Свет
Член на Ал каеда ослободен од затвор 20 години порано
Адел Абдел Бари, доверлив човек на Бин Ладен, еден од најистакнатите и водечки членови на Ал каеда, е ослободен од затвор 20 години порано. Бари е роден во Египет и бил вклучен во терористички напади врз американските амбасади во Кенија и Танзанија во 1998 година, при што загинаа 224 лица и беа ранети 5.000.
Тој беше осуден во 2015 година на 25 години затвор, а во затворската казна беше вклучено и времето што го поминал во британски притвор. Иако сè уште ја нема издржано затворската казна, Бари неодамна бил ослободен бидејќи, со оглед на неговата возраст и здравствената состојба, спаѓа во ризичната група во однос на последиците од коронавирусот. Неговите адвокати побараа од судијата да го помилува со оглед на тоа дека страда од астма и прекумерна тежина, што во комбинација со неговата возраст го става во ризичната група.
This is now admitted Al #Qaeda terrorist Adel #Abdel Bary as he looked when he was arrested in UK 15 years ago. pic.twitter.com/vNQeOfZ287
— Phil Hirschkorn (@PHirschkorn) September 19, 2014
Бари е ослободен од затвор на 8 декември и веќе се вратил во Велика Британија, каде што живее неговата сопруга Рага, која, наводно, според извештаите на медиумите, живее во вила вредна 1,3 милион долари. Тој е ослободен три недели пред да биде објавена веста, а според извештаите на медиумите, тој изгледа поинаку околку што се мислело.
Фотографиите направени од „Сан“ покажуваат дека може да се движи без ничија помош за разлика од неговите адвокати кои тврдеа дека станува збор за старец што страда од астма и дебелина. Весниците минатата недела дури изјавија дека тој е виден како прима достава на мебел.
Според „Телеграф“, причината поради која соработникот на Бин Ладен се вратил во Велика Британија е тоа што поранешниот премиер на Велика Британија, Дејвид Камерон, постигнал договор со САД. Пред апсењето и затворањето Адел Абдел Бари добил политички азил во Велика Британија во 90-тите години на минатиот век. Неименуван извор изјави дека владата на Камерон се согласила да го врати Бари бидејќи Лондон се плаши оти укинувањето на азилот ќе ги наруши неговите права затоа што тој не може да се врати во Египет, од каде што е политички бегалец.
Бари не може да се врати во Египет бидејќи таму наводно ќе го мачеле и убивале затоа што претходно бил обвинет за планирање терористички напад на пазар во Каиро. Британските медиуми објавија дека наводно Бари ќе добие надзор поради неговата безбедност, што ќе ги чини британските даночни обврзници стотици илјади долари, пренесува „Спутник“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Ирански вооружени сили порачаа дека САД и Израел ќе добијат невидена лекција
Портпаролот на иранските вооружени сили Аболфазл Шекарчи денеска изјави дека Иран на САД и Израел ќе им одржи лекција „каква што никогаш во историјата не доживеале“.
По утринските напади на САД и Израел врз Иран, Шекарчи рече дека иранските вооружени сили веднаш реагирале и покренале ракетни напади на секоја локација која била во служба на американската и израелската војска, пренесува агенцијата Тасним.
„Со божја помош, ќе им одржиме лекција на САД и Израел каква што не доживеале во својата историја. Израелските бази веќе се соочија со проблеми и Иран подоцна ќе им удри уште поостар шамар“, предупреди воениот функционер.
Тој го повика иранскиот народ да не се грижи, да ги игнорира гласините и да ги следи официјалните вести преку националните медиуми.
Свет
Хамас ги осуди нападите врз Иран и повика на единство
Хамас ги осуди „ционистичко-американските непријателства врз Исламската Република“, истовремено повикувајќи на единство во муслиманскиот свет.
„Додека ја потврдуваме нашата солидарност со Исламската Република Иран пред лицето на непријателствата, повикуваме на единство и солидарност во арапската и муслиманската нација за да се спречат овие непријателства“, соопшти Хамас.
Тие ги обвинуваат САД и Израел дека се обидуваат повторно да ја исцртаат мапата на регионот „за да воспостават ’Голем Израел‘ на сметка на арапските и муслиманските земји“.
Во меѓувреме, Палестинскиот исламски џихад (ПИЏ), кој аналитичарите го опишуваат како посреден сојузник на Иран, соопшти дека Иран има право „да се брани и да ги одврати противниците“ како одговор на американско-израелските напади, пренесе Тајмс оф Израел.
„Овие непријателства не се насочени само против Иран, туку против сите земји и луѓе на нашата нација и се обидуваат да наметнат доминација од страна на воени злосторници“, вели ПИЏ. „Ги повикуваме народите на нашата арапска и муслиманска нација, како и синовите на нашиот палестински народ, да се обединат против овие непријателски намери“.
Свет
Најмалку 40 лица се убиени во напад врз женско училиште во јужниот ирански округ Минаб
Најмалку 40 лица се убиени во напад врз женско училиште во јужниот ирански округ Минаб, изјави локалниот гувернер за агенцијата Тасним.
Моментално нема достапни дополнителни информации, нагласува Тајмс оф Израел.
Иранските власти претходно го осудија инцидентот како „брутална агресија“. Властите во Иран сè уште не ги коментираа деталите за нападот, а нема коментар ниту од израелска страна.

