Контакт

Свет

Хасан Рухани: САД го живеат најлошиот период во својата историја  

Објавено пред

САД минуваат низ еден од најлошите периоди во својата историја, изјави за иранската новинска агенција „Фарс“ претседателот на земјата, Хасан Рохани, пренесува „Спутник“

dobivaj vesti na viber

„Денес има малку истражувачи, интелектуалци и експерти во САД што ги делат истите мислења како оние во Белата куќа, а некои од нив дури и експлицитно ги нарекуваат американските политичари идиоти. Ова ретко се случува во историјата на САД“, изјави Рохани.

Тој се осврна и на силните сојузници на Вашингтон и на традиционалните партнери што сега гордо се дистанцираат од САД.

„САД денес се наоѓаат во најлоша ситуација на глобално ниво, па дури и меѓународните организации, како УНЕСКО, ОН, Меѓународната агенција за атомска енергија и Меѓународниот кривичен суд, не ја одобруваат американската политика“, истакна Рухани.

Зборувајќи за зголемениот притисок од Белата куќа врз Техеран по повлекувањето на Вашингтон од нуклеарната спогодба од 2015 година, Рухани истакна дека Техеран во моментот се соочува со несакана економска војна и контактира со оние што претпочитаат да ги игнорираат меѓународните норми.

На крајот од минатиот месец Рухани вети дека Техеран ќе ги надмине економските предизвици и ќе им покаже на антииранските функционери во Белата куќа дека политиката на санкции на Вашингтон на крајот ќе пропадне. Иранскиот претседател истакна дека САД се повеќе изолирани од кога било претходно поради санкциите додавајќи дека нелегалните активности на Америка ја изолираа меѓу сојузниците.

На 8 мај американскиот претседател Доналд Трамп ја објави одлуката да ја напушти нуклеарниот договор со Иран и повторно да ги наметне санкциите против Техеран и секоја држава или компанија што работи со Исламската Република. Првата фаза од економските ограничувања, која вклучува забрана за купување американска валута, тргување со злато и други благородни метали, како и купување алуминиум и челик за индустриски цели, стапи во сила на 5 август. Вториот дел, кој вклучува санкции за иранската пристаништа, енергетскиот сектор и странските трансакции, треба да се воведе на почетокот на ноември.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Сопственикот на Кран Монтана каде загинаа 40 лица, излезе од притвор со гаранција од 200.000 швајцарски франци

Објавено пред

Сопственикот на барот во швајцарското скијалиште Кран Монтана, во кој загинаа 40 лица во пожар за време на новогодишна забава, е пуштен на слобода откако судот му го укина притворот.

dobivaj vesti na viber

Жак Морети е пуштен на условна слобода, соопшти судот во Сион, во швајцарскиот кантон Вале.

Морети мора да ги предаде личните и патните документи, нема право да ја напушти земјата, должен е секојдневно да се јавува во полиција и да плати кауција. Судот соопшти дека на сметката на обвинителството се уплатени 200.000 швајцарски франци, наводно од негови блиски пријатели. Слични услови важат и за неговата сопруга Џесика.

Според првичните истраги, за време на новогодишната забава во барот „Le Constellation“, прскалките ја запалиле пената на таванот, по што пожарот се проширил исклучително брзо.

Во пожарот загинаа 40 лица, меѓу кои и голем број малолетници. Вкупно 116 лица беа повредени, од кои 80 со тешки изгореници.

Прикажи повеќе...

Свет

Заврши првата рунда преговори меѓу Украина и Русија со посредство на САД

Објавено пред

Руски, украински и американски претставници се сретнаа вчера во Абу Даби за прв пат во овој формат за да ги разгледаат за условите за завршување на четиригодишната војна во Украина, бидејќи Москва продолжува да инсистира Киев да ги повлече своите сили од Донбас, јавија светските агенции.

dobivaj vesti na viber

Според украинскиот претседател Володимир Зеленски, спорното прашање за територијата останува главна пречка за постигнување договор во овие разговори, кои треба да продолжат денеска.

Ова се првите директни разговори меѓу Москва и Киев за американскиот план за завршување на војната, која однесе десетици илјади животи од 2022 година.

Прикажи повеќе...

Свет

Трамп: Канада ја избра Кина пред „Златната купола“

Објавено пред

Доналд Трамп напиша на Truth Social дека Канада е против изградба на „Златна купола“ над Гренланд, иако куполата би ја заштитила самата Канада.

dobivaj vesti na viber

„Канада е против изградба на Златна купола над Гренланд, иако Златната купола би ја заштитила Канада. Наместо тоа, тие избраа да соработуваат со Кина, која ќе ги „изеде“ во првата година“, напиша тој на социјалната мрежа.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија35 минути

Со понудени куќи, булдожери и милионска гаранција конзулот Марковски излезе од притвор

Куќа со двор и 3 стана во Битола, 25 булдожери и камиони, се гаранцијата која ја дал сопственикот на „Марковски...

