Свет
Шојгу: За украинските борци што ќе го предадат оружјето, ќе се ослободи коридор за да бидат со своите семејства

Рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, им нареди на сите команданти на руските сили да се однесуваат со почит кон украинските војници, изјави портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков.
„Војниците на вооружените сили на Украина, за разлика од националистите, дадоа заклетва пред украинскиот народ и извршуваа наредби“, пренесува „РИА новости“.
Како што истакна, за сите борци на вооружените сили на Украина, кои ќе го положат оружјето, неопходно е да се обезбедат безбедни коридори за напуштање на зоната на дејствување за да може да се обединат со своите семејства.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Тепачка, димни бомби: бурен почеток на седницата во собранието во Србија

Хаос избувна денеска на седница на српскиот парламент кога се степаа пратениците на власта и опозицијата, пишуваат српските медиуми.
Пратениците фрлаат димни бомби. Салата е полна со чад. Претседателката на парламентот, Ана Брнабиќ, која реагира на чадот во салата, рече дека седницата мора да се прекине.
Пратениците меѓусебно се туркаа, удираа, фрлаа вода, а подигнат беше и транспарент на кој пишува „Србија се крева за да падне режимот“.
Во Собранието пристигна министерот за полиција, Ивица Дачиќ.
Според најавите, треба да биде констатирана и оставката на премиерот Милош Вучевиќ, која ја поднесе на 28 јануари.
Пратеникот на СНС, Миленко Јованов, предложи точката за разрешување на претседателката на собранието, Ана Брнабиќ, да се симне од дневен ред. И покрај негодувањето на опозицијата, владините пратеници го усвоија овој предлог.
„Почитувани пратеници, ова собрание ќе продолжи да работи. Барам пратениците од мнозинството да се вратат во своите фотелји, треба да донесеме закони. Имаме работа, Србија никогаш нема да застане. Седнете и ајде да работиме. Ваква Србија никогаш нема да победи“, рече претседателката на собранието, која, поради димот, се закашла и не можеше да зборува.
Свет
Џеј-Ди Венс: Најдобра гаранција за безбедноста на Украина е економска соработка со Америка

Потпретседателот на Соединетите Американски Држави, Џеј-Ди Венс, синоќа изјави дека давањето на Американците економска можност во иднината на Украина ќе послужи како најдобра безбедносна гаранција и дека тоа треба да се направи.
„Ако сакате вистински безбедносни гаранции, ако навистина сакате да се осигурите дека (рускиот претседател) Владимир Путин повторно нема да ја нападне Украина, најдобрата безбедносна гаранција е да им дадете на Американците економска можност во иднината на Украина“, рече Венс мислејќи на договорот за минерали предложен од претседателот Доналд Трамп.
Тој смета дека „тоа е многу подобра гаранција за безбедност од 20.000 војници од некоја случајна земја која не била во војна 30 или 40 години“.
Претседателите на Соединетите Американски Држави и на Украина во петокот се вклучија во жестока дебата во Овалната соба, при што Трамп и потпретседателот Џеј-Ди Венс постојано го напаѓаа Зеленски обвинувајќи го дека е неблагодарен за годините американската воена и економска помош за воено разурната Украина.
Свет
Туск: Полска е побезбедна кога Украина може да се одбрани

Суверена, прозападна Украина, која може да се брани, значи и посилна и побезбедна Полска, изјави денеска полскиот премиер Доналд Туск по одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ја прекине воената помош за Украина.
„Во политичките превирања и растечкиот хаос тоа значи најмногу. Оној што ја доведува во прашање оваа очигледна вистина придонесува за триумфот на рускиот претседател Владимир Путин“, напиша Туск на платформата Х, пренесе „Ројтерс“.
Портпаролот на полското Министерство за надворешни работи, Павел Врноски, денеска изјави за новинарите дека Трамп ја донел одлуката да ја прекине помошта за Украина, без да се консултира со сојузниците.