Свет
Чешки медиуми: Руски дипломат доставил рицин за убиство на официјални лица во Прага
Чешките медиуми именуваа вработен во руска агенција за странска помош како осомничен во заговорот за атентат против официјални претставници на Прага. Агенцијата ги нарече обвинувањата чиста провокација, пренесува „Риа новости“.
„Нашиот претставник е млад човек, кој зборува течно чешки и ја сака земјата. Ова е неоснована и чиста провокација од чешките власти“, изјави шефот на „Росотрудничество“, Елеонора Митрофанова.
Агенцијата на Митрофанова дејствува на продлабочување на културните врски и на хуманитарните проекти. Но, еден од нејзините вработени, Андреј Кончаков, сега е во центарот на дипломатскиот скандал меѓу Русија и Чешката Република, кој неодамна се претвори во шпионски трилер.
Заплетот дополнително се вжешти кога чешките медиуми го идентификуваа вршителот на должноста шеф на прашкиот разгранок на „Росотрудничество “ како осомничен шпион, кој наводно шверцувал отров рицин во земјата наменет за атентат.
Според телевизискиот канал „ЦТ1“, чешкото разузнавање добило дојава за Кончаков од колега од странска агенција. Меѓутоа, кога тој пристигнал во Прага на 14 март и наводно во торбата го носел токсинот, тие не се обиделе да го пресретнат зашто биле загрижени дека дојавата може да е погрешна или да е дезинформација раширена од руските безбедносни служби за да ги направат будали чешките колеги.
Весникот „Сезнам“ го идентификува Кончаков како осомничен рицин-курир, тврдење што тој мирно го демантира кога се соочи со новинарите пред зградата на амбасадата.
„Мора да е грешка, во куферот носев средства за дезинфекција и бонбони“, изјави Кончаков.
Шпионската приказна првпат ја објави списанието „Респект“ пред две седмици кога напиша дека градоначалникот на Прага, Зденек Хриб, и двајца шефови на општини се под полициска заштота поради наводна опасност од руски атентат. Москва беше обвинета дека ги сакала луѓето мртви поради улогите што ги играле при уривањето на статуата на славниот советски воен командант кој ги предводел силите што ја ослободија Прага за време на Втората светска војна.
Москва ја критикува чешката влада затоа што се дистанцира од отстранување на статуата на маршалот Иван Конев, што Русија го смета за навреда за жртвите поднесени од советските трупи. Уривањето се случи на почетокот на април, но беше нарачано во септември минатата година.
Според „Сезнам“, полицијата не била предупредена за заканата до 6 април, повеќе од три недели по пристигнувањето на Кончаков. Во извештајот се сугерира дека чешките агенти се надевале оти ќе го фатат на дело додека му го предава рицинот на можниот атентатор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Апокалиптични сцени од Турција: силен ветер уништи објекти
Силни ветрови ја погодија северозападната турска провинција Коџаели предизвикајќи значителна материјална штета, при што на повеќе објекти им биле целосно откорнати покривите, јавуваат локалните медиуми.
На снимките објавени од локалниот портал „Коџаели Гундем“ се гледа моментот кога силен ветер подигнува покрив од зграда во населбата Диловаси и го носи од објектот. На друга снимка, објавена подоцна, покривот може да се види речиси неоштетен како лежи на земја.
A massive storm hits #Istanbul, #Turkey. pic.twitter.com/YOzRNoToE4
— Siraj Noorani (@sirajnoorani) January 8, 2026
Дополнителни видеа од местото Хереке прикажуваат куќа што останала без покрив, а предмети од внатрешноста се расфрлани по просториите поради силните налети на ветерот.
Од Кабинетот на гувернерот на провинцијата Коџаели уште во средата било издадено предупредување дека се очекуваат олујни ветрови со брзина од 50 до 70 километри на час, додека во повисоките предели ударите можеле да достигнат и до 80–90 километри на час.
Фото: pexels
Свет
Шефот на гренландска рударска компанија: САД сакаат инвестиции во минерали, преговорите се во тек
САД разгледуваат можност за инвестиции во ископување стратешки минерали на Гренланд, потврди извршниот директор на рударската компанија Аморок, Елдур Олафсон, во изјава за Си-Ен-Би-Си.
Компанијата работи во јужниот дел на Гренланд, каде што се занимава со ископување и истражување на злато, бакар, германиум, галиум и други стратешки минерали. Олафсон наведе дека се водат разговори со американски владини институции за можни инвестиции, но дека договорите сè уште не се финализирани.
Според него, потенцијалната соработка би можела да вклучува договори за откуп, инфраструктурна поддршка и кредитни линии, без да прецизира за кои проекти станува збор.
Портпарол на Стејт департментот изјави дека САД сакаат да изградат долгорочни комерцијални односи кои ќе им користат и на Американците и на народот на Гренланд, додавајќи дека претседателот Доналд Трамп ја истакнал важноста на Гренланд за одбраната на САД.
Интересот на Вашингтон се засилува во период кога Трамп повторно ја нагласува идејата за купување на Гренланд, кој го смета за клучен за националната безбедност. Следната недела американскиот државен секретар Марко Рубио треба да разговара со дански претставници за иднината на островот.
Белата куќа ги гледа богатите минерални ресурси на Гренланд како можност за намалување на кинеската доминација на пазарот на стратешки минерали.
Фото: pexels
Свет
(Видео) Експлозија на гас разнесе станбена зграда во Германија
Три лица, меѓу кои и шестгодишно дете, загинаа во силна експлозија на гас што рано утринава целосно уништи станбена зграда во германскиот град Албштат. Уривањето се случило околу 5 часот наутро во градската населба Тајлфинген, а полицијата потврди дека загинатите се членови на исто семејство на возраст од 33, 30 и 6 години, пренесе Билд.
На местото на несреќата се ангажирани повеќе од 200 припадници на итните служби. Откако семејството првично се водело како исчезнато, спасувачите подоцна ги пронашле нивните тела во урнатините.
Детонацијата била исклучително силна и го вознемирила целото соседство. Еден од станарите изјавил за Шварцвелдер Ботен дека околу 5 часот наутро целата куќа му се затресла, предмети паѓале од полици, а стаклото на влезната врата пукнало. Друга соседка помислила дека станува збор за земјотрес.
Според полицијата, во експлозијата не била уништена само погодената куќа, туку и неколку околни згради биле сериозно оштетени. Соседите биле евакуирани и никој од нив не е повреден. Итните служби им укажале помош, а многумина биле во состојба на шок.
Од безбедносни причини, дотокот на гас во целата улица бил прекинат. Градоначалникот Тралмер изјавил дека нема опасност од нови експлозии и дека се очекува снабдувањето со гас за околните куќи повторно да биде воспоставено во текот на денот.
Фото: pexels

