Свет
Шефот на „Фајзер“ тврди: Луѓето уште многу години ќе треба да се вакцинираат против корона
Веројатно луѓето ќе мора да се вакцинираат против ковид еднаш годишно уште многу години, изјави шефот на „Фајзер“ за Би-би-си.
Алберт Бурла рече дека смета оти ќе биде неопходно да се одржи многу високо ниво на заштита.
Обединетото Кралство обезбеди дополнителни 114 милиони дози вакцини „Фајзер“ и „Модерна“ кои ќе бидат испорачани во следните две години. Пред една година Британија беше првата земја што ја одобри вакцината на „Фајзер“.
Главниот извршен директор на „Фајзер“ разговараше со Би-би-си пред да биде објавено дека британската владата има потпишано договори за купување дополнителни 54 милиони дози од „Фајзер“ и 60 милиони дози од „Модерна“ за 2022 и 2023 година .
Бурла рече дека „Фајзер“ веќе има надградени вакцини како одговор на бета и делта-варијантите. Компанијата сега работи и на вакцини кои би биле ефикасни против омикрон, а според Бурла, се очекува да бидат готови за 100 дена.
Неколку глобални здравствени добротворни организации веруваат дека парите што „Фајзер“, „Бионтек“ и „Модерна“ ги заработуваат од пандемијата се неморални. „Фајзер“ оваа година ќе генерира најмалку 35 милијарди долари од продажбата на вакцини, а цената на неговите акции скокна.
Бурла на ова одговара дека важно е што се спасени милиони животи.
„Фајзер“, исто така, најавува дека во рок од еден или два месеца ќе објави нова формула за вакцина која може да се чува три месеци во фрижидер, за која Бурла рече дека ќе направи огромна разлика за африканските земји.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Објавени снимки од последните денови пред трагедијата поврзана со култ во Бугарија
Бугарската полиција и обвинителството денес презентираа детални информации за трагичниот случај со шест жртви во областа Петрохан – Околчица поврзани со култ.
Беше потврдена и образложена информацијата дека за мртвите мажи, пронајдени на 2 февруари кај хижата „Петрохан“, станува збор за самоубиство, а за телата пронајдени подоцна во кампер под врвот „Околчица“ – за убиство проследено со самоубиство, јави „Њуз.бг“.
На брифингот беа претставени снимки од шест камери, кои органите на прогонот ги споделија со медиумите. Станува збор за видеа од 31 јануари, 1 и 2 февруари 2026 година. Снимките се од надворешниот дел на панинарската куќа и приодот – од синџир во регионот, патот и крстосницата во близина, рампата, паркингот и задната порта на објектот.
Стана јасно дека дел од камерите снимале само при детектирано движење. На една од снимките се слушаат истрели во самата колиба, при што се гледа и пожарот во објектот. На 2 февруари веќе нема траги од луѓе и возила во периметарот на колибата.
На некои од снимките се гледа и секојдневието на ренџерите, како и пристигнувањето или заминувањето на џиповите што ги користеле. Кадрите прикажуваат и ритуал, во кој учесниците клекнуваат и се поклонуваат до земја, упатувајќи благодарности и молитви.
Регион
Вучиќ се сретна со Макрон: Разменивме мислења за улогата на Србија и Франција во новиот свет што се создава
Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска, за време на посетата на Индија, се сретна со францускиот претседател Емануел Макрон.
„На другиот крај на светот, во Њу Делхи, со пријателот Емануел Макрон секогаш срдечно и во добро расположение, особено по исклучителната вечера што ни ја приредија љубезните домаќини“, напиша Вучиќ на Инстаграм и додаде:
„Иако немаше време за сериозни и тешки теми, искористивме неколку моменти да размениме мислења за самитот во Индија и за местото и улогата на Србија и Франција во новиот свет на чие создавање сме сведоци.“
View this post on Instagram
Во текот на денот, претседателот Вучиќ имал почесно место на вечерата во Њу Делхи што ја организирал индискиот премиер Нарендра Моди. На свечената вечера за светските лидери, Вучиќ седел покрај францускиот претседател Емануел Макрон.
Свет
(Видео) Невреме ја погоди Романија: 200.000 домаќинства без струја
Поради обилен снег и дожд што ја зафатија Романија, околу 200.000 домаќинства останале без електрична енергија, изјави министерот за енергетика Богдан Иван, пренесе Ројтерс.
Невремето предизвикало сериозни проблеми во сообраќајот, со блокирани автопати и државни патишта, како и доцнења на десетици возови. Во Букурешт, каде што снежната покривка достигнала 40 сантиметри, јавниот превоз се одвива отежнато. Поради паднати дрвја бил прекинат патниот и железничкиот сообраќај, а училиштата се затворени во повеќе градови.
Due to heavy snow last night, expect delays & cancellations at Bucharest OTP airport today, February 18. So far:
Dan Air 508 Dublin – Bucharest will land in Craiova
Qatar Airways 219 from Doha will land in Athens
TK has cancelled flights 1043/1044 IST-OTP-IST@flightradar24 pic.twitter.com/ccmAYpj7ZO— Aeronews (@AeronewsGlobal) February 18, 2026
Од погодените 200.000 домаќинства, снабдувањето со струја било обновено за околу 86.000, додека проблеми се регистрирани во 266 населени места.

