Свет
Фон дер Лајен се сретна со специјалниот прeтставник на Трамп за Украина

Секое решение за конфликтот во Украина мора да ја почитува нејзината независност, суверенитет и територијален интегритет, со силни безбедносни гаранции, му порача претседателката на Комисијата Урсула фон дер Лајен на специјалниот претставник на САД за Украина и Русија, Кит Келог.
„Потврдувајќи ја посветеноста на ЕУ за праведен и траен мир, претседателката повтори дека секое решение мора да ги почитува независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, со силни безбедносни гаранции“, се вели во резимето на разговорот меѓу Фон дер Лајен и Келог, објавен од Комисијата.
Таа додаде дека Европската унија е подготвена да соработува со Соединетите Држави за да го запре крвопролевањето и да помогне да се обезбеди праведен и траен мир.
Фон дер Лајен рече дека ЕУ планира да ги зголеми трошоците за одбраната и индустриското производство во одбранбениот сектор, со цел да ги зајакне сопствените и воените капацитети на Украина.
Таа нагласи дека ЕУ обезбедила воена помош од 52 милијарди долари за Украина, што одговара на придонесот на Соединетите држави, и дека издвоила повеќе од кој било друг сојузник, 135 милијарди евра, за финансиската стабилност и одбрана на Украина.
Со Келог разговараше и претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста. Истовремено, високи делегации од САД и Русија се состанаа во Саудиска Арабија за да разговараат за завршување на војната во Украина, без присуство на украински и европски претставници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Украина во формален банкрот- Западот се плаши од финансиски колапс

Украина е во состојба на формален банкрот веќе неколку недели, пишува германскиот весник Берлинер Цајтунг. На почетокот на јуни, владата во Киев одлучи да не им исплати 2,6 милијарди долари, долг на сопствениците на обврзници, со што официјално влезе во суверен банкрот, според медиумот.
Украинското Министерство за финансии објави дека овој потег е дел од пошироката стратегија за реструктуирање на долгот „која треба да обезбеди долгорочна одржливост на јавните финансии без да ѝ наштети на Украина“. Станува збор за хартии од вредност од 2015 година, кои им даваат на сопствениците, право на плаќања доколку растот на БДП надмине три проценти.
Според официјалните податоци, Украина забележа раст од 5,3 проценти во 2023 година, поттикнат првенствено од домашното воено производство и приливот на надворешни заеми. Сепак, групата инвеститори изрази „разочарување“ поради неисполнувањето на обврските и рече дека е подготвена да бара „заемно прифатливо решение“.
Финансиски товар на Западот
Додека војната продолжува, на Киев итно му се потребни нови средства, но дури и најблиските сојузници на Украина тешко наоѓаат начини да ги обезбедат потребните суми. Трошоците за финансиски опстанок на земјата, како што наведува германскиот весник, ги надминуваат можностите на Германија, Франција и Велика Британија.
Европската унија има намера да обезбеди дел од потребните средства со користење на замрзнати руски средства. Сепак, аналитичарите предупредуваат дека таков чекор носи висок ризик за европските даночни обврзници. Доколку санкциите против Москва еден ден бидат укинати, а Русија побара враќање на средствата, европските земји ќе мора да ги покријат обврските што Украина не е во можност да ги подмири, пишува медиумот.
Фото: принтскрин
Свет
ЕУ воведе санкции против Иран

Европската Унија денес потврди дека повторно воведе санкции против Иран откога оваа одлука ја донесоа и Обединетите нации, а како резултат на несогласувањето меѓу Западот и Техеран во врска со нуклеарната програма на земјата.
Строги санкции
Блокот од 27 земји одлучи „повторно да воведе голем број рестриктивни мерки поврзани со активностите на Иран за ширење нуклеарно оружје“, се вели во соопштението на Советот на министрите на ЕУ во понеделникот.
Оваа одлука е донесена во согласност со повторното воведување на санкциите против Иран за кое одлучи Советот за безбедност на Обединетите нации во саботата вечерт.а
Овие санкции се насочени кон компании, субјекти и поединци, кои директно или индиректно придонесуваат за нуклеарната програма на Иран или развојот на балистички ракети преку обезбедување на потребната опрема, знаење или финансирање.
Европските санкции ги вклучуваат оние наметнати од ОН, но и други мерки, како што се замрзнување на средствата на централната банка на Иран и неколку трговски и економски санкции.
Русија и Кина против
Иран го осуди повторното воведување на овие санкции како неоправдано. Заедно со Русија и Кина го смета враќањето на санкциите за нелегален чин.
Бидејќи не беше постигнат договор со Техеран, механизмот за повторно воведување санкции, познат како snapback, активиран на 28 август од групата E3 (Германија, Франција и Обединетото Кралство), е во сила од недела.
Ова ги реактивира претходните одредби што беа суспендирани од нуклеарниот договор од 2015 година, познат и како Заеднички сеопфатен план за акција (JCPOA).
E3 систематски предупредува дека Иран збогатува ураниум до нивоа далеку над оние потребните за цивилни цели. Иран моментно поседува речиси 450 килограми ураниум збогатен до 60 проценти и се приближува до збогатување од 90 проценти, што би овозможило производство на осум до 10 атомски бомби, според европските експерти.
Фото: принтскрин
Свет
Израелските семејства на заложниците испратија писмо до Трамп: „48 од нив треба да се вратат дома“

Семејствата на заложниците држени во Појасот Газа испратија писмо до американскиот претседател Доналд Трамп пред неговата средба со израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху.
„Ве молам, господине претседателе, не запирајте. Ни требате. Наши сакани татковци, браќа, сестри и деца, 48 од нив треба да се вратат дома“, се вели во писмото на Форумот на семејствата на киднапираните и исчезнатите лица. Израелската влада верува дека 20 од 48-те заложници сè уште се живи. Според извештаите на медиумите, Трамп има намера да му презентира на Нетанјаху план од 21 точка за прекин на огнот.
Овој план наводно вклучува итно ослободување на преостанатите заложници на Хамас во замена за стотици палестински затвореници, како и повлекување на израелската армија од крајбрежниот појас. Палестинската милитантна група Хамас нема да игра никаква улога во идната администрација на Појасот Газа, а на Израел исто така не му е дозволено да ја анектира територијата. Наместо тоа, крајбрежната зона ќе биде управувана од преодна влада.
Семејствата му се заблагодарија на Трамп
Ултрадесничарските коалициски партнери и претставниците на доселениците го зголемија притисокот врз израелскиот премиер пред состанокот. Тие го повикуваат Нетанјаху да анектира делови од окупираниот Западен Брег и да не ја прекинува војната во Појасот Газа без целосен воен пораз на Хамас, објави „Тајмс оф Израел“.
Семејствата на заложниците, од друга страна, бараат од Трамп „цврсто да се спротивстави на сите обиди за саботирање на предложениот договор“. „Вашиот двоен фокус на прекинување на војната и враќање на сите 48 заложници дома е во спротивност со продолжената војна што Израел ја води во моментот. Сакаме да ви се заблагодариме што храбро стоите зад вашите убедувања“, се вели во соопштението.
Фото: принтскрин