дека би било корисно полицијата да го препознае и да го признае проблемот со етничкото профилирање.
Михаела Моуа од кабинетот на народниот правобранител за недискриминација посочува дека овој проблем е недоволно пријавен во Финска.
„Кога не се пријавени дискриминации или ситуации на етничко профилирање, народниот правобранител не добива целосна слика за обемот на проблемот. Сепак, истражувањето спроведено во Финска покажува дека етничкото профилирање се случува“, објасни Моуа додавајќи дека етничкото профилирање има импликации и за личноста и за општеството.
Таа истакна дека етничкото профилирање ја намалува довербата во властите, го зголемува чувството на отуѓеност и несигурност што, пак, ја комплицира работата на безбедносните власти.

Моуа цитира извештај во кој се истакнува дека финските безбедносни власти, како што се полицијата, граничарите и царинските службеници, се вклучуваат во етничка дискриминација и профилирање. Според извештајот, 40 отсто од учесниците во истражувањето биле лично запрени од властите или знаеле други што биле запрени поради нивната етничка припадност.
Етничкото профилирање, кое комесарот на ЕУ за човекови права го дефинира како употребата од страна на полицијата, без објективно и разумно оправдување, за основи како раса, боја, јазик, религија, националност или национално или етничко потекло при контрола, надзор или истражни активности“, е забрането во Финска.
Началникот на полицијата во Хелсинки, Јармо Хајнонен, изјави за „Иле“ дека негативните последици од етничкото профилирање се очигледни, но дека може да се појават, особено ако полицајците немаат луѓе од различно етничко потекло во нивниот непосреден круг на пријатели. Затоа се организира посебна обука за спречување на етничкото профилирање и дискриминацијата.
Хајнонен лично не верува дека постои ризик ситуацијата во Финска да се развие на ист начин како во САД и како пример ги наведе техниките што ги користат финските полициски службеници за да се осигураат дека ризикот по животот е минимален.
„Финската полиција става колено на вратот на една личност“, рече Хајнонен, но призна дека постои ризик луѓето од етничките малцинства да бидат полесно избрани за полициски мерки.
Финската полиција има околу 7.000 офицери. Во просек од 1 до 2 лица годишно се повредени како резултат на полициските престрелки.
Минатата недела илјадници демонстранти се собраа на Сенатскиот плоштад во Хелсинки за да протестираат против расизмот и полициската бруталност против црнците, инспирирани од протестите поради смртта Флојд, кои ги зафатија САД.
Бројот на Финците со африканско потекло се проценува на околу 50.000 во нацијата од 5,5 милиони жители.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бил Клинтон сведочеше за Епстин: Ништо не видов и не направив ништо погрешно
Поранешниот американски претседател Бил Клинтон сведочеше пред Одборот за надзор на Претставничкиот дом во рамки на истрагата за починатиот финансиер и осуден сексуален престапник Џефри Епстин.
Во воведното обраќање, Клинтон изјави дека ништо не видел и дека не направил ништо погрешно, нагласувајќи дека неговото познанство со Епштајн било кратко и завршило години пред злосторствата да станат јавни.
„Знам што видов и, уште поважно, што не видов. Знам што направив и, уште поважно, што не направив. Не видов ништо и не направив ништо погрешно“, рече Клинтон. Тој најави дека на дел од прашањата веројатно ќе одговори со „не се сеќавам“, бидејќи од неговите контакти со Епстин поминале повеќе од 20 години.
Сведочењето се одржува зад затворени врати во Њујорк, но се снима и најавено е објавување на снимката. Претходно сведочеше и неговата сопруга Хилари Клинтон, при што расправата меѓу демократите и републиканците доби и политичка димензија.
Демократите побараа и актуелниот претседател Доналд Трамп да сведочи, тврдејќи дека неговото име често се појавува во документите поврзани со случајот. Трамп негира каква било поврзаност со злосторствата на Епштајн.
Фото: Depositphotos
Свет
(Видео) Трамп: Можеби пријателски ќе ја преземеме Куба
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е можно „ријателско преземање на Куба, пренесе Ројтерс. Тој рече дека американскиот државен секретар Марко Рубио веќе се занимава со тоа прашање на многу високо ниво.
„Кубанската влада разговара со нас и се во големи проблеми. Немаат пари, немаат ништо сега, но разговараат со нас и можеби ќе имаме пријателско преземање на Куба“, изјави Трамп.
Trump: “We could very well end up having a friendly takeover of Cuba.” pic.twitter.com/QTeif4zCiE
— Conflict Alarm (@ConflictAlarm) February 27, 2026
Кубанската економија е во длабока криза, која дополнително се влоши по прекинот на испораките на нафта од Венецуела. Американското ембарго кон Куба беше дополнително заострено, а Трамп се закани со царини за секоја земја што ќе испраќа нафта на островот.
Фото: Depositphotos
Свет
(Видео) Трамвај излета од шините во Милано: загина пешак, речиси 40 повредени
Во тешка трамвајска несреќа во Милано загина едно лице, а 39 се повредени, од кои некои потешко, јави Би-Би-Си.
Несреќата се случила околу 16 часот на улицата „Виторио Венето“, во северниот дел на градот, кога трамвај излетал од шините и удрил во зграда. Според првичните информации, жртвата е пешак, додека најголем дел од повредените се патници во возилото.
На местото на настанот интервенирале повеќе екипи на итната помош и цивилната заштита, а поставен е и шатор за згрижување на повредените. Има информации дека дел од луѓето биле заробени во оштетениот трамвај.
Сведоци изјавиле дека непосредно пред несреќата се слушнала силна бучава, по што трамвајот забрзал и удрил во објект. Еден од патниците изјавил дека помислил оти станува збор за земјотрес.
Причините за несреќата засега не се познати, а според медиумите, можно е возилото пребрзо да влегло во остра кривина. На местото на настанот пристигнал и градоначалникот на Милано.

