Контакт

Свет

Шведската влада има намера да ги забрани сите верски училишта, освен еврејските

Објавено пред

Шведската влада има намера да го спречи идното формирање приватни верски училишта во обид да укаже дека е секуларна држава, пренесува „Спутник“.

dobivaj vesti na viber

Како резултат на консензусот помеѓу владејачката црвено-зелена коалиција од левицата и нејзините помлади партии за поддршка, Центарот и либералите, во тек е истрага за конфесионалните елементи во образовниот систем.

Задачата на специјалниот иследник Ларс Арениус е да поднесе предлози за целосна забрана за основање нови основни и средни училишта со верска заднина.

„Последниве години видовме примери на училишта што во име на религијата ги одделуваат девојките и момчињата, едвај учат за сексот или соживотот и ја изедначуваат еволуцијата со митовите од религискиот креационизам. Ова е сосема неприфатливо. Сега владата ги презема првите чекори кон запирање нови верски училишта“, рече министерката за образование од редовите на социјалдемократите, Ана Екстром.

Според неа, можноста за отворање нови училишта со конфесионална ориентација на крајот може целосно да се укине. Постојните верски училишта ќе останат, но можеби ќе треба да ги ревидираат своите прописи.

„Во шведското училиште секој ученик мора да биде слободен да ја обликува сопствената перцепција и иднина. Ниту едно дете не треба да биде принудено да учествува во конфесионални елементи или да нема можност за настава за, на пример, еволутивната доктрина или сексот или соживотот. Станува збор за заштита на самите основи на училиштето за главниот акцент да биде ставен на знаењето и образованието, а не на религиското образование“, објасни Екстром, која посочи дека верските училишта се лоши за општеството и дека нивното запирање е прашање на интеграција.

Сепак, може да има еден значаен исклучок. Еврејските училишта треба да бидат изземени од забраната, а министерот Ардалан Шекараби увери дека ги следи критиките од Централниот совет на Евреите.

„Постојат посебни правила за малцинствата што ги имаме во Шведска. Еврејското малцинство е заштитено во тоа законодавство и тоа значи дека тоа ќе може да ја задржи својата структура со специјална обука“, рече Шекабира за „Афтонбладет“.

Колумнистот Ивар Арпи истакна дека речиси сите аргументи што се поведени против конфесионалните училишта се однесуваат на муслиманските училишта, а не на христијанските или на еврејските.

„Ако сите знаат кои училишта ја спречуваат интеграцијата на имигрантите, зошто директно не го кажат тоа? А малку искреност?“, пишува во својата колумна Арпи.

Извештајот за училиштето мора да биде завршен најдоцна до 19 декември 2019 година.

Во моментот во Шведска има 70-ина училишта кои имаат барем некои верски елементи, повеќето од нив се христијански или муслимански.

Во 2017 година истражувачкиот центар „Пју“ открил дека 59,9 отсто од Швеѓаните се идентификуваат како христијани, од кои 48,7 отсто припаѓаат на Шведската црква, а повеќето од оние што преостануваат се христијани неповрзани со некоја црква.

Бројот на муслимани е проценет на повеќе од 8 отсто од шведската популација од 10 милиони. Од друга страна, еврејската дијаспора брои само 20.000 лица. Од нив, околу 7.000 се членови на еврејската верска заедница.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад

Објавено пред

Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.

dobivaj vesti na viber

Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.

Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Насилни протести во Албанија: Фрлени молотови коктели врз зградата на владата

Објавено пред

Во Албанија се одржа нов антивладин протест, кој беше обележан со тензии и судири со полицијата, пренесува Анадолија.

dobivaj vesti na viber

Опозицискиот протест се одржа на 35-годишнината од уривањето на споменикот на поранешниот диктатор Енвер Хоџа, што се одбележува на 20 февруари, со барање за оставка на премиерот Еди Рама.

Opposition supporters chant slogans during a protest against the government in Tirana, Albania, 20 February 2026. The rally follows a political crisis amid a court deadlock over the suspension of Deputy Prime Minister Belinda Balluku and subsequent moves by Prime Minister Edi Rama to limit the powers of the Special Prosecutor (SPAK), with protesters demanding the government’s resignation. EPA/MALTON DIBRA

Денешниот протест, организиран од Демократската партија (ПД) со поддршка на други опозициски партии, се одржа пред седиштето на албанската влада во Тирана.

Фрлени молотови коктели врз зградата на владата
Демонстрантите фрлаа молотови коктели и пиротехнички средства врз зградата на владата, при што за време на немирите избувна пожар во надворешноста на зградата. Полициските сили одговорија со водни топови.

Лидерот на Демократската партија и поранешен премиер Сали Бериша за време на своето обраќање рече дека тие се вистинската опозиција и дека ќе ја спасат Албанија.

Обраќајќи се пред толпата, Бериша рече дека тие се собираат денес на еден од најважните денови во националната историја.

„Слободна Албанија, Албанија на слободни граѓани, ќе ја прогласи кражбата на граѓаните за сериозно кривично дело. Ќе ги казнат двојно повеќе оние службеници кои ќе избегаат“, рече Бериша.

Albanian opposition politician Sali Berisha speaks to supporters during a protest against the government in Tirana, Albania, 20 February 2026. The rally follows a political crisis amid a court deadlock over the suspension of Deputy Prime Minister Belinda Balluku and subsequent moves by Prime Minister Edi Rama to limit the powers of the Special Prosecutor (SPAK), with protesters demanding the government’s resignation. EPA/MALTON DIBRA

Полицијата одговори со солзавец и водени топови
По неговиот говор, протестот беше преместен пред зградата на пленарните сали на албанскиот парламент, каде што тензиите продолжија.