Македонија11 часа

По денешните протести, Синдикатот на „Македонска пошта“: Надминати се сите проблеми, декемвриската плата е исплатена

Незадоволството на вработените во Македонска Пошта денеска прерасна во организиран протест низ целата држава, а причина за ваквата реакција и...

Европа12 часа

(Видео) Се појавија првите снимки од денешната средба: разговорите меѓу САД, Украина и Русија во Абу Даби ќе продолжат утре

Трилатералните разговори меѓу САД, Украина и Русија, што се одржаа денес во Абу Даби, беа оценети како продуктивни и ќе...

Европа12 часа

(Видео) Зеленски: Разговорот веќе се одржа, долго време немало ваков трилатерален состанок

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето видео обраќање извести за клучните дипломатски напори, ситуацијата на фронтот, енергетската криза и мерките...

Македонија12 часа

Тошковски: СДСМ и ДУИ се длабоко заглавени во сопственото политичко мочуриште, во кое партиските калкулации се ставаат над човечките животи

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, преку свој статус на фејсбук се огласи по повод денешното изгласување на Законот за...

Топ15 часа

Со фалсисифкување документи го оштетил РЕК Битола за речиси 90.000 евра: кривична против управител на приватна фирма од Новаци

СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против 46-годишниот М.Т. од Битола поради постоење основи на сомнение...

Македонија15 часа

Најавен прекин на товарниот сообраќај на граничните премини од понеделник: МВР ќе обезбеди непречен сообраќај за патничките возила и автобусите

Министерството за внатрешни работи – Оддел за гранични работи и миграција известува дека до Министерството за внатрешни работи е доставена...

Македонија17 часа

(Видео) Левица за „Безбеден град“: Глобите да се пресметуваат според примањата

На денешната седница на Собранието, координаторот на пратеничката група на Левица, Борислав Крмов, најави дека во Законот за прекршоци, преку...

Македонија17 часа

Фатон Сељами избран за нов Народен правобранител

Со поддршка од 89 пратеници, Собранието денеска во рамки на 65. седница го избра Фатон Сељами од Тетово за нов...

Македонија18 часа

(Видео) Тренчевска: ВМРО-ЗНАМ ги одби сите амандмани на кривичниот законик, меѓу кои и членот за злоупотреба на службената положба

На денешната комисиска расправа, владејачката коалиција ВМРО-ЗНАМ ги одби сите амандмани на СДСМ за измените на Кривичниот законик, соопшти потпретседателката...

Македонија18 часа

Системот „Безбеден град“ стартува од 1 февруари – Собранието ги усвои законските измени

Со 81 глас „за“ и 19 „против“ и воздржани, Собранието денеска го изгласа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот...

Македонија19 часа

Филков: Случајот со апелациониот судија не е само скандал, тоа е симбол на длабока системска слабост

Министерот за правда Игор Филков на денешната прес-конференција се осврна на актуелните состојби во правосудството и пристапот на Министерството за...

Македонија20 часа

Нема подигање пратки од Пошта, вработените протестираат за плата: ги минаа празниците и најдолгиот месец во годината без пари

Вработените во Македонска пошта од целата држава денес излегоа на протест преку кој побараа да им се исплати платата која...

Економија20 часа

Мицкоски: Без одржлива струја нема развој на вештачката интелигенција – градиме гасни интерконектори со две соседни држави

Македонија ги зајакнува преносните линии за електрична енергија и за гас, во однос на вештачката интелигенција. Се гради еден гасен...

Македонија21 час

СДСМ со пакет амандмани: промена на членот за злоупотреба на службената положба, без рок за конфискација и 48 часа за снимките од „Безбеден град“

Пратениците на СДСМ поднесоа повеќе амандмани на Предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик. Како што соопштуваат од партијата,...

Свет24 часа

(Видео) Бурата „Ингрид“ пустоши низ Франција: бранови како згради, ветерот носи сè пред себе

Бурата „Ингрид“ денес донесе силни ветрови, обилни врнежи од дожд и крајбрежни поплави во западниот француски департман Финистер во регионот...

Свет1 ден

Аракчи му порача на Зеленски: На светот му е доста од збунети кловнови

Министерот за надворешни работи на Иран, Абас Аракчи, му порача на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, дека „на светот му...

Македонија1 ден

Јанкулоска: СЈО и сите таму беа „црпнати“, водеа политички прогон и билдаа партиски рејтинзи

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, го коментира застарувањето на предметот „Талир“ на некогашното специјално обвинителство. Таа обвини дека...

Свет1 ден

Трамп до канадскиот претседател: Ја повлекувам вашата покана до најпрестижниот Одбор за мир

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес ја повлече претходната покана до Канада да се приклучи на Одборот за мир, иницијатива...

Свет1 ден

Путин ​​се сретна со Американците, им рече дека не се откажува од украинските региони

Русија објави дека денес ќе одржи безбедносни разговори со САД и Украина во Абу Даби, предупредувајќи по средбата на претседателот...