Свет
„Харвард“: Социјалното дистанцирање во САД би можело да трае до 2022 година
Социјалното дистанцирање во Америка би можело да трае до 2022 година, тврдат научниците од Универзитетот „Харвард“.
Тие веруваат дека карантинот ќе треба делумно да продолжи, освен ако набргу не се развие вакцина против коронавирусот или барем додека не се утврди дека луѓето што заздравеле од оваа болест развиле имунитет. Засега нема докази.
„Социјалното дистанцирање ќе мора да трае доколку не се зголеми болничкиот капацитет или не се изнајде вакцина. Дури и ако бројот на пациенти е драстично намален, укинувањето на рестрикциите би овозможило коронавирусот да се врати со голема брзина. Оддалечувањето е најсилното оружје против овој вирус и е потребно, па ќе треба да биде во функција уште неколку години“, тврди научник од Универзитетот.
Тој додаде дека се работи на развојот на тестирање на имунитетот против вирусот и колку трае тој за да може на граѓаните што развиле имунитет да им биде укинат карантинот. Ова, пак, ќе доведе до голем социјален проблем затоа што оние што немаат имунитет би се чувствувале како граѓани од втор ред и ќе мора да останат дома.
Во САД повеќе од 610.000 се заразени, а речиси 26.000 лица починале.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

