Свет
Фрејзер: Русија побара седница на Советот за безбедност на ОН за Украина

Русија побара на 8 февруари да се одржи седница на Советот за безбедност на ОН посветена на Украина, изјави Ванеса Фрејзер, постојан претставник на Малта, земја што претседава со Советот за безбедност во февруари.
Првиот заменик-претставник на Руската Федерација во ОН, Дмитриј Полјански, појасни дека средбата ќе биде посветена на перспективите за мирно решавање на украинската криза во контекст на зголемување на испораките на западно оружје за режимот во Киев, пренесува „РИА новости“.
„Нема да ја пропуштиме годишнината од потпишувањето на минските договори“, додаде рускиот дипломат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Каја Калас: Европа мора да ја поддржи Украина сега повеќе од кога било досега

Европа мора да ја поддржи Украина сега повеќе од кога било досега, изјави денеска високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Каја Калас. Претходно денеска, Калас објави дека министрите на ЕУ го одобриле 16-тиот пакет санкции против Русија, кој таа го опиша како „најсеопфатен“ досега, пренесува Ројтерс.
„Тие влијаат на сè, од бродови на флота во сенка до контролори на игри што се користат за контрола на беспилотни летала. Сега ги имаме најсеопфатните санкции досега, што ги ослабува руските воени напори“, рече Калас на социјалната мрежа X.
Калас, исто така, рече дека утре ќе отпатува во САД за да разговара со американскиот државен секретар Марко Рубио за руско-американските преговори за Украина.
„Можете да разговарате за што сакате со рускиот претседател Владимир Путин, но ако се работи за Европа или Украина, тогаш Украина и Европа треба да се согласат со овој договор“, рече Калас.
Регион
Членовите на техничкиот комитет и управителот на железницата Србија уапсени поради уривање на настрешницата

Во продолжение на акцијата на Специјалното одделение за сузбивање на корупцијата на Вишото јавно обвинителство во Белград, членовите на Специјалното одделение за сузбивање на корупцијата уапсија и неколку членови на техничката комисија за увид во работите на железничката станица во Нови Сад.
Како што дознава Танјуг, членовите на комисијата и управителот на „Српски железници“ Белград, кој беше уапсен рано денеска, се осомничени за недолично работење во врска со уривањето на настрешница во Нови Сад на 1 ноември 2024 година, кога загинаа 15 лица, а две беа тешко повредени.
Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа изјави дека настрешницата паднала поради професионална грешка, а не поради корупција.
„Можеби имало корупција, но тоа нема врска со настрешницата. Настрешницата паднала поради професионална грешка, не затоа што еден подизведувач платил повеќе или помалку на друг подизведувач“, изјави Вучиќ.
Свет
Фон дер Лајен во Киев: Украина во март ќе добие три и пол милијарди евра од ЕУ

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска во Киев изјави дека Украина во март ќе добие 3,5 милијарди евра од Европската унија.
Според неа, Украина ќе има корист и од плановите на Европската унија за зголемување на производството на оружје и зајакнување на одбранбените капацитети, пренесува Ројтерс.
Фон дер Лајен утринава со воз отпатува за Киев, каде што се одржува самитот на европските лидери по повод третата годишнина од почетокот на војната во Украина.
„На третата годишнина од бруталната инвазија на Русија, Европа е во Киев. Денеска сме во Киев, бидејќи Украина е Европа. Во оваа борба за опстанок, не е во прашање само судбината на Украина. Ова е судбината на Европа“, рече Фон дер Лајен во објава на мрежата Х утринава.