Свет
Црвена полумесечина: Изгубивме контакт со нашите тимови во Газа

Палестинската Црвена полумесечина соопшти дека целосно изгубила контакт со сите свои тимови во Појасот Газа, откако мобилните телефонски и интернет услугите беа прекинати низ територијата поради силните бомбардирања.
„Длабоко сме загрижени за способноста на нашите тимови да продолжат да ги обезбедуваат своите итни медицински услуги, особено бидејќи ова нарушување влијае на централниот број за итни случаи „101“ и го отежнува амбулантното возило да стигне до ранетите и повредените. Загрижени сме и за безбедноста на нашите тимови кои работат во Појасот Газа бидејќи континуираните и интензивни израелски воздушни напади дење и ноќе покажуваат дека израелските власти ќе продолжат да вршат воени злосторства додека ја изолираат Газа од надворешниот свет“, се вели во соопштението.
„Ја повикуваме меѓународната заедница да изврши притисок врз израелските власти да обезбедат итна заштита на невините цивили, медицинските установи и нашите тимови“, соопшти палестинската Црвена полумесечина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Ирански генерал: Во текот на ноќта уништивме стратешки цели во Израел

Иран објави дека во текот на ноќта уништил стратешки цели во Израел со помош на беспилотни летала, пренесува агенцијата „Франс прес“.
„Разни видови деструктивни беспилотни летала, со можност за прецизно таргетирање, ги уништија стратешките позиции на ционистичкиот режим во Тел Авив и Хаифа“, изјави генерал Киумарс Хеидари, командант на иранските копнени сили.
Израелски воен претставник изјави дека 20-ина проектили биле лансирани во последниот бран ирански напади, од кои повеќето биле пресретнати. Сепак, како што изјави израелски воен претставник за Би-би-си, некои проектили поминале низ противвоздушната одбрана и погодиле отворени области.
Свет
Иран најави нов напад со дронови

Иран предупреди дека бран беспилотни летала ќе го погоди Израел во наредните часови.
Висок воен командант најави дека нападите ќе се интензивираат.
Иран и синоќа изврши напад, кој траеше четири часа. Овој напад беше комбиниран, со беспилотни летала и проектили на многубројни цели во Израел, со што почна деветтиот бран ирански напади.
Свет
Русите тврдат дека синоќа уништиле 51 украински дрон

Руските единици за воздушна одбрана уништија 51 украинско беспилотно летало над регионот Белгород, соопшти вчера вечерта руското Министерство за одбрана.
Во последните недели и Русија и Украина користат напади со беспилотни летала на голем број прекугранични цели, па руските сили вчера вечерта извршија таков напад врз Киев и неговата поширока област. Лидерите на Киев досега објавија дека при нападот се повредени најмалку 11 лица, како и дека е уништена инфраструктурата.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека споменатото уништување на украински беспилотни летала се случило вчера, меѓу 20 и 23 часот.
Американскиот претседател Доналд Трамп уште еднаш се осврна на конфликтот меѓу Русија и Украина.
„Убеден сум дека може да се постигне договор со Москва во врска со крајот на конфликтот во Украина. Сè уште чекам да видам дали договорот ќе биде потпишан или не“, изјави американскиот претседател за новинарите.
Фото: илустрација