Свет
Член на кабинетот на претседателот на Украина: Зеленски сака да се сретне со Путин, но нема да прави компромиси

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е подготвен за директни разговори со рускиот претседател Владимир Путин, но дека не е подготвен на никакви компромиси, изјави за Си-ен-ен заменик-шефот на кабинетот на украинскиот претседател Игор Жовква.
Тој рече дека разговорите меѓу шефовите на дипломатиите на Украина и Русија, кои се одржаа вчера во Анталија, не постигнале поголеми резултати, а Украина од почетокот била песимистичка.
„Доброто е што се сретнаа, но, за жал, можеме да кажеме дека министерот за надворешни работи на Русија не е тој што ја носи конечната одлука. Конечната одлука за прекин на војната, прекин на огнот, повлекување на војниците ја носи само едно лице“ – објаснува Жовква.
Жовква рече дека Зеленски е подготвен за дипломатско решение, но не слушнал ниту од рускиот претседател ниту со неговите помошници.
„Последното нешто што го слушнав од нив е дека треба уште да работиме во формат на две делегации, но ниту договорите постигнати во текот на овие преговори не се почитуваат“ – рече Жовква, посочувајќи на хуманитарните коридори во Украина.
Жовква рече дека Украина е отворена за неутралност „освен ако НАТО во моментов не е подготвен да ја прифати Украина“.
„ Но, во исто време ни требаат силни безбедносни гаранции за Украина за да не се повторат овие страшни војни, оваа страшна агресија во иднина“ – рече тој.
Жовква, исто така, тврди дека Украина сака да соработува со Путин и нејзините соседи за да воспостави систем што тој го нарече „обновениот безбедносен систем на Европа“.
„Мојата земја и украинскиот народ заслужуваат да станат дел од европското семејство. Украина се бори за безбедноста на цела Европа. Значи, кога францускиот претседател Емануел Макрон зборува за можна европска безбедност, како може да зборува без претседателот Зеленски на маса? Без претседателот Зеленски и Украина во Европската Унија“– праша Жовква.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп: Работата во Газа не е завршена, втората фаза од мировниот договор започнува веднаш

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека работата во Газа не е завршена, бидејќи телата на починатите заложници не се вратени како што беше ветено, објави вечерва „Тајмс оф Израел“.
„Сите 20 преживеани заложници се вратија и се чувствуваат добро, како што може да биде. Тешкиот товар е отстранет, но работата не е завршена. Телата не се вратени, како што беше ветено“, напиша Трамп на социјалната мрежа „Truth Social“.
Договорот потпишан од Израел и Хамас минатата недела значеше дека Хамас ќе ги ослободи сите 48 заложници во рок од 72 часа од стапувањето во сила на прекинот на огнот.
Рокot истече во понеделникot напладне и Хамас ослободи 20 заложници живи, но ги врати само телата на само четворица од 28-те што загинаа во Газа, додека вечерва најави предавање на уште четворица.
Дадениот рок во договорот важи и за телата, пишува „Тајмс оф Израел“, но се чини дека на Хамас му треба повеќе време за да ги лоцира, па затоа е формирана заедничка работна група за да помогне во пронаоѓањето на телата што не се вратени во рок од 72 часа.
„Втората фаза започнува веднаш“, додаде Трамп, алудирајќи на делови од неговиот план од 20 точки за повоено управување и реконструкција на Газа, кој ќе го води преодна влада на палестински технократи и ќе го надгледува мировен комитет со кој претседава американскиот претседател и поранешниот британски премиер Тони Блер.
Првата фаза, според Трамп, вклучува ослободување на заложниците, повлекување на Израел од Газа и обезбедување хуманитарна помош, додека Хамас сè уште не се согласил со втората фаза, која вклучува нивно разоружување.
Фото: принтскрин
Свет
Сикорски: Европа мора да се подготви за „длабок“ руски напад

Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски денес предупреди дека Европа мора да биде подготвена за руски напад длабоко на нејзина територија. Тој оцени дека е „неодговорно“ што не гради одбранбени системи како што е „ѕид од беспилотни летала“ на неговото источно крило.
Во Лондон, каде што го претстави иранскиот дрон „Шахед-136“ соборен во Украина, Сикорски ги повика европските земји да „останат доследни“ во својата поддршка за Украина, наведувајќи дека се надева дека американскиот претседател Доналд Трамп ќе ги стави на располагање ракетите Томахавк со долг дострел на таа земја, пренесува Ројтерс.
Тој процени дека снабдувањето на Украина со дополнителна муниција за противвоздушна одбрана, како и оружје со краток и среден дострел, е неопходно за да се помогне во заштитата на Европа, наведувајќи ги како примери упадите на руски беспилотни летала над Полска и борбените авиони над Естонија.
Тој рече дека сè уште не е познато дали беспилотните летала забележани над Копенхаген биле руски.
Запрашан за можноста за проширување на иницијативата „ѕид од беспилотни летала“ за да се спротивстави на идните упади, Сикорски за Ројтерс изјави дека руските напади „за жал би можеле да стигнат длабоко во Европа“.
„Треба да бидеме подготвени да се спротивставиме на тоа и затоа мислам дека би било неодговорно ако не изградиме капацитети против беспилотни летала денес“, рече Сикорски, пренесува Танјуг.
Фото: принтскрин
Свет
Силен земјотрес во Турција

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала вечерва ја погоди западна Турција, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Во соопштението се наведува дека епицентарот на земјотресот бил на длабочина од девет километри.
Засега нема информации за евентуални повредени или штети.