Свет
(Фото+видео) Бизнисмен од Лос Анџелес ангажирал приватни пожарникари да го заштитат неговиот трговски центар, жителите бесни
Жителите на Лос Анџелес се бесни затоа што бизнисменот Рик Карузо потрошил илјадници долари ангажирајќи приватни пожарникари за да го заштитат трговскиот центар што го поседува, објави денеска Њујорк Тајмс.
Карузо, поранешен кандидат за градоначалник, се соочува со критики откако локалните медиуми објавија дека ангажирал приватни противпожарни екипи за да го заштити селото Палисадес, луксузниот трговски центар што го поседува.
While firefighters were running out of water…
Rick Caruso, the real estate developer and former L.A. mayoral candidate, hired private firefighters to save his upscale shopping center in Pacific Palisades on Tuesday night.
The question is: did he use public water for this? pic.twitter.com/qz7z1trl6a
— Christopher Webb (@cwebbonline) January 10, 2025
Трошоците за ангажирање приватни пожарникари може да бидат помеѓу 3.000 и 10.000 долари дневно.
One of the only things standing in Pacific Palisades is Rick Caruso’s mall
The symbolism is profound
— Shaun Maguire (@shaunmmaguire) January 9, 2025
Ова не е прв пат најбогатите жители на Лос Анџелес да користат приватни пожарникари, бидејќи риалити ѕвездата Ким Кардашијан и нејзиниот тогашен сопруг Канје Вест беа критикувани во 2018 година за ангажирање приватни пожарникари за да го спасат нивниот дом од пожарот во Вулси.
Во пожарите во Лос Анџелес и неговата околина загинаа 11 лица, а повеќе од 10.000 згради беа уништени.
Пожарите започнаа во вторникот и ја зафатија населбата Пацифик Палисадес, а досега се оштетени околу 20.000 хектари земја, додека 300.000 луѓе се евакуирани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

