Свет
Хамас го снимил упадот во Израел, видеата покажуваат како терористичката група ги пробила софистицираните гранични бариери
Серија видеа објавени претходно оваа недела, снимени од камерите GoPro на вооружените лица на Хамас, покажуваат како терористичката група ги пробила софистицираните гранични бариери на Израел со Газа.
Клиповите беа објавени во понеделникот од групата South First Responders на Телеграм, пишува Тајмс оф Израел.
137/n – 10/16/2023 17:43
Description: In these next videos we see the force arrive to the area and detonate multiple barriers meant to protect the Kibbutz residents. The terrorists blow a hole through the wall to reach civilian areas. pic.twitter.com/9oealhERU7
— Luís Da Cruz (@morphiaz) October 16, 2023
На снимката се гледа како терористите на Хамас пристигнуваат до безбедносната бариера на Израел, некои со мотоцикли, пред да направат дупка во оградата. Откако ја пробиле првата ограда, терористите продолжуваат низ тампон зоната на Израел додека не стигнат до веќе оштетениот дел од втората ограда.
Footage of Hamas terrorists on Kibbutz Kerem Shalom on the Simchat Torah massacre
The terrorists went through the houses and fired randomly into them. It was Saturday morning and so people were still sleeping at this time and didn't know that the attack of the murderers was… pic.twitter.com/W9HTuh8Yfw
— Debashish (@nickjr001) October 18, 2023
Откако ја пробиле втората ограда и влегле во Израел, на следната снимка се гледа како терористите удираат во ѕидот околу кибуц Керем Шалом, на границата со јужниот дел на Појасот Газа, и влегуваат во населбата. Во понатамошните снимки, терористите може да се видат како случајно отвораат оган врз куќите и се вклучуваат во битки со локалното обезбедување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски се обрати до нацијата: Се браниме кај Харков, во Доњецк е исклучително тешко
Украинските сили продолжуваат со одбранбените операции околу северните погранични населби во регионот Харков, изјави украинскиот претседател, Володимир Зеленски во вечерното обраќање до нацијата.
„Нашите сили извршуваат контранапади и ја штитат украинската територија веќе втор ден“, рече Зеленски.
Украинската војска претходно соопшти дека руските сили се задржани во пограничните села во „сивата зона“, додека Русија објави дека зазела пет локални населби.
Ситуацијата, рече Зеленски, е особено напната во регионот на Доњецк, поточно во правец на Покровское, кај селата Семенивка и Нетаилова.
Зеленски додаде дека попречувањето на руските офанзивни акции сега е задача број еден.
Свет
Макрон: Се надевам дека Французите нема да мора да се борат во Украина
Францускиот претседател Емануел Макрон уште еднаш не ја исклучи можноста за интервенција на француската армија во Украина, но истовремено изрази надеж дека неговата земја нема да мора да војува и да испраќа свои војници во војна.
Како што пренесува „Украинска правда“, Емануел Макрон рече дека во одреден момент Европејците треба да бидат подготвени да ја спречат Русија да напредува понатаму во Украина, но тој најискрено се надева дека нема да мора да се борат.
„Ако сакаме мир, мораме да го заштитиме. Затоа треба да се вооружиме и затоа треба да бидеме средство за одвраќање и убедување. Ако одите предалеку и ги загрозувате нашите интереси и нашата безбедност, тогаш јас не исклучувам интервенци во конфликтот“, рече Макрон.
Тој нагласи дека украинскиот суверенитет и територијалниот интегритет се под закана, но истовремено владеењето на правото и општите правила се под закана.
„И ако оставиме сè како што е во Украина, тогаш ќе победи правото на посилниот. И не можеме да бидеме сигурни бидејќи тоа се случува на 1.500 километри. Значи, во Украина нашата иднина и нашата безбедност се во прашање“, заклучи францускиот претседател.
Свет
Големи пропалестински протести во Малме пред евровизиското финале, се бара исклучување на Израел од натпреварот
Денеска во центарот на Малме, Шведска се одржува масовен пропалестински протест поради учеството на Израел на овогодинешното натпреварување.
Голем број луѓе почнаа да се собираат на главниот плоштад во Малме од 16 часот.
Протестот почна на главниот плоштад во Малме, а насобраните од ова место се упатија кон арената Малме, каде што се одржува Евровизија.
Во четвртокот, кога претставничката на Израел настапи во втората полуфинална вечер, на улиците на Малме протестираа повеќе од 30.000 луѓе, според проценките на шведската полиција.
Барањата се исти – бојкот на Евровизија и исклучување на Израел од натпреварувањето.