Свет
Франција ги олеснува правилата за патување за граѓаните на Велика Британија

Франција од петок ќе ги олесни правилата за патување за британските граѓани, соопшти денеска владата на таа земја.
Според Би-би-си, на вакцинираните британски граѓани ќе им треба негативен тест на коронавирус не постар од 24 часа според новите релаксирани правила.
На тој начин ќе престанат да важат старите построги мерки, со кои се бараше вакцинираните патници да одат во изолација при влез во Франција.
И понатаму ќе важат истите правила за влез во државата за невакцинираните граѓани – 10 дена задолжителна изолација.
На 18 декември француските власти ги заострија правилата за патување за британските граѓани во обид да го забават ширењето на високозаразниот сој омикрон на коронавирусот, потсетува Би-би-си.
Земјава се бори со тешка епидемиолошка состојба, а според последниот пресек регистрирани се рекордни 368.817 случаи на коронавирус и 341 пациент починати од последиците на Ковид-19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
40 ранети во Израел, двајца критично

Вкупно 40 лица побарале медицинска помош по вечерашниот ирански ракетен напад врз Израел, соопштија локалните здравствени служби. Двајца од повредените се во критична состојба.
Најголем број пациенти се лекуваат во болницата Ичилов во Тел Авив – 18 лица.
Според лекарите, пријавените повреди вклучуваат рани од шрапнели, вдишување чад и состојба на шок.
Свет
Израелската војска: Иран истрела помалку од 100 балистички ракети, повеќето ги пресретнавме

Портпаролката на израелската војска, Ефи Дефрин, рече дека помалку од 100 балистички проектили биле истрелани од Иран кон Израел.
Дефрин рече дека „повеќето од ракетите биле пресретнати од воздушната одбрана или паднале пред да стигнат до израелска територија“.
„Регистрирани се ограничен број погодоци на згради, а дел од штетата е предизвикана од фрагменти од пресретнати проектили“, додаде тој.
Според израелските медицински служби, во нападот биле ранети 40 лица.
Свет
Нетанјаху: Ова е можност за иранскиот народ да се спротивстави на режимот

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва и порача на јавноста дека можат да ги напуштат засолништата, откако новиот бран ирански ракети прелета над израелска територија.
„Иранскиот режим никогаш не бил послаб. Ова е можност за иранскиот народ да се спротивстави на режимот“, рече Нетанјаху во вечерашното обраќање.
Тој директно им се обрати и на граѓаните на Иран: „Јас сум со вас, израелскиот народ е со вас“, рече тој.
Министерот за одбрана на Израел, Израел Кац изјави дека Иран „ја преминал црвената линија со лансирање ракети кон израелските цивилни области“ и најави: „Техеран ќе плати висока цена“.
Оваа иранска одмазда следеше по израелските воздушни напади на иранска територија, при што беа погодени нуклеарни постројки и беа убиени високи команданти и научници.