Свет
Финска во шок откако џамијата во Хелсинки била ичкртана со срамни графити
Шиитско-муслиманската џамија „Мелунмаки“ во источниот дел на Хелсинки беше вандализирана не еднаш, туку двапати во една недела со испишување графити на нејзината фасада, што се совпадна со нападите врз исламската религија, објави националниот радиотелевизиски сервис „Иле“.
На два последователни дена минатата недела натписите „силувачи“ и „е** ги исламот“ се појавија на надворешната страна од молитвената сала на хуманитарната организација „Саламат“.
Извршителот на делото, наводно, бил снимен од камерите, но неговото лице е сокриено со качулка, велат официјални лица од заедницата.
„Навистина не сме доживеале вакво нешто порано, но во последниве неколку години ваквите дејства стануваат редовна појава.Понекогаш имаме и два случаи на вандализам во иста недела, како неделава. Нашиот веб-сајт исто така е хакиран, испратени ни се смртни закани, застрашувањата никогаш не завршуваат”, вели Пола Кемел, претседател на одборот на „Ресалат“, најголемата организација на заедницата на шиитите во Финска, изразувајќи надеж за остри мерки против говорот на омраза во Финска.
Бидејќи вандализмот се совпадна со масовното пукање во две џамии во Нов Зеланд, тоа предизвика страдање и страв кај муслиманската заедница во Хелсинки, пишува „Хелсинки тајмс“.
Ѕидовите на џамијата биле исчистени со тимски напор. Освен посетителите на џамијата, и претставници на неколку различни религии се пријавиле да помогнат во чистењето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Фото) Објавена фотографија од Нетанјаху како зборува на телефон, камерата му е покриена со селотејп
Фотографија од израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, на која зборува на телефон брзо стана жешка тема на дискусија на социјалните медиуми и во меѓународните кругови.
Детал што никој не го пропушти е селотејпот преку камерата на неговиот мобилен телефон.
Иако на прв поглед изгледа невообичаено за лидерот на технолошки напредна земја, експертите истакнуваат дека станува збор за строга безбедносна мерка.
Се верува дека Нетанјаху го користи селотејпот за да спречи неовластено снимање во чувствителни области, хакерски напади што би можеле да овозможат камерата да се активира од далечина, како и дигитален надзор и собирање класифицирани визуелни податоци.
Netanyahu’s mobile phone camera covered with tape pic.twitter.com/Rvp2x4TKTF
— Globe Observer (@_GlobeObserver) January 26, 2026
Овој потег не е изолиран случај. Сè поголем број високи политичари и безбедносни службеници ширум светот прибегнуваат кон слични „аналогни“ методи на заштита во дигиталното доба. Во време кога софистицираниот шпионски софтвер како што е Пегазус стана вистинска закана, дури и наједноставната физичка бариера, како што е парче лента, се смета за ефикасна заштита.
„Во светот на високата политика, приватноста на комуникацијата е бесценета. Камерата со лента е јасен сигнал дека никој, дури ни премиерот, не е имун на потенцијални дигитални упади“, велат безбедносните аналитичари.
Додека некои ја фалат претпазливоста и свеста на премиерот за сајбер безбедноста, други на социјалните мрежи коментираат за иронијата во која лидерот на една од водечките светски сили во областа на сајбер технологијата мора да користи селотејп за да се чувствува безбедно.
Фотографијата повторно разгоре поширока дебата за ранливоста на паметните телефони и ризиците на кои се изложени личните податоци на сите корисници, не само на владини претставници.
фото/Depositphotos
Свет
Aмерика го напушти Парискиот договор за климатски промени
САД по втор пат официјално се повлекоа од Парискиот договор за климатски промени, по одлука на претседателот Доналд Трамп, кој ја потпиша извршната уредба на денот на инаугурацијата, 20 јануари 2025 година. Повлекувањето стапува во сила денес, една година откако Обединетите нации ја примиле официјалната нотификација.
Со ова, САД повеќе не се сметаат за обврзник во напорите за ограничување на глобалното затоплување, а се создава и значителна финансиска празнина, бидејќи земјата досега финансирала програми за ублажување и адаптација на климатските промени, особено во посиромашните држави.
САД се втор најголем емитер на стакленички гасови во светот, по Кина. Според проценките на ОН, врз основа на сегашните политики, светот се движи кон пораст на глобалната температура од 2,8 степени до крајот на векот. Повлекувањето на САД може да придонесе за дополнително зголемување од 0,1 степен, што, според научниците, значително ги влошува климатските последици.
Свет
Франција му возврати на Руте: Европа може и мора сама да се брани
Француската влада остро реагираше на изјавата на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, дека Европа не може да се одбрани без Соединетите Американски Држави.
Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро порача дека Европејците „можат и мораат“ да преземат одговорност за сопствената безбедност, нагласувајќи дека и САД се согласуваат со потребата од европски столб во НАТО, објави Политико.
Руте, обраќајќи се во Европскиот парламент, изјави дека континентот не може да се одбрани без американска поддршка и се спротивстави на идејата за европска војска, оценувајќи дека „европскиот столб на НАТО е донекаде празна фраза“.
Во меѓувреме, по враќањето на Доналд Трамп на власт, американската администрација сигнализира помала вклученост во европската безбедност. Новата Национална одбранбена стратегија на САД наведува дека Европејците треба да преземат водечка улога, оценувајќи дека Европа е економски и воено способна да се брани од Русија.
На изјавите на Руте реагираа и други француски претставници. Поранешната амбасадорка на Франција при НАТО, Муриел Доменак, оцени дека истакнувањето на европската слабост испраќа погрешна порака до Русија. Француската министерка за вооружени сили, Катрин Вотран, истакна дека денес е неопходен европски столб во рамки на НАТО, идеја што веќе ја поддржуваат и други земји, меѓу кои и Германија.

