Свет
(Фото) Багери ги расчистуваат урнатините од надвозникот во Џенова, потрагата по исчезнатите и натаму е во тек
Багери почнаа да ги расчистуваат урнатините од надвозникот во италијанскиот град Џенова. И три ден по несреќата, потрагата по лицата што се водат како исчезнати и натаму е во тек.

Потрагата, како што посочуваат тамошните медиуми, денеска влезе во нова фаза кога багерите го отстранија големиот вертикален дел од мостот отворајќи нова област за пребарување.
Во овие моменти властите велат дека дваесетина лица се водат за исчезнати и додаваат дека в сабота ќе се одржи комеморација за жртвите.

Италијанскиот премиер, Џузепе Конте, прогласи вонредна состојба во регионот околу Џенова по уривањето на надвозникот на автопатот А 10. Италија е сè уште во шок по катастрофата, а во исто време се продлабочува и конфликтот меѓу италијанската влада и концесионерот за автопатот кого службите го обвинија за неправилно одржување на патот и надвозникот, кој се урна во вторникот и во смрт однесе 39 луѓе.

По несреќата, дојде и до обвинувања на релација Европска Унија и Италија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

