Свет
Шефот на ОН со предлог да се даночи богатството стекнато за време на пандемијата
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2017/09/antonio-guteresh.jpg)
Владите треба да размислат за солидарно даночење на поединците што се збогатија за време на пандемијата на коронавирусот за да се намали екстремната нееднаквост, рече генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш.
„Треба да се осигуриме дека парите се насочени таму каде што се најпотребни. Најновите извештаи сигнализираат дека богатството на најбогатите луѓе во светот скокна за 5.000 милијарди долари во изминатата година“, рече Гутереш на состанокот на ОН за финансирање на развојот.
„Апелирам до владите да размислат за воведување солидарeн или данок на богатство за оние што профитираа за време на пандемијата за да се намали екстремната нееднаквост“, нагласи Гутереш.
Тој повтори дека групата од 20 богати и големи економии треба да го продолжи мораториумот за сервисирање на долгот до 2022 година и да го прошири за да им помогне на економиите во развој и оние со средни приходи да закрепнат од пандемијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Свет
Путин: Москва мора да започне со производство на ракети со среден и краток дострел
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/05/putin4.jpg)
Москва мора да започне со производство на ракети со среден и краток дострел за да може да одговори на акциите на Вашингтон, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин на оперативниот состанок со членовите на Советот за безбедност на Русија.
„Во 2019 година објавивме дека нема да ги произведуваме овие ракети и дека нема да ги распоредиме додека САД не ги распоредат овие системи во некој регион во светот“, потсети Путин, пренесува РИА Новости.
Денес, како што оцени, се знае дека САД не само што ги произведуваат овие системи, туку и ги пренесуваат во Европа – на воени вежби во Данска.
Свет
„Тешко е да се расправаш со лажго“: се огласи тимот на Бајден
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2019/07/bajden-tramp.jpg)
Американскиот претседател Џо Бајден не се откажува од трката за реизбор, изјави денеска неговиот претставник од кампањата по дебатата против републиканскиот кандидат Доналд Трамп, од која некои демократи не беа задоволни.
„Се разбира дека нема да се откаже“, рече портпаролот на кампањата на Бајден, Сет Шустер, пренесува „Хил“.
По дебатата и Бајден потврди дека нема да се откаже од трката за нов четиригодишен мандат.
„Тешко е да се расправате со лажго. „Њујорк тајмс“ истакна дека тој лажел 26 пати“, рече тој, мислејќи на поранешниот претседател Трамп.
По настапот во дебатата во четвртокот вечерта со Трамп, Бајден беше широко критикуван од демократите, а некои признаа дека тоа ќе ги поттикне дискусиите за тоа дали претседателот треба да биде сменет пред националната конвенција во август, каде демократите формално ќе го номинираат својот кандидат.
Регион
Земјотрес го погоди Крит
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/08/zemjotres2.jpg)
Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала го погоди Крит.
Земјотресот бил на длабочина од пет километри, а епицентарот на 73 километри од Ираклион.
Засега нема информации за жртви и материјална штета.