Свет
Француски месар нападнат со солзавец од деца бидејќи продавал свинско месо
Деца на возраст од дванаесет години нападнале месар во францускиот град Лион наводно бидејќи во месарницата продавал производи од свинско месо, пренесува локалниот весник „Ле Прогрес“.
Нападите се случиле на 19 септември во месарницата лоцирана во осмиот арондисман во Лион. Во првиот инцидент околу 16 часот децата само ги навредувале вработените.
„Нè обвинуваа за продажба на свинско месо“, вели еден од месарите.
По петнаесетина минути, неколку работници во продавницата излегле надвор и ги избркале децата, но три деца се вратиле во месарницата со канистери со солзавец и ги испразниле во продавницата во која имало купувачи.
Полицијата пристигнала на местото на настанот и ги избркала шесте деца, но тие повторно се вратиле по 18 часот со уште тројца млади луѓе. Според еден вработен, едно дете од групата извадило лажен пиштол за да им се закани.
„Тие нè исмеваа од плоштадот. Едниот се закануваше со лажен пиштол, двајца ни се заканија со непристојни гестови, а другите се смееја“, рече вработениот во месарницата.
Полицијата подоцна уапсила еден член на групата за кој бргу било утврдено дека има само дванаесет години и бил ослободен поради неговата возраст.
Франција регистрира наплив на злосторства извршени од малолетни престапници, особено малолетни мигранти, без придружба. Пред само неколку недели полицијата во Монпелје уапси 13-годишно девојче мигрант за џепарење на градската железничка станица. По апсењето, откриено е дека девојчето било бремено осум и пол месеци.
Минатата година тројца малолетни мигранти од Алжир беа уапсени за брутално мачење и убиство на 28-годишник од Лион, кое исто така беше пренесувано во живо на социјалните мрежи. Тројцата Алжирци биле уапсени откако избегале во соседна Шпанија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Свет
(Видео) Хрват од Дубаи: Во засолниште сме, не знам што ќе биде понатаму
Хрватскиот државјанин Тони Дабиновиќ, кој моментално е во Дубаи, сведочеше за ненадејна евакуација во засолниште што се случила во текот на ноќта. Како што изјавил за хрватски Индекс, тој и другите гости на хотелот биле преместени на безбедна локација откако се вклучиле сирените за тревога.
„Се наоѓаме во засолниште. Бев во хотелот, а сега сите нè сместија во засолниште, во зграда помеѓу хотелите“, рече тој. „Сега е 1:30 часот наутро. Сите нè преместија во засолниште. Имаше сирени и сигнал за тревога преку нашите мобилни телефони што сите го добивме за да се засолниме. Не знам што ќе се случи потоа“, додаде Хрватот од Дубаи.

