Свет
(Фото) Полицијата преку прозорец вади заложници во Пенсилванија

Полицијата ослободува заложници од куќа во Трентон, Њу Џерси. Официјални лица велат дека луѓето во резиденцијата каде што се забарикадирал осомничениот за убиството во Пенсилванија Андре Гордон се безбедни.
„Се верува дека осомничениот е во куќа на улицата Филипс во Трентон“, рече детективката од полицијата во Трентон, поручник Лисет Риос.
„Жителите се успешно евакуирани без повреди. Во овој момент ресурсите на ФБИ се на готовност“.
Вооружениот напаѓач, Андре Гордон (26), наводно пукал и убил три лица на две локации. Полицијата соопшти дека тој потоа го убил возачот со пиштол и побегнал во Њу Џерси.
Инцидентот започнал околу 8:52 часот кога полицајците биле испратени во дом во Левитаун по пријава за пукање, соопшти полицијата.
Властите соопштија дека Гордон, управувајќи украден автомобил, застрелал и убил две лица.
По тој инцидент, Гордон наводно пукал и убил уште едно лице пред да побегне.
Се верува дека Гордон ги познавал трите лица кои биле погодени, соопшти полицијата.
Вооружениот напаѓач побегнал од местото на настанот со сив автомобил.
Возилото е пронајдено напуштено во Трентон околу 11:38 часот, соопшти Државното правобранителство.
Окружното обвинителство соопштило околу 12:22 часот дека добило информација дека Гордон се заклучил во куќа во Трентон, со заложници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Кремљ без коментар за договорот меѓу САД и Украина

Кремљ денеска потврди дека се во тек подготовки за преговори меѓу експертски тимови меѓу САД и Русија, но додаде дека во моментов нема планови за телефонски разговор меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на дневниот брифинг изјави дека Москва нема да коментира за важниот американско-украински договор за експлоатација на ретки минерали додека не бидат објавени официјални информации. Да потсетиме дека, според неофицијални извори, договорот е постигнат синоќа, а се очекува украинскиот претседател Зеленски да го потпише со Трамп во петок во Белата куќа.
Путин неодамна понуди да продава руски ретки минерали на американски компании, вклучително и оние од окупираните територии на Украина. Песков рече и дека немало разговори со Кина за можноста кинеските сили да бидат распоредени во мировна мисија во Украина во случај да се постигне договор.
Свет
Карл Билд: Се чини дека договорот има за цел да го усреќи Трамп

Поранешниот шведски премиер и копретседавач на Европскиот совет за надворешни односи, Карл Билт, рече дека договорот за минерали меѓу Украина и САД изгледа како „споредна приказна со ограничена важност“.
Билт изјави за Би-би-си дека договорот „изгледа како нешто што треба да го усреќи Трамп“, но дека „нема да донесе значителни финансиски ресурси во САД или да има материјално економско влијание со години“.
Како пример го наведе отворањето на нови рудници, за што се потребни големи инвестиции и се добива приход дури по неколку години. „Овој договор е повеќе прилагоден на психологијата на американскиот претседател отколку на реалните околности во Украина“, заклучи Билт.
Свет
(Видео) Човек на Трамп одби да каже дека Русија ја нападна Украина: „Не сум информиран за тоа“

Стивен Фајнберг, милијардерот и финансиски експерт, номиниран од претседателот Трамп за заменик цивилен шеф на Пентагон, вчера на сослушување во Сенатот одби да каже дали верува дека Русија ја нападнала Украина, предизвикувајќи критики од демократите. Но, како што пренесува Inside Defense, Фајнберг доставил писмена изјава до пратениците во која ги опишува акциите на Русија во февруари 2022 година како „уште една инвазија“.
По изјавата на претседателот Трамп, кој непрецизно го прикажува Киев како агресор во екот на преговорите со Русија, Фајнберг беше притиснат од демократите на сослушувањето пред Комитетот за вооружени сили на Сенатот. Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет и советникот за национална безбедност Мајк Волц неодамна одбија да ги опишат акциите на Русија како инвазија.
Did Russia invade Ukraine?
It’s a pretty simple question I had for the Deputy Secretary of Defense nominee. It’s an obvious “yes” to everyone except this administration. pic.twitter.com/x3OCELosbj
— Senator Mark Kelly (@SenMarkKelly) February 25, 2025
Сенаторот Марк Кели му рече на Фајнберг дека прашањето „е едноставно“.
„Русија всушност го нападна нашиот сојузник Украина“, рече Кели. „Тие преместуваа тенкови, војници и оклопни возила преку украинската граница. Прилично едноставно е прашањето“.