Свет
Шведска набргу ќе стане првата земја без чад во Европа со помалку од 5 проценти пушачи

Светската здравствена организација денеска го одбележува Светскиот ден без тутун.
Шведска, која има најниска стапка на пушење во Европската Унија, е блиску да се прогласи за земја без пушење. Името земја без чад се дава на држава кога има помалку од 5 проценти пушачи на дневна основа.
Многу експерти велат дека статистиката се должи на децениските кампањи и закони против пушењето, а други веруваат дека тоа е постигнато поради зголемената распространетост на снус, тутунски производ без чад, кој е забранет на друго место во ЕУ, но се продава во Шведска како алтернатива на цигарите, се посочува во анализата на АП. Без оглед на причината, пресвртницата од 5 проценти сега е на дофат.
Само 6,4 отсто од Швеѓаните постари од 15 години биле пушачи во 2019 година, што е најниско во ЕУ и далеку под просекот од 18,5 отсто, според статистиката на Евростат. Податоците на Шведската агенција за јавно здравје покажуваат дека стапката на пушење продолжи да се намалува оттогаш достигнувајќи 5,6 отсто минатата година. Швеѓаните, вклучително и помладата генерација, се чини дека добро ги разбираат ризиците од пушењето.
Пред 20 години речиси една петтина од населението беа пушачи, ниска стапка во тогашниот свет. Оттогаш мерките против пушењето ги намалија стапките на пушење во Европа, вклучително и забраните за пушење во рестораните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
40 ранети во Израел, двајца критично

Вкупно 40 лица побарале медицинска помош по вечерашниот ирански ракетен напад врз Израел, соопштија локалните здравствени служби. Двајца од повредените се во критична состојба.
Најголем број пациенти се лекуваат во болницата Ичилов во Тел Авив – 18 лица.
Според лекарите, пријавените повреди вклучуваат рани од шрапнели, вдишување чад и состојба на шок.
Свет
Израелската војска: Иран истрела помалку од 100 балистички ракети, повеќето ги пресретнавме

Портпаролката на израелската војска, Ефи Дефрин, рече дека помалку од 100 балистички проектили биле истрелани од Иран кон Израел.
Дефрин рече дека „повеќето од ракетите биле пресретнати од воздушната одбрана или паднале пред да стигнат до израелска територија“.
„Регистрирани се ограничен број погодоци на згради, а дел од штетата е предизвикана од фрагменти од пресретнати проектили“, додаде тој.
Според израелските медицински служби, во нападот биле ранети 40 лица.
Свет
Нетанјаху: Ова е можност за иранскиот народ да се спротивстави на режимот

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва и порача на јавноста дека можат да ги напуштат засолништата, откако новиот бран ирански ракети прелета над израелска територија.
„Иранскиот режим никогаш не бил послаб. Ова е можност за иранскиот народ да се спротивстави на режимот“, рече Нетанјаху во вечерашното обраќање.
Тој директно им се обрати и на граѓаните на Иран: „Јас сум со вас, израелскиот народ е со вас“, рече тој.
Министерот за одбрана на Израел, Израел Кац изјави дека Иран „ја преминал црвената линија со лансирање ракети кон израелските цивилни области“ и најави: „Техеран ќе плати висока цена“.
Оваа иранска одмазда следеше по израелските воздушни напади на иранска територија, при што беа погодени нуклеарни постројки и беа убиени високи команданти и научници.