Свет
Холандија планира да испрати воена опрема во Украина

Холандија планира да испрати воена опрема во Украина вклучувајќи пушки, муниција, радарски системи и роботи за откривање мини, соопшти денеска владата на земјата.
„Ние сè уште се стремиме кон дипломатско решение, но во исто време Украина мора да може да се одбрани од евентуален руски напад“, изјави холандскиот министер за надворешни работи, Вопке Хоекстра, цитиран од „Ројтерс“.
Кризата на границата меѓу Украина и Русија не стивнува откако Русија, според западните медиуми, акумулирала над 100.000 војници во близина на украинските граници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Хрват загина во Украина: „Тој го користеше сопственото тело за да ги заштити своите другари во последните моменти“

Тони Херцег, Хрват од Босна и Херцеговина и офицер на француската армија, загина на 6 мај во Луганск, Украина. Дипломатски извори за РТЛ неофицијално потврдија дека Тони имал и хрватско државјанство, пишува „Индекс.хр“.
Се наведува дека Херцег се истакнал како офицер во мировните мисии ширум светот, а неговите соборци сведочат дека во последните моменти со своето тело ги заштитил припадниците на единицата со која командувал и ги спасил ранетите од непосредна смрт.
Херцег е внук на поранешниот премиер на Херцеговско-неретванската жупанија, Невенко Херцег, пишува „Херцеговина.инфо“. Потекнувал од херцеговско семејство кое било населено во Лион, Франција од воените години во Босна и Херцеговина, а бил професионален војник во француската армија. Не е прецизирано дали станува збор за Легијата на странците, но се знае дека после тоа се приклучил на 3-та ударна бригада на украинската армија, пишува тој портал.
Ќе биде погребан во Загреб.
Третата посебна јуришна бригада на вооружените сили на Украина беше формирана во 2022 година како дел од пошироката реорганизација на волонтерски единици во редовната армија. Бригадата стана позната по својата улога во најинтензивните битки – од Бахмут и Авдијивка до регионот Луганск. Нејзините членови се обучени за урбана борба, чистење ровови и брзо маневрирање на линијата на фронтот.
Иако формално е под команда на украинската армија, бригадата наследи дел од структурата и персоналот на баталјонот Азов, кој стана дел од Националната гарда. На чело на бригадата е Андриј Билецки, поранешен командант на Азов.
Свет
Фајненшл Тајмс: Ако трговските преговори се како тениски меч, Трамп штотуку ја префрли топката на теренот на Европа

Ако трговските преговори се како тениски меч, Трамп штотуку ја префрли топката на теренот на Европа. Европската унија сега мора да одлучи дали ќе возврати со контрамерки или ќе попушти пред американските барања за отстапки, пишува Фајненшл тајмс и додава:
Земјите-членки веќе одобрија пакет контрамерки во вредност од 21 милијарда евра, кои вклучуваат царини до 50 отсто за производи како пченка, пченица, мотоцикли и облека – мерки кои треба да стапат на сила на 14 јули, но може брзо да се активираат доколку е потребно.
Во исто време, Европската комисија размислува за поширок пакет мерки во вредност од 95 милијарди евра, кој би вклучувал авиони Боинг, автомобили и бурбон виски.
Свет
Трамп: Ќе воведам царина од 25 отсто на „Епл“ ако не почне да произведува „Ајфон“ во Америка

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „Епл“ мора да ги произведува своите „ајфон“ телефони во Соединетите држави – или ќе се соочи со царина од 25 проценти.
„Го информирав Тим Кук од „Епл“ одамна дека очекувам ајфоните кои се продаваат во Соединетите Американски Држави да се произведуваат во САД, а не во Индија или на кое било друго место“, напиша Трамп на платформата „Тру соушал“.
„Ако тоа не е случај, „Епл“ ќе мора да плати тарифа од најмалку 25 отсто на САД“, напиша Трамп.
Минатата недела, за време на посетата на Блискиот Исток, Трамп изрази незадоволство од планот на „Епл“ да произведува „ајфон“ уреди за американскиот пазар во новоизградените објекти во Индија.