Свет
Француската полиција уапси шестмина поради закани кон Макрон
Францускиот Главен директорат за спроведување на Законот за внатрешна безбедност уапси шест лица како дел од истрагата за заканите против претседателот Емануел Макрон, објави БФМ ТВ. Осомничените, наводно, се поврзани со радикално движење.
Апсењата биле изведени во департманите Ил-ет-Вилен, Изер и во Мосел. Париските обвинители почнаа прелиминарна истрага за уапсените, кои имале „непрецизен и лабаво формиран план за насилна акција против францускиот претседател“.
„Ова е истрага за заговор, неодреден и лошо дефиниран во оваа фаза, вклучувајќи и насилни акции против претседателот на републиката”, изјави официјален претставник.
На крајот на јули минатата година полицијата уапси 23-годишен маж кој се обиде да го убие Макрон на воената парада на францускиот Ден на Бастилја, заедно со муслиманите, Евреите, црнците и хомосексуалците. Исто така, минатата година француската полиција уапси десет радикали осомничени за заговор за убиство на портпаролот на Макрон, Кристоф Кастанер, левичарски лидер Жан-Лук Меленшон, и да извршат напади врз мигранти и џамии.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

