Свет
Шестмина убиени во тепачка во мексикански затвор, користеле рачно направено оружје

Најмалку шест затвореници се убиени, а деветмина ранети во борба меѓу две ривалски групи на затвореници во затвор на брегот на Мексиканскиот залив.
Полицијата во мексиканската држава Табаско соопшти дека немирите се случиле во дворот на затворот во главниот град на сојузната држава, Виљахермоса. Според полицијата, затворениците користеле рачно изработно ладно оружје.
Властите соопштија дека ја повратиле контролата над затворот, но не даваат дополнителни информации за состојбата на ранетите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Ватикан: Папата е во критична состојба, но имаше мирна ноќ

Папата Франциско, кој е во критична состојба и се бори со билатерална пневмонија, помина мирна ноќ во болница, спиејќи и одморајќи се, соопшти Ватикан.
88-годишниот папа беше примен во римската болница „Гемели“ на 14 февруари, откако неколку дена имаше проблеми со дишењето, а потоа му беше дијагностицирано воспаление на двете бели дробови.
Ватикан ја опиша неговата состојба како критична втор ден по ред во неделата и рече дека тој ден имал „почетни, благи знаци на откажување на бубрезите“.
Прогнозата за папата, кому во саботата му беше потребна трансфузија на две единици крв, откако доживеа „продолжена респираторна криза слична на астма“, останува неизвесна, покажуваат најновите медицински информации.
„Беше добра ноќ, папата спиеше и се одмара“, се вели во соопштението на Ватикан во една реченица објавено утрово, без дополнителни информации.
Европа
Експлозија кај рускиот конзулат во Марсеј

Експлозија утрово го потресе француски Марсеј во близина на рускиот конзулат. Пожарникарите потврдија дека имало експлозија во 8-миот арондисман.
„Експлозијата се случи во близина на рускиот конзулат во Марсеј околу 8 часот наутро“, соопштија пожарникарите.
На терен се околу 30 пожарникари и бројни полицајци. Засега не е позната причината за експлозијата, ниту пак дали има повредени.
Свет
Сијарто: Унгарија ќе направи се за Брисел да не го спречи руско-американскиот договор за Украина

Унгарија ќе направи се за Брисел и европските претставници „провоени“ да не го спречат руско-американскиот договор со кој би се постигнал прекин на огнот во Украина, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.
Тој нагласи дека Унгарија нема да се согласи на нови испораки на оружје за Украина во вредност од десетици милијарди евра или на продолжување на санкциите против руски поединци денеска на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел.
„Три години им пркосиме на притисокот, три години не дозволуваме да не туркаат во нивната воена политика, сега ќе издржиме“, напиша Сијарто на Фејсбук.