Свет
Чеченија доби такси-служба само за жени пред почетокот на рамазан

Жените во руската мнозински муслиманска Чеченска Република може да уживаат во возењето со такси со женски возачи кога во главниот град Грозни беше пуштена во употреба такси-служба само за жени, пренесува РТ.
Такси-службата „Мекари“, што на чеченски значи девојки, треба да стане алтернатива за чеченските жени што од верски причини избегнуваат патување без придружба со машки возач надвор од нивниот семеен круг.
„Во моментот во Грозни функционираат пет возила, но планираме нивниот број да се зголеми до 20 до крајот на годината. Сите возачи, се разбира, се жени“, изјави Медина Цакаева додавајќи дека женското такси нема да прифаќа резервации од мажи.
Според апликацијата, „Мекари“ исто така нуди и дополнителни услуги, како што е чистење на домот, па дури и лековито пуштање крв познато како хиџама.
Проектот е финансиран од Фондот на шеикот Зајед од ОАЕ, кој финансира мали и средни бизниси во Чеченија. Новата услуга е погодна за превоз на патници во согласност со религиските стандарди и традиции, вели Фондот на „Инстаграм“.
Сепак, иницијативата во Чеченија доби мешана реакција од корисниците на интернет. Додека многу корисници сметаат оти претпријатието промовира родова сегрегација, споредувајќи го со враќање во средниот век, други го пофалија за безбедноста и почитувањето на верските верувања.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Факели и емоции: „Цесарица“ одекнуваше на фериботот кон Корчула

Три и пол часа по тргнувањето од Сплит, атмосферата на фериботот кон Корчула не стивнуваше. Следеа хитовите на Оливер, а кога бендот ја отпеа „Цесарица“, беа запалени и факели, објави Индекс.хр.
Погледнете ја атмосферата и запалените факели за време на настапот со „Цесарица“:
Регион
Грција бара помош за справување со големите пожари

За активните пожари на неколку различни локации низ целата земја, Грција побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да се испратат шест авиони.
Од попладнево, грчките пожарникари водат битка во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во северна Грција, на островите Евија и Китира, како и во јужниот дел на Пелопонез, од бројот 112 за итни случаи беа испратени низа пораки за превентивна евакуација до жителите на зафатените области.
Портпаролот на противпожарната служба информираше дека во сите пожари интервенираат голем број пожарникари заедно со копнени и воздушни средства, но и дека во деловите каде што се пожарите е пријавена штета, чија процена ќе се направи кога ќе заврши гаснењето.
– Сите пожари што избувнуваат овие денови, а особено денеска, брзо се шират, стануваат опасни, а се очекува овие услови да преовладуваат и во наредните денови. Поради оваа причина, нашата земја побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да ни обезбеди шест авиони, рече Василис Ватракојанис.
Свет
Поради гладување 90.000 жени и деца итно имаат потреба од медицинска интервенција во Газа

Секој трет жител на Појасот Газа со денови не добива храна, предупреди Светската програма за храна (WFP) на Обединетите нации. Во последното соопштение се наведува дека 90.000 жени и деца итно имаат потреба од медицинска интервенција поради тешка неухранетост.
Според Министерството за здравство во Газа, само вчера починале уште девет лица од глад, со што бројот на жртви од неухранетост од почетокот на конфликтот достигна 122.
Израел, кој го контролира влезот на сите залихи во Газа, повторува дека не постои блокада и ја обвинува Хамас за лошата распределба на ресурсите.
Меѓународната заедница, вклучувајќи ги Германија, Франција и Велика Британија, побара итно олеснување на влезот на помошта, а генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш остро ја осуди „рамнодушноста и недостигот на човечност“ во глобалниот одговор на кризата.