Свет
Холандските џамии бараат Герт Вилдерс да биде блокиран на Твитер
Здружение на џамии во Холандија побара од „Твитер“ да го затвори профилот на Геерт Вилдерс, заканувајќи се со правно дејство ако гигантот на социјалните мрежи не го почитува барањето.
Турско-исламската културна федерација (ТИЦФ), која претставува 144 турски џамии во Холандија и е поврзана со турската управа за верски прашања Дијанет, тврди дека критиките на Вилдерс за исламот се во спротивност со условите на услугите на компанијата, пренесува „Алгемин дагблад.“
Адвокатот на ТИЦФ, Ејдер Кесе, изјави за холандскиот весник дека групата има намера да поднесе жалби против „Твитер“ во Турција, Мароко, Пакистан и во Индонезија – четирите исламски земји каде што богохулењето е казниво дело.
„’Твитер’ му нуди на Вилдерс платформа за ширење на неговата омраза и пропаганда низ целиот свет. Ова значи дека не само Вилдерс, туку и ‘Твитер’ е предмет на казнување во овие земји. Светот е поголем од Холандија”, рече Кесе.
Адвокатот укажа на конкретни твитови на антиисламистичкиот говорник, како на пример: „Вистината: Мохамед е пример за повеќе од милијарда муслимани. Мухамед бил педофил, масовен убиец, терорист и лудак “, велејќи дека твитот ги повредува муслиманите и го легитимира насилството.
Лидерот на Партијата за слобода (ПВВ), која е втора по големина во Холандија, но беше замрзната од владејачката коалиција на холандскиот премиер Марк Руте по парламентарните избори во март 2017 година, ја објави статијата со барањето дефинирајќи ја со еден збор: „Лудило”.
Во март, ТИЦФ поднесе претставка до канцеларијата на јавниот обвинител на Холандија против Вилдерс во врска со еден филм што го споделил на Твитер, а во кој се вели дека исламот значи дискриминација, насилство и терор. Јавниот обвинител одлучи да не покрене судски случај против Вилдерс. Кесе коментирал дека за неговиот клиент тоа е неразбирливо.
„Затоа почнавме да бараме други начини да го спречиме Вилдерс. Ако не функционира преку кривичното право, ќе се обидеме преку граѓанското право,” вели тој.
На крајот од 2016 година, Вилдерс беше прогласен за виновен за поттикнување дискриминација и беше казнет со 5 000 евра за коментарите за мароканските емигранти на судењето што холандскиот политичар го нарече „политички мотивирана шарада која ја загрозува слободата на говорот“. Во 2011 година, тој беше ослободен од обвинението откако ја спореди муслиманската света книга Куранот со „Мајн кампф“ на Адолф Хитлер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

