Свет
Чешка нуди моќни пожарникарски пумпи за да се спасат децата заглавени во тајландската пештера
Чешкиот премиер, Андреј Бабиш, понуди Чешка во Тајланд да испрати моќни пожарникарски пумпи, кои во услови на големи поплави ги користат чешките пожарникари.
Тоа би требало да помогне да се спасат момчињата од локалниот јуниорски фудбалски тим, заробени во пештера во Тајланд.
„Зборував со сопственикот на компанијата ‘Сигма’. Нашите пумпи се најдобри во светот, а по полавите државните служби располагаат со четири пумпи со капацитет од 400 литри во секунда, со кои пожарникарите знаат добро да управуваат. Зборував со претствникот од тајландската амбасада и понудив нашата Влада да помогне во врска со момчињата заробени во пештерата“, напиша Бабиш на Твитер.
Чешките пожарникари се подготвени да им помогнат на момчињата чие спасување и натаму е неизвесно, а акцијата ја следи целиот свет. Чешка може пумпите да ги испрати во рок од 48 часа, но мора да чека официјално барање за помош.
„Може да се види дека во пештерите се користат пумпи со мал капацитет, но нашите ќе помогнат за значително намалување на нивото на водата. Одлично се покажаа за време на големите поплави кај нас кога испумпуваа вода од огромни насипи. Две пумпи за еден час може да отстранат 3 600 кубни метри вода. Кога би се намалило нивото на водата, за неколку дена ќе може да се извлечат и момчињата“, изјавил сопственикот на фирмата „Сигма“, Милан Шимоновски.
Засега спасувачите немаат конкретен план како да ги извлечат 12. момчиња и нивниот тренер од просторијата сместена подлабоко во пештерата, откако беше отфрлена можноста децата да излезат со помош на нуркачки тимови, под образложение дека немаат познавање од нуркање, а некои од нив не знаат ниту да пливаат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
„Што е спротивно на поредокот заснован на правила? Тиранија и војна“ – Калас остро на панел дискусија
Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, изјави на една панел-дискусија дека на меѓународниот поредок му недостига одговорност за прекршувањето на правилата.
„Сите се повикуваат на Повелбата на Обединетите нации. Начелата постојат. Но што се случува кога некој ќе ги прекрши? Очигледно е дека одговорноста не функционира“, рече Калас.
Таа смета дека Советот за безбедност не работи според замислата и дека Обединетите нации „не го одразуваат светот каков што е денес“.
„Повеќето држави во светот сакаат поредок заснован на правила, сакаат правила што ќе го регулираат начинот на кој комуницираме и соработуваме едни со други“, додаде Калас.
Истакна дека големите меѓународни кризи низ историјата го поттикнувале развојот на меѓународното право и дека сегашната криза е можност „овој свет да се развие“.
Коментирајќи го говорот на германскиот канцелар Фридрих Мерц, кој изјави дека „стариот светски поредок исчезна“, Калас заклучи:
„Која е спротивноста на светски поредок заснован на правила? Тоа се тиранија и војни. А очигледно таму се наоѓаме сега.“
Свет
Гувернерот на Калифорнија: Трамп е привремен, ќе замине за три години
Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, жестоко го критикуваше Доналд Трамп, нарекувајќи го „најразорниот претседател“ во историјата на САД и обвинувајќи го дека „сѐ подлабоко тоне во глупост“.
„Никогаш во историјата на САД немало поразорен претседател од сегашниот жител на Белата куќа“, рече Њусом.
Тој смета дека Трамп „се обидува да нѐ врати во 19 век“, додека, како што истакна, Калифорнија успешно покажува дека може да спроведува политики, да се натпреварува и да доминира.
„Ако денес не запомните ништо друго, запомнете го ова: Доналд Трамп е привремен. Ќе замине за три години“, рече Њусом.
Коментирајќи ја климатската криза, тој нагласи дека таа директно ги погодува Американците: „Луѓето горат, се гушат и се варат од горештини; истовремено имаме суши и поплави, како и историски шумски пожари.“
Тој додаде дека во Калифорнија ова прашање одамна ги надминало партиските поделби:
„Калифорнија е голема сина држава, но тука живеат повеќе републиканци отколку во многу републикански држави. Ние одамна сме над партиските поделби, бидејќи нема републикански или демократски термометар. Постојат само реални температури.“
Инаку, Њусом се споменува како можен кандидат на демократите за претседателските избори во 2028 година.
Свет
Данската премиерка: Европа мора да се вооружа со сила и одлучност
Европа мора да се вооружа со сила и одлучност за да се соочи со новиот глобален „неред“, порача данската премиерка Мете Фредериксен на почетокот на дипломатската иницијатива на Минхенската безбедносна конференција.
Голем дел од вниманието на овој важен собир е насочен токму кон Данска и нејзината делегација, а значењето на присуството на Фредериксен беше потврдено и од германскиот политичар Фридрих Мерц, кој во својот говор експлицитно ја спомена Фредериксен и поддршката што ѝ ја дава Европа.
Премиерката пристигна во Минхен во придружба на министрите за надворешни работи и одбрана, а конференцијата претставува прва значајна можност за директни разговори со претставници на САД и други партнери по дипломатската криза предизвикана од спорот околу Гренланд.
Во рамки на дипломатските активности, најавен е и состанок меѓу Фредериксен и американскиот државен секретар Марко Рубио, а една од клучните теми ќе биде токму прашањето за Гренланд.

