Свет
Француската полиција сведена на строго ограничени интервенции во муслиманските квартови за време на рамазан
Обелоденет интерен меморандум на француската полиција во северниот департман Калвадос им наложува на полицајците да ги ограничат своите интервенции во муслиманските квартови за време на рамазан само на сериозни злосторства, пренесува „Ле Паризиен“.
Меморандумот, кој бил испратен на 24 април од Централниот директорат за јавна безбедност (ДДСПП) на Калвадос, ги повикува полицајците да не интервенираат во одредени области.
„Освен ако не постои ризик за повреда на лица или сериозно оштетување на имотот (штета опасна за луѓето, зградите или возилата), нема потреба да се интервенира во густо населените населби за време на рамазан, да се крева врева без потреба или да се наметнува контрола врз групи луѓе собрани по зајдисонце за да јадат“, се вели во документот.
Фабиен Ванхемелрик, секретар на полицискиот синдикат „Алијанса“, го критикува обелоденетиот меморандум велејќи за „Ле Паризиен“: „Наспроти тоа што го кажува и го повторува владата, овој документ докажува дека полицијата има наредба да не оди на одредени места!“
Обелоденувањето на меорандумот доаѓа кога во повеќе ранливи населби во Франција избувнаа немири и беа забележани напади врз полицијата и пожарникарите, како и неколку подметнати пожари и покрај сторогиот режим на ограничено движење.
Полицијата вели дека во последните две недели речиси секојдневно е напаѓана во департманот Ивелин од локалните млади во проблематичните населби. Во неколку од полицијата морала да употреби шок-бомби за да ја растера толпата.
Строгиот режим на ограничено движење во голема мера влијаеше на нелегалната трговија со дрога во области низ Франција, што доведе до загриженост дека ситуацијата може да резултира со насилство.
„Ако снабдувањето не почне повторно и ако режимот на ограничено движење потрае подолго, може да стане жешко во одредени градови“, рекол полицаец претходно овој месец, а кој сакал да остане анонимен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Врховниот лидер на Иран: Ова е предупредување до Америка
Врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, им честиташе на социјалните мрежи на учесниците на денешните провладини собири.
Во серија објави на X, ајатолахот сподели фотографии од провладини демонстранти и рече дека тие „одлично ја завршиле работата“ и „го спречиле планот на странските непријатели, кој требало да го спроведат домашни платеници“.
„Големата нација Иран им се покажа на своите непријатели, заедно со својата решителност и идентитет“, додаде Хамнеи.
„Ова беше предупредување до американските политичари да престанат да бидат измамници и да не се потпираат на предавнички платеници“, додаде тој.
Свет
Украинската војска објави видео: Го освоивме градското собрание во Купјанск
Украинските одбранбени сили ја вратија контролата врз зградата на Градскиот совет на Купјанск, објави Вториот корпус на Националната гарда на Украина (НГУ), познат како Хартија.
„Хартија воспостави контрола врз зградата на Градскиот совет на Купјанск. Единицата за пребарување и уништување на Хартија и тактичката група Купјанск ги завршуваат операциите за расчистување во градот, кој беше деблокиран за време на успешната операција предводена од командата на Вториот корпус на НГУ“, се вели во соопштението.
Корпусот објави снимка од GoPro камера за која тврди дека е направена од борци од 4-тиот баталјон Хартија за време на упадот во зградата на Градскиот совет на Купјанск. Војниците од извидувачката и ударна група на баталјонот го кренаа украинското знаме над градскиот совет во центарот на Купјанск.
„Операцијата во Купјанск докажува дека благодарение на планирањето, стручноста на командантот и штабот и висококвалитетната подготовка на единиците – сето тоа го нарекуваме метод на Хартија – е можно успешно да се запре и уништи непријателот“, рече полковник Ихор Оболенски, командант на Вториот корпус.
Свет
Белата куќа: Трамп не се плаши да употреби воена сила против Иран
Портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп „покажал дека не се плаши да употреби воени опции“ кога смета дека е потребно.
„Мислам дека едно нешто во што претседателот Трамп е многу добар е тоа што секогаш ги држи сите опции на маса, а воздушните напади би биле една од многуте, многу опции што се на маса“, изјави Ливит пред новинарите.
Во исто време, таа додаде дека „дипломатијата е секогаш првата опција“ за Трамп.
„Претседателот ви кажа на сите синоќа дека она што јавно го слушате од иранскиот режим е многу различно од пораките што администрацијата ги добива приватно“, рече Ливит.
„Претседателот покажа дека не се плаши да користи воени опции ако и кога смета дека е потребно, а никој не го знае ова подобро од Иран“, заклучи таа.
фото/депозитфотос

