Свет
(Фото) Пукна брана во Мјанмар, евакуирани 60.000 луѓе
Најмалку 85 села беа поплавени во Мјанмар по пукање на браната, при што се поплави главниот автопат и повеќе од 63.000 луѓе беа евакуирани, велат официјалните претставници.
Пожарникарите, армијата и официјалните претставници почнаа операции за спасување кога попушти браната „Суар“ во централниот дел на земјата, каде што водата се користи за наводнување. Како резултат на пукањето на браната, водата ги потопи селата и околните места на Суар и Јадаса.
More than 50,000 people evacuated in central Myanmar after dam breach floods nearby towns pic.twitter.com/9MxlpvZci5
— CGTN (@CGTNOfficial) August 29, 2018
Луин Тун, заменик-директорот на одделот за наводнување и користење на водата, за локалните медиуми изјави дека нивото на водата полека почнува да опаѓа.
Japan Times Myanmar dam breach floods 85 villages, drives thousands from homes https://t.co/asLrgupM1z https://t.co/WGeC0YjwUl pic.twitter.com/iYoRNnGSJa
— Japan Lovers (@JapanLoverss) August 30, 2018
Сообраќајот помеѓу градовите Јангон, Мандалеј и Нејпјидо е прекинат бидејќи е поплавен мостот на автопатот што ги поврзува.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп го предупреди Иран да не возвраќа на нападите извршени од САД и Израел
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска го предупреди Иран да не возвраќа на нападите извршени од САД и Израел.
„Иран штотуку изјави дека денеска ќе удри многу силно, посилно отколку што некогаш удриле претходно“, напиша Трамп на Truth Social.
„Подобро да не го прават тоа“, нагласи тој.
Доколку тоа се случи, САД ќе возвратат „со сила што никогаш претходно не е видена!“, додаде американскиот претседател.
Вчерашните напади беа насочени кон клучни локации каде што се состанувало иранското раководство, при што беа убиени највисоки функционери, вклучувајќи го иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, министерот за одбрана и шефот на Корпусот на исламската револуционерна гарда, соопшти израелската војска.
Нападите, во кои загинаа повеќе од 200 луѓе според Црвената полумесечина, предизвика одмазднички удари врз Израел и американските воени сили стационирани на Блискиот Исток.
Свет
Гори Блискиот Исток, експлозии и денеска се слушаат во арапските држави во Заливот
Експлозии денеска повторно се слушнаа во арапските држави во Заливот, по убиството на иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, во американско-израелските напади.
Очевидци во катарскиот главен греад Доха известија дека утрово слушнале неколку силни детонации. Катарскиот информативен канал „Ал-Џезира“ објави за најмалку 11 експлозии во Доха.
Експлозии беа пријавени и во Манама, главниот град на Бахреин. Очевидци известија дека слушнале најмалку четири силни детонации. Во овој контекст, на социјалните мрежи беа споделени слики од погоден и оштетен хотел во Манама. Тие првично не можеа да бидат независно проверени, нагласува ДПА.
Техеран ги нападна американските воени бази во регионот повеќепати по почетокот на вчерашните американско-израелски напади врз Иран.
Во арапските заливски држави има илјадници американски војници.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА

