Свет
Шведска ќе одлучува дали повторно ќе ја отвори истрагата за Асанж
Шведскотo обвинителство денеска треба да објави дали повторно ќе ја отвори истрагата против основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, по обвинувањата за силување против него од 2012 година.
Би-би-си објави дека истрагата може да биде отворена доколку адвокатот на наводната жртва поднесе барање за тоа.
Асанж ги отфрла обвинувањата, а за да избегне екстрадиција во Шведска, тој од 2012 година престојуваше воАамбасадата на Еквадор во Лондон. Но, Еквадор минатиот месец му го укина азилот и Асанж беше уапсен и осуден на 50 недели затвор поради прекршување на условната слобода.
Негова екстрадиција бараат и САД каде е осомничен за објавување доверливи воени и дипломатски документи во 2010 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Огромна зимска бура во САД, петмина загинати, вонредна состојба во голем број држави
Пет лица ги загубија животите во големата зимска бура, која денеска ги зафати централните и источните делови на САД, а милиони жители беа погодени од обилниот снег, кој почна да паѓа и во Њујорк. Невремето кое се движи од центарот на земјата кон крајбрежните држави Делавер, Мериленд и Вирџинија, главниот град Вашингтон и југот на државата Њујорк, предизвика откажување на летови, затворање училишта и сообраќајни несреќи.
Повеќе од 50 милиони луѓе беа погодени, 300.000 се без струја, додека 2.000 летови беа откажани, а илјадници беа одложени, според сајтовите за следење Poweroutage.us и FlightAware.
Улиците на Вашингтон се покриени со снег. На некои места се очекуваат и до 30 сантиметри снег, а во Њујорк почнуваат да се појавуваат првите снегулки, објави Националната метеоролошка служба во најновото соопштение.
Особено се следеа временските услови во Вашингтон, главниот град на САД, каде конгресмените ја потврдија победата на Доналд Трамп на ноемвриските претседателски избори. И двата главни аеродроми во главниот град, откажаа повеќе од 500 летови од 6 часот наутро.
Метеоролошките служби предупредија на очекуваното количество снег, особено во државата Охајо и планинскиот масив Апалачи, каде секое патување може да биде „опасно“ по снежните и замрзнатите патишта.
Гувернерите на Мисури, Вирџинија и Мериленд прогласија вонредна состојба, како и во Кентаки. Се очекуваат температури и до -18°С на места со силен ветер во центарот и истокот од земјата. Научниците велат дека екстремните временски настани стануваат се почести и потешки поради климатските промени предизвикани од човекот.
Свет
(Видео) Камала го прогласи Трамп за победник на изборите: републиканците ги поздравија нејзините зборови со овации
Конгресот на Соединетите Американски Држави и официјално ја потврди победата на новоизбраниот републикански претседател Доналд Трамп на ноемвриските избори над демократската потпретседател Камала Харис, отворајќи го патот за неговата инаугурација на 20 јануари.
Потврдата на изборните резултати во понеделникот, во кои беа вклучени сите 50 држави и округот Колумбија, беше спроведена за време на кратка, формална церемонија на заедничка седница на Претставничкиот дом и Сенатот.
Со седницата претседаваше Харис, која во улога на потпретседател на САД ја извршуваше функцијата претседател на Сенатот.
Американскиот потпретседател Камала Харис ги објави резултатите од гласањето, наведувајќи дека новоизбраниот претседател Доналд Трамп добил 312 гласа, додека таа самата добила 226 гласа.
Нејзините најави предизвикаа громогласен аплауз во салата.
Кога ја прогласи победата на Трамп, благо се насмевна додека републиканците се кренаа на нозе и ја поздравија победата со овации.
Харис ги повтори резултатите од гласањето, нагласувајќи дека новоизбраниот претседател Доналд Трамп освоил 312 гласа, а таа 226 гласа.
Двете најави наидоа на гласно одобрување во салата.
Регион
(Видео) Пукање во Србија: еден убиен, има ранети, напаѓачот е во бегство
Во населбата Стрелиште во српскиот град Јагодина вечерва имало пукање. Според првите информации, во кафана дошло до тепачка помеѓу неколку лица, по што дошло до пукање во кое неколку лица се повредени.
Засега не се знае кој учествувал во пресметката, а напаѓачот е во бегство, пишува Телеграф. Според изјавите на граѓаните, на местото на настанот има неколку возила на брза помош.
Како што дознава Блиц во Итната помош во Јагодина, ранет е сопственикот на кафулето Д.М. (56), а во престрелката се ранети млад човек и девојка. Еден од гостите бил ранет во нозете, а другиот во стомакот. Ранетиот сопственик на кафулето од тежината на повредите починал во болница.
Идентитетот на напаѓачот и е познат на полицијата. Според локални извори, напаѓачот бил познат како проблематично лице.
Блиц јавува дека пукањето е кулминација на конфликтот што започна пред една недела. Како што пишуваат, минатата недела во истото кафуле настанала тепачка, а со тој конфликт е поврзано и денешното пукање.