Демонстрантите повторно фрлаа молотови коктели и пиротехнички средства, додека полицијата одговори со солзавец и водени топови.

Солзавец беше фрлен и во надворешната простор на џамијата, која се наоѓа во близина на зградата на парламентот. Некои демонстранти се засолнија во просторот пред џамијата за да го избегнат солзавецот, додека верниците во тој момент беа внатре во џамијата за верски служби.

Организаторите на протестот тврдат дека имало повредени за време на судирите.

Прикажи повеќе...

Европа

Мерц реизбран за лидер на ЦДУ

Објавено пред

Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.

dobivaj vesti na viber

Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.

Резултатот е негов втор најдобар досега.

Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.

Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.

Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.

Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион7 часа

(Видео) Насилни протести во Албанија: Фрлени молотови коктели врз зградата на владата

Во Албанија се одржа нов антивладин протест, кој беше обележан со тензии и судири со полицијата, пренесува Анадолија. Опозицискиот протест...

Македонија8 часа

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија

Без поцврста и поодлучна ЕУ, Балканот останува простор каде што надворешните сили ќе продолжат да ја тестираат својата моќ, порача...

Свет10 часа

Плановите за напад на Иран влегуваат во последна фаза: поамбициозни се отколку што се сметаше претходно

Американските воени планови за операции во Иран се во завршна фаза, со опции кои вклучуваат таргетирање поединци или дури и...

Свет11 часа

Пристигна првата реакција на ЕУ за укинувањето на царините на Трамп

Европската Унија повика на стабилност во трансатлантските трговски односи откако Врховниот суд на Соединетите Американски Држави пресуди со 6-3 гласови...

Топ12 часа

Од Дубаи екстрадирано лице барано со потерница од македонската полиција, прва екстрадиција од Обединетите Арапски Емирати во нашата земја

Денеска од Дубаи во нашата земја беше екстрадиран 33-годишниот Флорим Лимани, кој беше баран со меѓународна потерница за издржување затворска...

Топ12 часа

Кривична против поранешна директорка на Клиничка болница Битола за злоупотреба на службената положба и овластување

СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против Е.И.(53) од Битола поради постоење основи на сомнение за...

Македонија13 часа

Се заканувал со напад со „калашников“, иснпириран бил од настан од САД: дваесетгодишник од Мала Речица под истрага за тероризам

Јавен обвинител од ОЈО ГОКК донесе наредба за спроведување на истражна постапка против дваесет годишен жител на Мала Речица за...

Македонија15 часа

Од Струмица и Скопје, преку Свети Николе: под истрага шест лица за транспортот на осум тони марихиуана што заврши во Србија

Обвинителсството донесе Наредба за спроведување истражна постапка против шест лица за неовластено изработување и пуштање во промет на наркотична дрога,...

Македонија16 часа

(Видео) Поскапувањата во јануари и февруари го „изедоа“ владиното покачување на минималната плата, ССМ пресмета 969 денари поскапа кошничка за февруари

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) за месец февруари пресмета зголемување на вредноста на минималната потрошувачка кошничка за 969 денари,...

Македонија17 часа

Искусните лекари ќе можат да работат до 70 години и да земаат пензија каде што има дефицит, предност за вработување ќе имаат најдобрите дипломци – подготвени законските измени

Министерството за здравство подготви повеќе значајни измени и дополнувања на Законот за здравствената заштита, кои неделава се објавени на Единствениот...

Топ17 часа

Истрага за свирепо убиство во Челопек: Млад маж убил старица што живеела сама, се проверува и поврзаноста со слични злосторства

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано...

Македонија18 часа

(Фото) Германија донира техничка опрема и возила од 600.000 евра на МВР

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска во кругот на Министерството за внатрешни работи присуствуваше на церемонија на примопредавање на...

Свет18 часа

Украински генерал: Можеме да се бориме уште со години

Олександр Пивненко, командант на Националната гарда на Украина, изјави дека Украина е способна да води војна уште неколку години и...

Македонија19 часа

Ристоска со реакција на изјавата на Мицкоски дека таа не е во игра за нов државен јавен обвинител

Во врска со изјавата на премиерот, Христијан Мицкоски, дека Ленче Ристоска не е во игра за нов државен јавен обвинител, што...

Македонија20 часа

Ако сѐ било по пропис, зошто Владата не ги објавува листите со патници во авионот, прашува СДСМ

Доколку користењето на владиниот авион од било целосно согласно законите и прописите, тогаш зошто Владата упорно одбива да ги објави...

Свет21 час

Европските дипломати претпазливи во врска со подемот на Венс, оценуваат експертите

Европските сојузници внимателно го следат политичкиот подем на американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, кого некои аналитичари го сметаат за поидеолошки...

Свет21 час

Финскиот претседател: САД не можат да ни забранат да се бориме против Русија

Финскиот претседател, Александар Стаб, изјави дека САД не можат да ѝ наредат на Финска да се откаже од својата одбрана...

Свет21 час

Принцот Ендрју е првиот член на британското кралско семејство уапсен по 400 години

Иако наводно бил омилен на неговата мајка, кралицата Елизабета II, поранешниот принц Ендрју долго време е извор на проблеми за...

Свет22 часа

(Видео) Трамп: Сакав да си го доделам Медалот на честа затоа што бев неверојатно храбар кога отидов во Ирак

Доналд Трамп рече дека сака да си го додели Конгресниот Медал на честа. 79-годишниот Трамп зборуваше на митинг во Ромео,...

Македонија1 ден

По 100 дена мандат, Ѓорѓиевски порача: „Скопје повторно почна да дише“

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави отчет за првите 100 дена од мандатот, наведувајќи дека ја презел функцијата во...