Контакт

Свет

Шведската агенција за вработување критикувана поради неточен извештај за вработеноста на мигрантите

Објавено пред

Шведската Агенција за вработување се соочува со сериозни критики во врска со новиот оптимистички извештај за вработување на новодојдените мигранти, при што критичарите посочуваат дека единствениот пораст е кај работните места кои се дебело субвенционирани од владата, пренесува „Брејтбарт“.

dobivaj vesti na viber

Во новиот извештај се тврдеше дека има голем пораст кај новодојдените мигранти што се запишуваат на студии или наоѓаат вработување, од 32 отсто во 2017 година на 44 отсто годинава, но критичарите го осудија извештајот бидејќи целиот раст е поврзан со програми финансирани од владата, а не од приватни претпријатија.

Ана Далберг, политички уредник на шведскиот весник „Експресен“, го критикува извештајот велејќи: „Да се нарече ова голем успех, е потполно погрешно наведувачки“ и додаде дека иако е јасно оти шведската Агенција за вработување имала тешка задача со оглед на степенот на образование и вештините на некои мигрантите, како и нивното познавање на шведскиот јазик, извештајот не треба да прикажува подобра слика од фактичката состојба.

Бројот на мигранти што наоѓаат работа без државна помош останува мал – само 4 отсто се ангажирани со некоја форма на студирање и 7 отсто се вработиле, што е непроменето од лани.

Генералниот директор на Агенцијата за вработување, Микаел Сјоберг, го бранеше извештајот, велејќи:

„Мора да се увиди дека резултатите од програмата се подобруваат, но во исто време се соочуваме со големи предизвици. Но, важно е да се биде свесен дека работите одат на добро“.

Стапката на невработеност кај Швеѓаните во споредба со мигрантите со години се разликува многу, а Швеѓаните имаат многу помала стапка на невработеност. Според извештајот од минатата година, стапката на невработеност кај Швеѓаните изнесува само 3,9 отсто во споредба со стапката од 21,8 отсто кај мигрантите.

Претходно, оваа година, беше обелоденето дека севкупната невработеност се намалила во целата земја, но јазот меѓу Швеѓаните и мигрантите и натаму останува висок со невработеност на мигранти од 19,9 отсто. Ситуацијата со невработеност е највпечатлива во Малме, каде што стапката на невработеност е двојно поголема од националниот просек, според извештајот од август.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост

Објавено пред

Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.

dobivaj vesti na viber

Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.

86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

Фото: ЕПА

Прикажи повеќе...

Свет

Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми

Објавено пред

Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.

dobivaj vesti na viber

„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.

Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.

Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.

Фото: ЕПА

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи

Објавено пред

Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.

Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.

Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.

86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

dobivaj vesti na viber
Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост

Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој...

Свет3 часа

Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми

Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која...

Свет6 часа

(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи

Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али...

Свет6 часа

(Видео) Ирански дрон го погоди и хотелот Бурџ ал Араб во Дубаи

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. Покрај аеродромот, во Дубаи беше погоден и Бурџ Ал Араб. BREAKING: Iranian drone...

Свет7 часа

Трамп: Ајатолахот е мртов

Иран очигледно потврди дека ајатолахот е мртов. На неговиот профил на социјалните мрежи е објавена порака: „Во возвишеното име на...

Свет7 часа

(Видео) Погоден аеродромот во Дубаи, евакуацијата е во тек

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. BREAKING: Iranian drone strike hits Dubai International Airport. Evacuations are underway at the...

Свет8 часа

(Видео) Американците објавија снимки од операцијата „Епски гнев“: „За прв пат употребивме ново оружје“

Централната команда на САД (CENTCOM) објави дека нема извештаи за американски жртви или повредени по нападот во Иран и дека...

Свет8 часа

Иран ги демантира извештаите за смртта на ајатолахот

Ирански извори остро негираа дека ајатолахот Али Хамнеи е убиен. „Можам да ве уверам дека лидерот на револуцијата е стабилен...

Македонија9 часа

Претседателката за утре го свика Советот за безбедност

По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за...

Свет9 часа

(Видео) Нетанјаху: Постојат многу знаци дека ајатолахот е мртов

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им се обрати на иранскиот народ, велејќи им дека имаат „можност што се јавува еднаш во...

Свет9 часа

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов, тврдат Израелците

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов и неговото тело е пронајдено, изјави за Ројтерс висок израелски функционер. We...

Свет12 часа

(Видео) Погоден е аеродромот во Кувајт, гори хотел во Дубаи

САД и Израел го нападнаа Иран утрово. Најмалку три експлозии се слушнаа во Техеран, главниот град на Иран, а беа...

Македонија13 часа

Евакуација од Израел побарале 11 македонски државјани

Единаесет македонски државјани досега побарале евакуација од Израел, откако утринава САД и Израел го нападнаа Иран, соопштија од Министерството за...

Свет13 часа

ОН свикаа итна седница на Советот за безбедност по нападите врз Иран

Советот за безбедност на ОН свика итна седница по американските и израелските напади врз Иран и одмаздничките напади од страна...

Свет18 часа

Четири американски воени бази на Блискиот Исток нападнати од Иран

Иранската војска вели дека започнала напади врз четири американски воени локалитети во Катар, Бахреин, Кувајт и Обединетите Арапски Емирати како...

Свет19 часа

Се откажуваат летови до Израел и други земји од Блискиот Исток

Германската авиокомпанија „Луфтханза“ ги суспендира летовите до и од Тел Авив, Бејрут и Оман до 7 март, откако САД и...

Македонија20 часа

Македонските државјани кои се наоѓаат во Израел да побараат помош, воздушниот сообраќај е затворен за цивилни летови

Во врска со последните информации за влошената безбедносна состојба во Израел, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до...

Свет20 часа

Трамп потврди дека САД започнале напади врз Иран

Претседателот на САД, Доналд Трамп, потврди дека САД започнале напади врз Иран во осумминутно видео објавено на неговиот профил на...

Свет21 час

САД и Израел започнаа заеднички напад врз Иран

САД учествуваа во нападите утрово во Иран заедно со Израел, потврди американски функционер за „Тајмс оф Израел“. Според израелски безбедносен...

Свет22 часа

Израел го нападна Иран и прогласи вонредна состојба

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека Израел започнал превентивен напад врз Иран за да ги отстрани заканите за...