Свет
Француската полиција трага по четворица по групното силување емитувано на „Снепчет“
Француската полиција во градот Тулуз е во потрага по четворица осомничени за групно силување на 19-годишно девојче, кое било снимено и емитувано на „Снепчет“. Силувањете се случило во неделата вечерта во паркот на ноќниот клуб „Балма“, пренесува „Франсинфо“.
Во видеото се слуша како жртвата вика за помош, а се слуша и најмалку еден од инволвираните мажи, кој му кажува на друг осомничен дека нема да го снима нападот, велејќи:
„Престанете да снимате, ова е силување…ова е силување“, што покажува дека биле свесни оти нападот не бил консензуален.
„Момци, секој да си го чека редот”, вели друг напаѓач во видеото додека другите се смеат.
Досега, според јавниот обвинител на Тулуз, ниту еден од мажите вклучени во силувањето не е идентификуван, но корисниците на „Твитер“ шпекулираат за идентитетот и потеклото на осомничените. Напаѓачите кои се вклучени се соочуваат со 20 години затвор ако бидат прогласени за виновни за силување, но досега иследниците биле претпазливи велејќи дека нападот е јасно неконсензуален, но не расправале за можните обвиненија.
Инцидентот има впечатлива сличност со друго силување, кое беше емитувано преку „Фејсбук“ во Шведска во јануари 2017 година. Мажите кои биле вклучени, од кои двајца биле баратели на азил, биле прекинати од полицајците за време на нападот и уапсени откако еден корисник на „Фејсбук“ ја пријавил нивната активност на полицијата.
Реза Мохамед Ахмади (21) подоцна беше осуден на четири години затвор за силување, 18-годишниот Мејсам Афшар беше осуден на една година, а нивниот шведски соучесник Емил Ходаголи беше осуден на шест месеци по судењето во април минатата година година. Само неколку месеци по силување на „Фејсбук”, шведската полиција во Упсала уапси уште еден маж инволвиран во групно силување од банди што беше објавено на „Снепчет”.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Претседателот на Колумбија: Ги раскинуваме дипломатските односи со Израел
Колумбискиот претседател Густаво Петро изјави дека ќе ги прекине дипломатските односи со Израел поради војната во Газа.
Петро претходно силно го критикуваше израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и повика Колумбија да се приклучи на тужбата за геноцид на Јужна Африка против Израел пред Меѓународниот суд на правдата.
„Овде пред вас, владата на промени, претседателот на републиката, најавува дека утре ќе ги прекине дипломатските односи со државата Израел, затоа што има влада, затоа што има претседател геноциден“, рече Петро на собир по повод Меѓународниот ден на трудот.
Светот не може да биде слеп пред настаните во Газа, додаде тој.
Во шестмесечната воена операција на Тел Авив загинаа 34.488 Палестинци, а ранети се 77.643, според здравствените власти во Газа. Војната ги расели повеќето од 2,3 милиони жители на Појасот Газа и го уништи најголемиот дел од крајбрежната енклава.
Најавата на Петро за прекин на дипломатските односи со Израел доаѓа во екот на се почестите шпекулации дека Израел наскоро ќе го нападне градот Рафах во јужниот дел на Газа, каде што се засолниле повеќе од милион Палестинци раселени од своите домови.
Регион
Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција
Два земјотреси, во растојание од една минута – во 19.19 и 19.20 часот – вечерва се регистрирани на територијата на Албанија.
Земјотресите се со интензитет од 2,1 степен според Рихеровата скала.
Епицентарот на првиот земјотрес бил на седум километри од Елбасан, додека вториот на 62 километри од Тирана.
Според информациите на ЕМСЦ, неколку минути претходно, земјотрес од 2,5 степени имало и во јужниот дел од Грција, а уште два од 2 и 2,3 степени се регистрирани предмалку на Крит.
Претходно денес, Хрватска ја погоди силен земјотрес од 4,7 степени, а беше почувствуван и во Босна и Херцеговина. По овој потрес, следеа неколку помали.
Свет
Хамас: Одговор за предлогот за примирје и ослободување на заложниците веројатно утре
Водачите на Хамас вечерва рекоа дека го проучуваат предлогот за примирје и ослободување на заложниците што им го претставија египетските посредници и велат дека се надеваат оти ќе го испратат својот одговор до утре, се вели во соопштението на палестинската милитантна група испратена до „Асошиејтед прес“.
Тековната рунда разговори за примирје меѓу Израел и Хамас изгледаат сериозни, но страните се во несогласување за едно клучно прашање – дали војната треба да заврши како дел од договорот, објави „Тајмс оф Израел“.
„Многу веројатно утре, односно четврток, ако даде Господ, посредниците ќе добијат одговор“, соопшти Хамас.
Преговорите меѓу Хамас и Израел, преку посредници како САД, Катар и Египет, траат со недели, а по Париз се водат нови рунди разговори во Каиро.