Свет
(видео) „Хјуман рајтс воч“: Руските сили незаконски апселе и измачувале жители на Херсон
Руските сили незаконски приведувале и измачувале жители на Херсон и околината за време на окупацијата на таа област во периодот меѓу март и ноември 2022 година, објави меѓународната организација за заштита на човековите права „Хјуман рајтс воч“ (ХРВ) цитирајќи нови докази.
„Руските окупаторски сили извршија ужасни измачувања и други злоупотреби врз жителите на Херсон“, вели Јулија Горбунова, висок украински истражувач во ХРВ.
Во последниот извештај создаден врз основа на сведоштвата на 34 лица објавен денеска, ХРВ утврдил дека луѓето биле измачувани во притворската зграда на улицата Теплоенерхетикив во Херсон, која локалните жители ја нарекуваат „дупка“, во затворот на Перекопската улица, како и во импровизирани објекти во зградите на општинската администрација, во едно селско училиште и во еден аеродромски хангар.
Жителите на Херсон, кои сведочеле за малтретирањето, посочиле дека тоа вклучувало претепувања со стапови и гумени палки, измачување со струја, закани со смрт или осакатување и употреба на болни пози под стрес, посочува ХРВ, додавајќи дека на приведените не им била укажана соодветна медицинска нега.
Меѓу сведоците се 12 поранешни притвореници и 10 члена на нивните семејства, кои раскажуваат дека приведените биле измачувани или дека сведочеле на тортура на други притвореници, што во три пријавени случаи резултирало со смрт на притворениците.
ХРВ истакнува дека руските трупи во Херсон прифатиле сличен модел во нивното однесување кон цивилите за време на окупацијата, кој вклучувал претреси на станови, избирање еден или двајца од станарите и нивно апсење под разни обвиненија и притварање во еден од повеќе од 20-те притворскии центри во и околу Херсон.
„Пет месеци поминаа од повлекувањето на руските сили од Херсон и околните области, ние сè уште ја гребеме површината на злосторствата што тие ги извршија, а третманот на сите украински цивили во окупираните области е сè поалармантен“, предупредува Горбунова.
„Хјуман рајтс воч“ потсетува дека намерното малтретирање, тортура или убивање цивили или воени заробеници, намерното предизвикување страдање или сериозни повреди или нивно незаконско депортирање или преместување е воено злосторство.
„Одговорните за овие ужасни дејства не смее да останат неказнети, а жртвите и нивните семејства треба да добијат отштета за своите маки и за понудените информации за оние што сè уште се водат за исчезнати“, нагласи Горбунова.
И украинските власти истражуваат случаи на незаконско притворање, тортура и друго малтретирање во Херсон и околниот регион за време на руската окупација, каде што, според процените на Еуген Терешенко, обвинител во Единицата за воени злосторства за регионот Херсон, има 4.000 до 5.000 регистрирани случаи на приведени цивили, но реалниот број може да е поголем, пренесува Радио Слободна Европа.
Меѓународната истражна комисија во Украина, поддржана од Обединетите нации, во извештајот објавен на 16 март наведе дека Русија во голем обем ги прекршила одредбите од меѓународноите закони за човекови права и хуманитарните норми и дека дел од тие прекршувања претставуваат воени злосторства.
Главната препорака на комисијата беше дека „сите прекршувања и злосторства треба да се истражат и одговорните да одговараат, без разлика дали на национално или меѓународно ниво“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел: Способноста на Иран да лансира ракети ќе биде значително нарушена
Израел очекува способноста на Иран да испали балистички ракети да биде значително нарушена во следните 24 часа, изјавија двајца израелски функционери, како резултат на зголемените напади на САД и Израел. Според нив, се очекува фреквенцијата на иранските ракетни напади да се намали до вторник вечерта и да бидат испукани помалку ракети кон Израел, пренесуваат медиумите во регионот.
Во првите три дена од војната, САД и Израел погодија повеќе од 1.200 цели. Се очекува тој број да се удвои до вторник, по она што официјалните лица го опишаа како неуморно темпо на напади што започна во понеделник и се очекува да продолжи во текот на ноќта.
Еден од функционерите рече дека се очекува нападите на американските и израелските сили во понеделник вечерта да бидат насочени кон ракетни лансери, сили за внатрешна безбедност и цели на Револуционерната гарда. Американските и израелските функционери денес нагласуваат дека темпото и успехот на воздушната кампања досега ги надминале сите очекувања.
Свет
Иранската револуционерна гарда: „Непријателот нема да биде безбеден никаде во светот, дури ниту во своите домови“
Иранската револуционерна гарда, паравоена формација на која се потпира исламската влада во Техеран, денес се закани, по повод американско-израелските напади врз Иран, дека ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“ и дека непријателите нема да бидат безбедни „никаде во светот, дури ни во своите домови“, објавува CNN.
Како што објави иранската државна телевизија, Иранската револуционерна гарда соопшти дека неодамнешната загуба на врховниот лидер ајатолахот Ал Хамнеи и други високи функционери „не го потресе (Иран), туку само го направи посилен“.
Високо вооружената и организирана гарда – која постои паралелно со иранската армија и вклучува доброволни одреди – вети во соопштение дека Иран ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“.
„Непријателот треба да знае дека неговите среќни денови се завршени и дека повеќе нема да бидат безбедни никаде во светот, дури ни во своите домови“, се додава во соопштението што го пренесе CNN.
Регион
Дачиќ симнат од респиратор
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.
Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.
„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.

