Свет
Четворица тинејџери пронајдени живи откога ја поминале ноќта на штица за веслање во Австралија
Полицијата го нарече божиќно чудо што четворица тинејџери беа пронајдени живи и здрави откога ја поминаа ноќта лебдејќи на штица за веслање во немирни води во близина на полуостровот Викторија Морнингтон во Австралија.
Двајца 18-годишни мажи и две девојки (18 и 19 години) биле пронајдени на островот Лебедово околу 9 часот во средата откога биле однесени од силен источен ветер.
Групата тргна на две штици на дување во понеделникот вечерта од плажата Розебад пред да отплови кон средината на заливот Порт Филип и на крајот заврши на 30-ина километри.
Околу два часот наутро слетале на островот и бидејќи биле дезориентирани и им било ладно, се засолниле во колиба. Кога изгреало сонцето, тие талкале низ островот додека не беле пронајдени од безбедносните сили, пренесува „Гардијан“.
Тие се пренесени во болница во стабилна состојба и без повреди.
Безбедносниот и воениот персонал на островот на крајот ја известиле полицијата.
„Ваквите работи обично завршуваат трагично. Ова е божиќно чудо“, рекол инспекторот Јан Прегнел.
Островот Лебедово е воена база за обука на едната страна и „Квинсклиф голф-клуб“ од другата страна.
Работите на тинејџерот, меѓу кои телефони и лични карти, ги пронашол случаен минувач на плажата во понеделникот околу 20 часот по што била почната потрага, пренесе „Телеграф.рс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Северна Кореја ги осуди нападите врз Иран: „Нелегална агресија“
Северна Кореја ги осуди израелските напади и американската воена операција против Иран, нарекувајќи ги „нелегална агресија“ и кршење на националниот суверенитет, пренесува Ројтерс, повикувајќи се на државната агенција КЦНА.
Портпаролот на севернокорејското Министерство за надворешни работи изјавил дека американската операција била очекувана и ја оценил како неизбежен исход поради, како што навел, хегемонистичката и гангстерска природа на САД. Во соопштението се наведува дека агресорската војна на САД и Израел е неприфатлива во какви било околности.
Пјонгјанг повика регионалните земји и другите заинтересирани страни да преземат одговорност за воспоставување мир и стабилност на Блискиот Исток.
Израелската војска претходно објави дека почнала опсежни напади врз центарот на Техеран, по операцијата во која беше убиен иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи.
Фото: Depositphotos
Свет
Путин со сочувство до Иран, нападите ги нарече цинично кршење на меѓународното право
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изрази длабоко сочувство до иранскиот претседател Масуд Пезешкијан по повод убиството на врховниот лидер Али Хамнеи и членовите на неговото семејство, соопшти Кремљ.
„Ве молам примете го моето најдлабоко сочувство по повод атентатот врз врховниот лидер на Исламската Република Иран, Сејед Али Хамнеи, и членовите на неговото семејство, извршен во цинично кршење на сите норми на човечкиот морал и меѓународното право“, се наведува во соопштението, пренесува агенцијата РИА Новости.
Хамнеи беше убиен во саботата наутро во нападите што ги извршија Израел и Соединетите Американски Држави, потврди утрово иранската влада, а пренесоа иранските државни медиуми.
Во саботата САД и Израел започнаа серија удари врз ирански цели, вклучително и во Техеран, при што беше предизвикана материјална штета и цивилни жртви. Потоа Иран возврати со ракетни напади врз израелска територија и врз американски воени објекти на Блискиот Исток.
Свет
Иран се закани со напади врз САД и Израел: „Ќе удриме со сила каква што не доживеале“, Трамп одговори
Началникот на иранската служба за безбедност, Ари Ларјани, изјави дека Иран ќе ги нападне САД и Израел „со сила каква што никогаш претходно не доживеале“.
„Вчера Иран испали ракети кон САД и Израел и тие нанесоа штета. Денес ќе ги удриме со сила каква што никогаш досега не доживеале“, објави Ларијани на социјалната мрежа Икс.
YESTERDAY IRAN FIRED MISSILES AT THE UNITED STATES AND ISRAEL, AND THEY DID HURT. TODAY WE WILL HIT THEM WITH A FORCE THAT THEY HAVE NEVER EXPERIENCED BEFORE.
— Ali Larijani | علی لاریجانی (@alilarijani_ir) March 1, 2026
Американскиот претседател Доналд Трамп одговори со предупредување преку социјалните мрежи, наведувајќи дека ако Иран нападне посилно од кога било, САД ќе возвратат „со сила каква што никогаш не виделе“.
Откако претходно објави дека во американско-израелските напади бил убиен врховниот верски лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, Трамп оцени дека тоа претставува правда и порача дека Иран има најголема шанса да си ја врати земјата.
Тој додаде дека, според негови информации, дел од припадниците на Иранската револуционерна гарда и безбедносните структури не сакаат повеќе да се борат и побараа имунитет, предупредувајќи дека во спротивно ќе се соочат со смрт.

