Свет
(Фото) Сурфер во Австралија нападнат од ајкула

64-годишен сурфер денеска бил нападнат од ајкула во близина на брегот на Јужна Австралија. Човекот бил на речиси 200 метри од брегот во Елистон кога го зграпчило опасно морско животно, пишува „Дејли мејл“.
Успеал да доплива до брегот и сам се возел до болницата „Елистон“, од каде што подоцна со хеликоптер бил префрлен во болницата „Ројал Аделаида“. Според локалните медиуми, ајкулата го каснала 64-годишникот во пределот помеѓу задникот и ногата.
Elliston Surfer drives himself to hospital after being mauled by a ‘great white shark’ off the coast of South Australia https://t.co/GzsubNT4V6 #Australia #39great
— WhatsNew2Day (@whatsn2day) January 9, 2024
На фотографиите се гледа како животното одгризувало делови од неговата штица за сурфање при нападот.
Нападот се случи само една недела откако 15-годишниот Каи Каули загина во напад на ајкула на полуостровот Јорк.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Силен земјотрес ја погоди Индонезија, се стравува од повредени

Земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала е регистриран во 17:54 часот во Индонезија.
Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот бил лоциран во областа со географски координати на географска ширина -10,1246 и географска должина 119,0393.
Хипоцентарот на земјотресот, според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓал на длабочина од приближно 37 километри под површината на земјата во близина на островот Сумба.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.
Во Мјанмар минатата недела беше регистриран разорен земјотрес со јачина од 7,7 степени.
Свет
Премиерот на Гренланд: Со нетрпение ја очекувам посетата на данската премиерка

Гренландскиот премиер Јенс-Фредерик Нилсен денеска изјави дека со нетрпение ја очекува посетата на данската премиерка Мете Фредериксен во среда.
Нилсен рече дека Гренланд долго време ја посакувал оваа посета, објави Ројтерс.
Тој во неделата рече дека САД нема да го добијат Гренланд, одговарајќи на изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп дека сака да ја преземе контролата врз оваа самоуправна автономна територија под суверенитет на Данска.
Свет
Од кабинетот на Зеленски негираат дека тој се подготвува да се кандидира за втор мандат

Од кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски го демантираат извештајот на британскиот Економист дека Зеленски се подготвува да се кандидира за втор мандат на претседателските избори во јули.
Оттаму исто така, негираа дека Зеленски одржал состанок за изборите во јули, на кој наводно, според Економист, му наредил на својот тим да ги организира изборите, пренесе УНИАН.
Извор од украинската влада изјави дека главното прашање сега е постигнување мир и дека е целосно лажно дека подготовките за изборите веќе се во тек.