Свет
Хуманитарци на „Лекари без граници“ тргувале со лекови во замена за секс
Хуманитарци на „Лекари без граници“ (МСФ) тргувале со лекови во заменa за секс со ранливите млади жени во Африка, тврдат поранешни вработени во организацијата. Дојавувачите во четвртокот за програмата на Викторија Дербишир на Би-би-си изјавиле дека употребата на проститутки од страна на персоналот во невладината оргамизација финансирана од Џорџ Сорос е бесрамна и масовно распространета.
Една од поранешните вработени што зборуваа анонимно од страв дека ќе се најдат на црната листа на хуманитарните организации посочи дека лично видела висок член на персоналот кој довел многу млади девојки во сместувачките капацитети на МСФ во Кенија додавајќи дека било повеќе од очигледно оти девојките биле проститутки.
„Мојот колега, кој долго време престојуваше во истата резиденција, сметаше дека ова е редовна појава“, рече таа.
Уште една дојавувачка посочи дека е шокирана кога слушнала како висок претставник на МСФ за хуманитарна помош се фалел дека премногу е лесно да се дојде до секс во замена за медицински резерви додека бил стациониран во Либерија.
„Тој им предлагаше на многу млади девојки што ги загубија своите родители во епидемијата со ебола да направат нешто сексуално во замена за лекови“, изјави дојавувачот за Би-би-си.
Коментирајќи дали во МСФ биле свесен за наводите дека вработените користат проститутки, поранешната вработена изјави дека верува оти организацијата се прави дека не ги гледа некои од „постарите“ момци (кои долго време биле во невладината организација и го искористиле својот повисок статус). Сепак, можно е менаџментот да не бил свесен за тоа“, рече таа.
Брендан Кокс, вдовец на покојната пратеничка од лабуристите, Џо Кокс, по смртта на својата сопруга се повлече од добротворните организации што ги основал по наводите за сексуално вознемирување.
Одговарајќи на тврдењата, портпаролката на МСФ рече: „Не толерираме злоупотреба, малтретирање или експлоатација во рамките на МСФ. Жалиме за сите случаи кога луѓето биле подложени на вознемирување или злоупотреба или биле на друг начин малтретирани и/или се чувствувале дека со нив не се постапува соодветно. Знаеме дека МСФ не е имун на овие прашања и сериозно ги сфаќаме сите извештаи“, рече таа барајќи од сите што се загрижени поради нечие несоодветно однесување да го пријават тоа преку доверливата шема на дојава во невладините организации.
Во јуни 2016 година МСФ објави дека веќе нема да зема пари од земјите членки на ЕУ или од Брисел во знак на протест поради обидите на блокот да ги истера луѓето и нивното страдање подалеку од европските брегови преку својот миграциски договор со Турција. Химанитарниот сектор последниве месеци е преокупиран со скандалите во рамките на кои Хаити минатата недела изјави дека го повлекува правото на „Оксфам Велика Британија“ да дејствува во земјата поради наводите за помош во замена за секс и обвинувањата за силување и сексуален напад од страна на персоналот во Јужен Судан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски и Трамп разговараа пред новата рунда преговори со Русија
Украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговиот американски колега Доналд Трамп разговараа телефонски во пресрет на новите преговори со Русија.
Во објава на мрежата „Икс“, Зеленски соопшти дека со Трамп разговарал за прашањата што ќе бидат тема на утрешните билатерални разговори во Швајцарија. На разговорот присуствувале и специјалниот пратеник Стив Виткоф и зетот на Трамп, Џаред Кушнер.
Зеленски наведе дека разговарале и за подготовките за следните трилатерални мировни преговори меѓу Москва, Киев и Вашингтон, планирани за почетокот на март.
„Очекуваме овој состанок да создаде можност разговорите да се подигнат на ниво на лидери. Претседателот Трамп го поддржува овој редослед на чекори. Тоа е единствениот начин да се решат сите сложени и чувствителни прашања и конечно да се стави крај на војната“, изјави Зеленски.
Тој нагласи дека украинскиот и американскиот тим интензивно работат и им се заблагодари на САД за активното учество во преговорите и напорите за завршување на војната.
Свет
Мексико ја скратува работната недела од 48 на 40 часа
Мексиканскиот парламент усвои уставна реформа со која работната недела постепено ќе се скрати од 48 на 40 часа, при што намалувањето целосно ќе стапи во сила во 2030 година.
Од 2027 година работната недела ќе се намали на 46 часа, а потоа ќе се кратат по два часа годишно сè додека не достигне 40 часа во 2030 година. Властите нагласија дека намалувањето на работното време нема да доведе до намалување на платите.
Реформата беше изгласана со 469 гласа „за“ и без ниту еден „против“. За да стапи во сила, потребно е одобрување и од 17 од 32 регионални парламенти.
Опозициски пратеници ја критикуваа реформата, оценувајќи дека не гарантира доволно денови за одмор. Тие побараа експлицитно да се предвиди два дена одмор по пет работни дена.
Според податоците, Мексико е меѓу земјите со највисоко ниво на стрес поврзан со работата, што беше наведено како аргумент за потребата од повеќе одмор.
Свет
Зеленски: „Дружба“ нема наскоро да биде поправена, Унгарија да се обрати до Русија
Поправката на нафтоводот „Дружба“, преку кој се транспортира руска нафта кон Источна Европа, нема да биде завршена наскоро, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, и покрај барањата од Европската унија и негодувањето од Унгарија.
Испораките на руска нафта кон Унгарија и Словачка се прекинати од 27 јануари, откако, според Киев, во руски напад била оштетена опрема на нафтоводот во западна Украина. Будимпешта и Братислава, пак, ја обвинуваат Украина за прекинот.
Зеленски изјави дека Русија е целосно одговорна за прекинот поради нападите врз украинската критична инфраструктура и ги отфрли „ултиматумите и политичкиот притисок“.
Тој додаде дека Унгарците треба да се обратат до Русија доколку сакаат решавање на проблемот.
„Унгарците треба да апелираат до Русите за енергетско примирје“, изјави Зеленски.

