Свет
Хамас денеска треба да ги достави имињата на четворицата израелски заложници што треба да бидат ослободени
Шефот на палестинската милитантна група Хамас на окупираниот Западен Брег, Захер Џабарин, потврди дека Хамас денеска ќе им ги предаде на посредниците имињата на четворицата израелски заложници што ќе бидат ослободени во втората група како дел од првата фаза од прекинот на огнот.
Договорот, во очекување на нивната размена за палестинските затвореници, од кои некои се осудени на доживотен затвор, ќе дојде утре.
Тој во интервју за телевизијата „Ал Арабија“ рече дека договорот се движи во вистинска насока благодарение на волјата на отпорот и на палестинскиот народ и покрај израелските прекршувања.
Кога станува збор за преминот Рафа, Џабарин истакна дека Хамас за време на преговорите инсистирал управувањето со преминот да биде палестинско-египетско прашање.
Џабарин откри дека преговорите за втората фаза од договорот за прекин на огнот во Газа ќе почнат за две недели и ќе се фокусираат на три точки: целосно повлекување на Израел од Газа, траен и сеопфатен прекин на огнот и целосна размена на затвореници.
Тој нагласи дека механизмите за реконструкција ќе бидат дел од третата фаза од преговорите истакнувајќи дека тоа ќе го гарантираат посредниците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

