Свет
Јапонија не се подготвува за одложување на Олимпијадата

Јапонија не се подготвува да ги одложи Летните олимписки игри во 2020 година, изјави портпаролот на јапонската влада, Јошида Суга, истакнувајќи дека земјата е решена да биде домаќин на најголемата спортска манифестација во светот и покрај пандемијата на коронавирусот.
Тој рече дека јапонската влада ги продолжува подготовките за Олимпијадата од 24 јули до 9 август, како и дека тесно соработува со организации, како што е Меѓународниот олимписки комитет, пренесува „Ројтерс“.
„Ние не преземаме никакви измени за одложување на Игрите“, рече Суга во парламентот одговарајќи на прашањето дали владата прави планови за откажување или одложување на натпреварот.
Јапонскиот премиер, Шинзо Абе, изјави дека земјите на Г7 се договориле целосно да ја поддржат Олимпијадата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
„Јас сум најискусен“: Зеленски за напуштањето на функцијата

Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека сè уште не смета дека е можно да ја напушти функцијата украински претседател пред крајот на војната.
– Јас сум најискусен. Можеби не и најдобар, секогаш има подобри луѓе, но најискусен – рече тој во интервју за „Скај њуз“. Во исто време, тој истакна дека е подготвен да ја напушти владата врз основа на резултатите од изборите, но не прецизираше кога би можеле да се одржат.
Претседателските овластувања на Зеленски официјално истекоа пред повеќе од една година, на 20 мај 2024 година, но изборите сè уште не се одржани, бидејќи Киев тврди дека тоа е невозможно до крајот на вонредната состојба.
Зеленски, исто така, рече дека се надева дека ќе разговара со Доналд Трамп на самитот на НАТО во Хаг.
„Да, одам“, рече Зеленски во интервју за „Скај њуз“, кога беше прашан дали очекува средба со Трамп на претстојниот самит на алијансата. „Не знам што ќе се случи. Тимовите работат, ајде да одиме.“
Тој избегна одговор на прашањето дали се подготвуваат сериозни преговори или само разговор, велејќи дека сега се дискутира времето на можна средба со американскиот лидер.
Свет
Силен земјотрес во Турција

Земјотрес со магнитуда од 4,5 степени според Рихтеровата скала беше регистриран во вторник, 24 јуни 2025 година, во 06:09 часот наутро, во централна Турција.
Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал во област со географски координати на географска ширина 38,0272 и географска должина 36,1792.
Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 7 километри под површината на земјата.
Досега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат ситуацијата.
Свет
Израелскиот министер за одбрана: Наредив силни напади врз Техеран

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац штотуку објави дека им наредил на Израелските одбранбени сили (ИДФ) силно да одговорат на она што го нарече кршење на договореното примирје од страна на Иран, пренесуваат медиумите во регионот.
„Наредив на ИДФ силно да одговори на кршењето на примирјето од страна на Иран со интензивни напади врз режимски цели во центарот на Техеран“, рече Кац во соопштението.
Иран, од друга страна, сè уште не потврдил дека извршил нови напади.
Иранскиот министер за надворешни работи претходно изјави дека неговите напади ќе престанат само ако Израел го стори истото.